Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Па да,нека се менуваат секоја недела ако треба.Нека се види дека ситуацијата е алармантна и на народот му е преку глава.Само така ке го поправат тоа што не чине.
абе пријател. што се однесува до мене нека нема и никаков министер! и онака знаеме шо работат и колкави плати земаат ама не се работите како што ти или јас само ги гледаме. кога би се менувале на секоја недела министри ке бида ХАОС во цела администрација. нема да се знае кој е за што е и така натака. мислам... несакам некој погрешно да ме свати демек бранам партиски цели или дека ја бранам министеркава - едноставно кажувам дека некои работи не се баш како што изгледаат на прв поглед и пред се теба убаво да се разгледаат од секоја можна точка па да се оди на чекор понапред.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
ај ке одиме според твоја логика за моралната одговорност и ке менуваме министери на секоја недела.
:eek:

Ти не разбираш. За тебе е тоа мистериозен и трансцедентален концепт.
Одговорност?
За брутално убиство на млад човек со газење под чизми и удирање на главата од клупа дури не умре?
Кој молел за својот живот?
И прикривање на сето тоа од страна на МВР на чие чело е некој кој треба да одговара за постапките на своите вработени, а не да си ги сучи брковите?

Абе ајде...за ваква ситница и секојдневен настан, некакви си оставки...ццц...луѓе во кофи се давеа па никому ништо, а овде за едно манијакално убиство барале оставка луѓето...пффффффф.......а бил а не бил, уште скоро 2 милиони не има тука, голема работа...
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
имам едно прашање што се случи со сигурносните камери кој ги ставија на секој чекор со цел да бидеме побезбедни што снимиле камерите дали има или нема соучесници во случајов ?!?
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Ајдеее, банални работи најдовте да дискутирате а темава е ептен опширна. Не е ова судење на Че Гевара и слично. Продолжете со дискусијата околу темата.

 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Котевски: Нема соучесници во претепувањето до смрт на Мартин Нешкоски

Портпаролот на МВР, Иво Котевски негира дека имало соучесници во убиството на младиот Мартин Нешкоски. Според МВР полицајците што се нашле на местото на настанот, дошле подоцна и не го виделе Игор Спасов како го претепува до смрт момчето. Изјавите на очевидците се спротивни на ова тврдење. Според нив, двајца полицајци во цивилка и двајца униформирани полицајци заедно со сега осомничениот го освестувале Мартин Нешкоски. Нејасно е зошто тие утредента не пријавиле дека детето е претепано, иако обдукцијата потврди знаци на физичко насилство. Од МВР знаат за лицето што било сведок и што му помогнало на Игор Спасов да го пренесе претепаниот до смрт Мартин на клупата во близина.

- Знаеме за кое лице се работи. После два дена од убиството даде изјава во полиција и призна дека присуствувал на местото на настанот. Човекот е вработен во државна компанија, но идентитетот му го чуваме во тајност, вели Котевски.

Зошто тоа лице не го пријавило случајот веднаш, иако знаело дека постоел, не е познато. Нема одговорност и отставка од надлежните институции иако стотици граѓани на вчерашниот протест тоа го побараа. За Котевски, вината во доцнежното пријавување на случајот била во вештакот од Судска медицина. Дека обдукцијата на телото била завршена уште во понеделникот околу пладне потврди судијата што ја вршеше обдукцијата на починатиот Нешковски, а според него, на обдукцијата присуствувале и лица од МВР. Веднаш потоа, околу 13 часот Котевски на прес конференција негираше постоење на случај на брутално претепување.

http://www.plusinfo.mk/vest/4753/Kotevski-Nema-souchesnici-vo-pretepuvanjeto-do-smrt-na-Martin-Neshkoski
Па самиот Иво Котевски е соучесник во прикривање на убиството, закочување на истрагата со ширење лаги во јавноста и злоупотреба на службената должност.
Оставка е најмалку што треба да го добие овој (не)човек.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.745
Поени од реакции
27.744
Нејасно е зошто тие утредента не пријавиле дека детето е претепано
мене ми е повеќе од јасно
за некои ситни криминали, да направи некој другар/колега мој и јас не би го пријавил

за голема ствар како претепување во смрт би пријавил но сепак кај нив работи недостатокот на интелигенција, помислата дека се на власт и можат да заташкаат што било и тоа е тоа.
 
T

Tetro

Гостин
за голема ствар како претепување во смрт би пријавил но сепак кај нив работи недостатокот на интелигенција, помислата дека се на власт и можат да заташкаат што било и тоа е тоа.
ТОЈ ШТО ЌЕ МУ ПОМОГНЕ НА СТОРИТЕЛ НА КРИВИЧНО ДЕЛО за кое е пропишана казна доживотен затвор - ќе се казни со затвор од една до 10 години (чл. 365, ст.3 од Кривичниот законик на РМ)

И Иво не е за жалење. После изјавата дека немало соучесници (дава лажна изјава со цел да прикрие криминално дело) треба и тој да си сноси одговорност.
 
Член од
6 јуни 2011
Мислења
52
Поени од реакции
25
имам едно прашање што се случи со сигурносните камери кој ги ставија на секој чекор со цел да бидеме побезбедни што снимиле камерите дали има или нема соучесници во случајов ?!?
Ова и по мене може да биде клучен доказ. Изгледа не им текнува на новинарите да го сопнат котевски со то, ама пак може да каже дека се разгледани и не постои снимка од чинот.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ова и по мене може да биде клучен доказ. Изгледа не им текнува на новинарите да го сопнат котевски со то, ама пак може да каже дека се разгледани и не постои снимка од чинот.
Он може што сака да каже,но тој видео запис ќе се појави некаде.Потоа смртна казна ќе бараме за цело раководство во МВР.
 

Bidikov

Server guru
Член од
25 јануари 2005
Мислења
2.680
Поени од реакции
693
Фамозните камери не работат колку што знам седат само како убава декорација по улици и бандери ...
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Ако некој дава акцент дека не е политизиран дали тоа значи дека навистина е неполитизиран?Мене и несмее никој да ми забрани јас да носам знаме со ликот на Гоце Делчев.Кај нас луѓето протестираат по улица затоа што тоа го виделе на телевизија, и ај и ние да бидеме у тренд.Затоа носат Чегевара знамиња,а како што знаеме и Чегевара е УБИЕЦ,а скандирааат УБИЦИ!!
1.A ако некој тврди дека протестот е политизиран, дали тоа значи дека навистина е политизиран?
2.Луѓето излегоа на протест бидејќи им е преку глава од празноглави битанги кои се дрзнуваат да изигруваат богови и убиваат,понижуваат и малтретираат луѓе без последици, само затоа што тие битанги успеале да се вработат во МВР.
За ликот и делото на Че Гевара нема да коментирам, не е тоа темата,ама наместо да бистриш политика, добро би било да поработиш на твојата писменост.Мислам, упорно го пишуваш Чегевара?!
 
Член од
21 мај 2011
Мислења
165
Поени од реакции
77
mi
:eek:

Ти не разбираш. За тебе е тоа мистериозен и трансцедентален концепт.
Одговорност?
За брутално убиство на млад човек со газење под чизми и удирање на главата од клупа дури не умре?
Кој молел за својот живот?
И прикривање на сето тоа од страна на МВР на чие чело е некој кој треба да одговара за постапките на своите вработени, а не да си ги сучи брковите?

Абе ајде...за ваква ситница и секојдневен настан, некакви си оставки...ццц...луѓе во кофи се давеа па никому ништо, а овде за едно манијакално убиство барале оставка луѓето...пффффффф.......а бил а не бил, уште скоро 2 милиони не има тука, голема работа...
Ne mi se veruva deka ova moze da go napise nekoj!?Ami ako toa mu se sluci na nekoj tvoj,ne daj Boze?Ili tebe
ccccc Covek li si ti??????
--- надополнето: Jun 11, 2011 6:58 PM ---
искрено да ви кажам во ваква држава ми е страв да живеам
I mene mi e strav da ziveam vo vakva drzava!
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
mi
Ne mi se veruva deka ova moze da go napise nekoj!?Ami ako toa mu se sluci na nekoj tvoj,ne daj Boze?Ili tebe
ccccc Covek li si ti??????
--- надополнето: Jun 11, 2011 6:58 PM ---

I mene mi e strav da ziveam vo vakva drzava!
Мислам дека беше саркастичен човекот, ако грешам стварно нема срце.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom