Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Крива е што незнае да ги доведе во ред. Да има санкции и за најмало малтретирање што ке го прават ќе видиш како одма ќе се намалат ваквите случаеви. На пример ако некој алфа ти мавне шамар и откако го пријавиш му скинат плата или го суспендираат, следен пат нема да се осмели да мавне шамар , а не па да претепа некој до смрт. А не сега оди пријави во станица дека те малтретирал некој Алфа , ќе ти кажат џабе пријавуваш и затоа они си тераат вака насилнички - никој не ги санкционира
апсолутно се согласувам со тебе. едноставно се штитат помеѓу себе и тоа сите го знаеме убаво би било кога лично би можел да и пише некој на министерката ИЛИ на претпоставените таму кој им се на алфи тигри и што ти ја знам нели си имаат они командири. и да не им скине нешто.. туку 50% од плата па тогаш најуабво ке знаат како да пристапуваат. кажав и претходно во темева и па ке кажам - сите полицајци се поставени на должност да го спревоедуваат законот со приведување казнување и опоменување. а со бруталности како вреѓање омаловажување или тепање во краен случај НЕ!. баш би сакал да профункционира нешто асално у македонијава ама работиве некако се наназад одат. напед несакаат ни да слушнат за да се помрднат !
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Ај сеа цајканот нека се пријави кој е и да биде казнет со незнам колку % од платата поради невнимание. :sneaky:
На страна тоа што таков настан не се случило, а кон протестирачите биле фрлени неколку стаклени шишиња од зградите.
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Прашав претходно,кои се конечните барања од протестот?Што преформулиравте вчера во 12 часот?

Инаку,срам за џандарите.Убаво им свиркаа во Битола: Џандари-педери!Изгледа само тоа го заслужуваат....но кога ке размислам подобро...зошто да ја вреѓам лгбт популацијата во Македонија заради нив?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Да речеме дека го украле, хипотетички - еве колку е способна полицијата да осигура еден ебан пиштол од топла.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Да речеме дека го украле, хипотетички - еве колку е способна полицијата да осигура еден ебан пиштол од топла.
Овој збор почна да ме асоцира на нешто подмолно :D

А јас ако не се лажам, срам е џандарот да ја изгуби значката или пиштолот, па сеа видете вие кои заебанции му ги праат у станица :P
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.096
Поени од реакции
74.904
После Рамстор (кај чешмичката карши старата железничка) кога се упатуваше толпата накај Сообрание, еден од џандарите на радио изјави „Повикајте засилување, собираат камења и напаѓаат“, а баш НИШТО не се случуваше, за тоа еден од припадниците на толпата му дојдеи му кажа да не измислува глупости, по што следеше дебилно вадење од страна на џандарот. Сето ова се случи 2 метри од мене. Срам да им е што паѓаат на толку ниско ниво, кога ќе речеш дека ова е врвот во дебилизмот до кој ќе стигнат, успеваат да те фасцинираат од тоа колку уште поголеми дебили можат да бидат.
Пред Рамстор од една од зградите некој не гаѓаше со две стаклени шишиња. Тогаш само настана мала мешаница па може затоа се вознемириле :)
Али никој не собирал камења за да напаѓа, туку тие што бевме во тој дел се стрчавме накај зградата и толку...
 
Г

Грејвдигер

Гостин
А јас ако не се лажам, срам е џандарот да ја изгуби значката или пиштолот, па сеа видете вие кои заебанции му ги праат у станица :p
Финтата е што такво нешто не се десило.

Откако лицата му се приближиле, едно од нив го удрило во пределот на десната нога, односно на задниот дел од коленото, додека другите лица го турнале, по што полицаецот изгубил рамнотежа и пробал да се фати за трафиката за да не падне.

Во тој момент лицата почнале да го фаќаат за половината, при што му го извлекле пиштолот, а потоа се разбегале во непознат правец.
:ROFLMAO::ROFLMAO:

Извор: InPress
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
303
Поени од реакции
247
не ве сваќам вие што барате оставка од министерката... што е она тука крива и должна што некој кретен незнае да си ја врши работата? ако си ти на најзино место и некој полицаец незнае да си ја заврши асално работата ТИ ли треба да дадеш оставка или она? ај на ова одговори ми ? ако секој министер кај нас поденсува оставка за вакви рботи тогаш ке треба секоја недела да имаме нови министери за образование за медицина министер за внатрешни работи и така натака... дај прекинете со овие оставки аман веќе размислувајте со своја глава не со туѓа
Во спортот пример, ако некој играч од тимот не знае да „си ја врши работата“, ќе биде изменет. Ама ако цел тим „ не знае да си ја врши работата“ се бара оставка од тренерот. Според тебе, што е крив тренерот ако тимот губи?

