NBA Сезона 2010/2011

  • Креатор на темата Креатор на темата D-Wade
  • Време на започнување Време на започнување
Иако мој идол во кошарката е Коби, реално гледано земено се во предвид од статистики, освоени титули, лидерство, до превземање одговорност врз себе во решавачки моменти, според мене вака стојат работите помеѓу тројцата:

Џордан - 50%
Коби - 40%
Леброн - 10%
 
Еве споредба на MJ и Коби...

mj-kobe-sporedba.jpg


Значи Џордан има околу 30 поени по меч, а Леброн во својата кариера има околу 27 поени по меч... Ако на тоа се додаде и фактот што Џордан изигра две сезони на околу 40 годишна возраст (и притоа си ги расипа просеците) се гледа кој е кој.
 
Иако мој идол во кошарката е Коби, реално гледано земено се во предвид од статистики, освоени титули, лидерство, до превземање одговорност врз себе во решавачки моменти, според мене вака стојат работите помеѓу тројцата:

Џордан - 50%
Коби - 40%
Леброн - 10%
Титули Коби иако има освоено 5, главен виновник за првите 3 беше Шек. Коби у позадина беше. Ако гледате сите според титулите Роберт Хори има 7 па никад не бил лидер. Статистика очигледно исто не пратиш. Коби има многу послаб процент на реализација и од Џордан и од ЛеБрон. Исто постои и player efficiency rating каде Коби далеку е од најдобрите. Посебичен е. Лани Гасол да не беше Лејкерс ќе го лапнеа. И тоа ли е лидер? На решавачка утакмица се посра. Кажи ми кога на Џордан му се случило тоа. И како можете да не пратите историја на НБА и да се рачунате фанови? Па сигурно пред Коби би ги ставил Меџик Џонсон, Лери Брд, Вилт Чембрлен, Бил Расел, Карим Абдул Џабар. Кажи ми знаеш ли колку утакмици во плеј оф Коби решил во последни моменти? ЕДНА САМО ХАХ. Ако не ми веруваш провери. Само против Портланд. Само финтата со Коби е откако Ем Џеј ојде у втората пензија сите сакаа играч како него да има сеуште во лигата. И опадна популарност на НБА наредната сезона откако се пензионираше the g.o.a.t. И тактика за да не опадне популарност Коби како атрактивен играч, доста атлетски, со слична висина, позиција на Ем Џеј го направија новиот Џордан. Само тоа ретко кој го сфаќа. Што мислите зошто стероидите толку многу се допуштаат во секој спорт. Бидејќи им е гајле на одговорните. НЕ, напротив, тоа го прават намерно за да се добие популарност и луѓето да викаат wow како е тоа можно, да има уште поголема атракција, физичките карактеристика да дојдат уште повеќе до израз. Синоним за доминација во друг спорт се користи "како Џордан во кошарката". Е до толку е НАЈДОБАР.
 
Мислам дека не би требало да се гледа јачината на еден играч само поред просекот на поени. Коби поголемиот ден од својата кариера покрај себе го имаше Шек, играч кој исто така постигнуваше над 25 поени во просек, значи и Џордан да го имаше Шек во тимот немаше да има 30 поени во просек. Со ова не сакам да кажам дека Коби е подобар од Џордан, но не е појак Џордан заради статистиката, едноставно човекот ја играше најдобрата кошарка, но Коби не е толку далеку.

А за Леброн со статистиката слична е приказната, во Кливленд тој немаше соиграч со кој ќе ги делеше поените, па затоа и тој го има тој просек на поени што го има. Башка тоа што Леброн да ги имаше физичките предиспозиции на Џордан и Коби немаше ни да го споредуваме со нив двајца, без неговата физичка сила тој ќе беше барем 30% послаб кошаркар.

Значи јас јачината на еден играч ја гледам според кошаркарското знаење и умеење (а тоа се гледа на терен а не во статистика).
--- надополнето: Jun 5, 2011 1:09 PM ---
Како бе тоа главен виновник за 3те титули е Шек, и сега ако беше Шек сам, без Коби, демек пак Лејкерс ќе беа 3пати по ред шампиони? Стварно не знам како доаѓате до тој заклучок.

За Гасол сите велите дека е дрво невидено, сега па тој ако не бил немало да ги биде Лејкерс, абе ај не се заебавај.

Значи никаде јас не реков дека Џордн не е најдобар на сите времиња, но не е до толку као светлосни години пред Коби.
И зборувајте реално, а не затоа што мразите некој играч, и на мене Леброн ми е никаков ама неможам да кажам дека е слаб играч.
 
Јас го немам гледано Џордан но сите што го имаат гледано ми тврдат и ми имаат потврдено дека Коби е срамно да се спореди со Џордан бидејќи Коби Брајант ниту едно ФИНАЛЕ нема решено сам..значи повторувам..ниту едно ФИНАЛЕ ниту еден битен натпревар нема решено за да можи да се споредува со Џордан кој знаеме како стигна до своите 6 прстени..не му требаше ниту Пипен ни Родман..Џордан беше единствениот и ќе остани долги години таков..за тоа Брајант како стигна до своите 5 прстени знаат и фановите на Лејкерси..и лани против Бостон и пред две години против Орландо ..Фишер и Гасол заедно со Дивјакот му ги донесоа последните два прстени..а за првите три сите знаеме како ги зедоа.......неможите на пример да споредите со Пол Пирс каде во 2008 година кога во финалето го победија Лејкерси секој финален натпревар имаше 35+ кошеви и во битните моменти не ја даваше топката никому....а за кошаркарско умеење можеби Џордан не беше најдобриот ама имаше мадиња колку за сите и одраз како федери на патиките да имаше!
 
1. Секој си е прича за себе и како што кажавте погоре многу е битен делот со соиграчите.Кошарката не е индивидуален спорт.
2.Ви се чудам како не престанете со споредбиве глупи кога неможете ништо да докажете.Гледам никој не го спомнува фактот дека и тројцата играле т.е најдобрите игри ги играат во различни времиња со што и кошарката се менува.Тактиката,динамиката итн.
 
ЛЕБРОН МВП ????
Не ме зарбавај нема шанси мислам додека Вејд е жив у Мајами ТЕШКО.
 
Ќе има ли утакмица бе на МТВ ? Што е ова Тоше песни пуштаат ?
 
Натпреваров можит да заминит во 2 правци
1. Далас ги силува мајами до крај.
2. Мајами направи некој подвиг како далас минатиот натпревар.
 
Chalmers at the buzzer, and what a buzzer beater !!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom