Да не пишувам многу, ќе речете се фалам. Само да кажам дека ова што се случува за еден фан на Барса не е нормално. Не можеме ни да се израдуваме. Повеќе се радувам на други работи во животот. Ова стана еден вид рутина(без навреда, не ми е тоа намерата). Веќе како да не ни е интересно да освојуваме титули. Зошто постојано и постојано и постојано и постојано секаде да победуваме, да правиме како да нема противник, без разлика дали играме против Леванте или Манчестер, дали играме веќе решен натпревар или финале. Почнувам да мислам дека ова е заради мене(да звучи не чудно туку глупаво, ама верувам дека сите фанови на оваа Барселона вака се чувствуваат. Многу екипи освојувале титули, ама не на овој начин). Како ова да е наместено, само за да јас или сите фанови на Барса да сме среќни. Верувајте, ова не е нормално. Да живее Барса.
Честитки и до Арсенал, Реал и Манчестер кои успеаа овој пат до титулата да го направат пеколно тежок.