Мислам дека не би требало да се гледа јачината на еден играч само поред просекот на поени. Коби поголемиот ден од својата кариера покрај себе го имаше Шек, играч кој исто така постигнуваше над 25 поени во просек, значи и Џордан да го имаше Шек во тимот немаше да има 30 поени во просек. Со ова не сакам да кажам дека Коби е подобар од Џордан, но не е појак Џордан заради статистиката, едноставно човекот ја играше најдобрата кошарка, но Коби не е толку далеку.
А за Леброн со статистиката слична е приказната, во Кливленд тој немаше соиграч со кој ќе ги делеше поените, па затоа и тој го има тој просек на поени што го има. Башка тоа што Леброн да ги имаше физичките предиспозиции на Џордан и Коби немаше ни да го споредуваме со нив двајца, без неговата физичка сила тој ќе беше барем 30% послаб кошаркар.
Значи јас јачината на еден играч ја гледам според кошаркарското знаење и умеење (а тоа се гледа на терен а не во статистика).
--- надополнето: Jun 5, 2011 1:09 PM ---
Како бе тоа главен виновник за 3те титули е Шек, и сега ако беше Шек сам, без Коби, демек пак Лејкерс ќе беа 3пати по ред шампиони? Стварно не знам како доаѓате до тој заклучок.
За Гасол сите велите дека е дрво невидено, сега па тој ако не бил немало да ги биде Лејкерс, абе ај не се заебавај.
Значи никаде јас не реков дека Џордн не е најдобар на сите времиња, но не е до толку као светлосни години пред Коби.
И зборувајте реално, а не затоа што мразите некој играч, и на мене Леброн ми е никаков ама неможам да кажам дека е слаб играч.