И да, ако треба и секоја недела ќе имаме оставки, се додека не се воведе во ред државава трула, ама со размислувања „иако не чини, не треба да се дава оставка“ ќе имаме само една ситуација, бааги парадоксална. „На Истокот - Див Запад“.

Затоа, сите што ја оправдувате хиерархијата, подобро не зборувајте ништо.
Ако не треба да се бара кривица „таму горе“, тогаш... зошто БРЕ ни се потребни министри, заменици министри, заменици на замениците на помошникот министер? Зошто ни се?

Знам зошто ни се...

За да се фалат како тоа успешно спроведуваат реформи. Знаеш, кога нешто функционира пофалбите се на нивна адреса. Кога нешто е по ѓаволите погрешно, тие немаат никаква одговорност, нели?

мене ми е особено криво што младината наша по секоја цена гледа да ја одбрани хиерархијата во Македонија.
Како може тоа да е реалност, Бог знае.
Во Прага студенти живи се палеа, во Гдањск стоеа спроти тенковите на СССР, а овде ја оправдуваат министерката.

God bless...
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Време


сабота, 11 јуни · 17:30 - 22:00



Локација
младински парк, велес



Создадено од
Martin Kocev



Дополнителни информации
Правда за Мартин!
Намалување на полициската моќ и контрола!
Зауздување на Алфите и другите припадници на специјални единици, во спротивно нивно распуштање!
Стоп на полициската бруталност!

Сите во 17:30ч во младински.Share-увајте го ивентов, викајте луѓе, мора да сме масовни!
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Пред Рамстор од една од зградите некој не гаѓаше со две стаклени шишиња. Тогаш само настана мала мешаница па може затоа се вознемириле :)
Али никој не собирал камења за да напаѓа, туку тие што бевме во тој дел се стрчавме накај зградата и толку...
Знам, знам присуствував :) И позади зградата на Сет некој маваше со јајца. Кажувам само како подмолно измислуваат работи само за да го оцрнат протестот. Срам треба да им е...
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Знам, знам присуствував :) И позади зградата на Сет некој маваше со јајца. Кажувам само како подмолно измислуваат работи само за да го оцрнат протестот. Срам треба да им е...
За мавање со јајца викаат засилување?Кој тиит им е на џандарите?Напиша некој погоре:таман ке помислиш дека го достигнале врвот на својот дебилизам,тие продолжуваат да те фасцинираат...



Time

Monday, June 13 · 6:00pm - 8:00pm



Location
Плоштад "Слобода"- Штип



Created By
Стоп за полициската бруталност, Чак Норис



More Info
ГОЛЕМА МАСОВНОСТ !!!
Да го покажеме нашиот револт од полициската бруталност ( претепан до смрт 22 годишен скопјанец) со МИРЕН протест кој ќе започне во 18.00h пред плоштад "Слобода"- Штип и ќе завшри пред полициската станица во Штип.
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
За мавање со јајца викаат засилување?Кој тиит им е на џандарите?Напиша некој погоре:таман ке помислиш дека го достигнале врвот на својот дебилизам,тие продолжуваат да те фасцинираат...

Time

Monday, June 13 · 6:00pm - 8:00pm

Location
Плоштад "Слобода"- Штип

Created By
Стоп за полициската бруталност, Чак Норис

More Info
ГОЛЕМА МАСОВНОСТ !!!
Да го покажеме нашиот револт од полициската бруталност ( претепан до смрт 22 годишен скопјанец) со МИРЕН протест кој ќе започне во 18.00h пред плоштад "Слобода"- Штип и ќе завшри пред полициската станица во Штип.
Работата е што некој од надвор маваше врз толпата со јајца, а џандарот викаше обезбедување дека толпата собира камења што врска немаше. Јас го пишав тоа погоре со дебилизмот :D
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Работата е што некој од надвор маваше врз толпата со јајца, а џандарот викаше обезбедување дека толпата собира камења што врска немаше. Јас го пишав тоа погоре со дебилизмот :D
A jaс помислив дека некој од толпата мавал...излезе сега дека цајканите маваат врз протестантите,а не обратно како што е во повеќето држави.Но, се гордеам со младината која излегува на протес мирно.Секој може изреволтиран да направи неред, но да се насочи правилно револтот е потешко.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom