Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
19 август 2010
Мислења
4.091
Поени од реакции
10.111
Cek be zaso pisuva vo poston pogore( vo onoj za VIP) deka natprevarte se igraat u Kale??
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Лазаров: Дуелот со БиХ дома - вовед за ЕП во Србија


По триумфот во Естонија нашите ракометари сами ја завршија работата и останува уште в недела во спортскиот центар „Борис Трајковски“ заедно со бројната армија навивачи да го прослават пласманот на Европското првенство
Македонската машка ракометна репрезентација е пред пласман на Европското првенство во Србија што ќе се одигра во јануари 2012 година.
По триумфот во Естонија нашите ракометари сами ја завршија работата и останува уште в недела во спортскиот центар „Борис Трајковски“ заедно со бројната армија навивачи да го прослават пласманот на Европското првенство.
На денешната прес конференција, иако изморени од долгиот пат од Естонија репрезентативците беа видно расположени.
- Најважниот натпревар го одигравме најдобро. Естонците не беа слаби, колку што ние бевме добри. Математички сеуште не сме пласирани на Европското првенство во Србија. Тоа може да се случи и пред нашиот дуел со Босна и Херцеговина, доколку Естонија не ја победи Унгарија на нивни терен. Сепак, тоа нема да биде пречка да одиграме добар натпревар со Босна и Херцеговина и заедно со нашите навивачи да славиме, истакна капитенот Кирил Лазаров.
Според него, ова треба да биде добар вовед за ЕП во Србија.
Непријатни моменти од дуелот во Полва со Естонија има и нашето десно крило Владимир Темелков, кој кон средината на првото полувреме се повреди (полесен потрес на мозок). Но, селекторот Ѕвонко Шундовски уверува дека тој ќе биде во тимот.
- Темелков имаше тежок пад. Вечерва ќе ја видиме неговата состојба. Но, тој секако ќе биде во тимот, рече Шундовски.
Почетокот на натпреварот в недела е во 20:15 часот, а дуелот меѓу Унгарија и Естонија од групата 1 се игра, исто така в недела, но во 12:15 часот.
Пласман на Европското првенство од седумте квалификациони групи досега изборија: Унгарија (група 1), Хрватска и Шпанија (група 2), Шведска и Словачка (група 4), Германија (група 5), Норвешка (група 6) и Данска и Русија (група 7). Другите пет места ќе бидат пополнети в недела по одигрувањето на натпреварите од последното 6. коло од квалификациите
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.418
Поени од реакции
8.542
Ajde ako mozi nekoj da ja najdi utakmicata so ermenija na net ili snimka na dvd ili bilo kako ;) fala unapred (y)
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.010
Поени од реакции
5.666
Од колку работи билетарата... си купив карти од купикартизасе, па да одам да си ги подигнам.
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Во колку часот почнува натпреварот против Босна?
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.917
Од колку работи билетарата... си купив карти од купикартизасе, па да одам да си ги подигнам.
Jaс кога отидов не работеше билетарата туку одма карши неа има ко штанд на купикартизасе и од таму купив карти .. Они ги продаваат така да кое било време можеш да одиш ....
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Jaс кога отидов не работеше билетарата туку одма карши неа има ко штанд на купикартизасе и од таму купив карти .. Они ги продаваат така да кое било време можеш да одиш ....
Бабина им, вчера не работеа, празник било...

а и мораа со ова со ВИП да заебат сеа баш кога има интерес...
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.010
Поени од реакции
5.666
Jaс кога отидов не работеше билетарата туку одма карши неа има ко штанд на купикартизасе и од таму купив карти .. Они ги продаваат така да кое било време можеш да одиш ....
Ги земав од кај Литиум во центар... Сепак фала на одговорот...

Бабина им, вчера не работеа, празник било...

а и мораа со ова со ВИП да заебат сеа баш кога има интерес...
Абе шо да ти кажам интерес, глеам се тепаат пред салата за карти... празна е билетарата, никој не чека за карти, чат пат по некој ќе помине.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Абе шо да ти кажам интерес, глеам се тепаат пред салата за карти... празна е билетарата, никој не чека за карти, чат пат по некој ќе помине.
Па и сеа ако не ја наполниме салата... :rolleyes:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Мизерен народ сме да дојде некоја екипа од надвор одма ќе се наполни салата не сум баш сигурен со овие што се раздадени по ВИП ама би требало да има над 3500 гледачи.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Направија глупости со кариве и ВИП и сите нема по другиве градови само во Скопје затоа салата нема шанса да се исполни може да се исполни ако вака ѓи флаат за без пари а има многу останати луѓе кој што сакаат да отидат а не можат поради тие глупости.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom