Bibo
Модератор
- Член од
- 9 април 2006
- Мислења
- 4.128
- Поени од реакции
- 3.993
Мислам дека најдобро ќе биде да стартува со Ѓуровски (покрај Шумуликовски и Демири) и во второ полувреме да го замени него со Хасани (како офанзивен играч од среден ред). Ѓуровски и онака нема многу добра кондиција и нема шанси цел натпревар да го одигра на исто ниво, а како резерва во среден ред ќе биде само Деспотовски (али мислам дека би било крајно глупо да го стави него во игра на местото на Ѓуровски и да играме со тројца деструктивци во среден ред) така да мислам дека право решение ќе биде Хасани да влезе во игра на таа позиција! У секој случај уште се нервирам Фетаи што отпадна, он ќе беше најдобро решение како трет напаѓач покрај Пандев и Тричко, вака сеа со Стојков, Наумоски или Савиќ ќе треба да играме на таа позиција а тие сите тројца се тотално бескорисни... Како можеше бе Савиќ да го земе за замена на Фетаи, наместо да го викнеше Александар Трајковски или евентуално Бесарт Ибраими кој искрено многу добро игра откако се пресели во Украина, ах бееее црни Јонузее