Би отишле ли да живеете на село?

П

Пепси_

Гостин
Ма нема да има јас мислам никаков ефект со тоа што само ќе ги евидентираат. Мора и мора да се знае т.е. стручни лица да кажуваат што и колку да се саде,нормално таму каде што е поволна климата за одредена култура. Незнам која држава вакви закони имаше не ми текнува ич,ама ова мора да се воведе кај нас и да се почитува од страна на земјоделците оти верувам дека ќе има спротиставувања од типот "Ај бе ти ќе ми кажуваш што да садам јас".
 

Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
Досадно е на село бе.. и тие што зборите дека би отишле да седите,ќе избегате за 3 дена ,па дали и толку би издржале
и ја не би можела поише од 3 дена.... што ќе правам во тоа тишините и темниците??? убаво ми е вака
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Има и друг проблем во овој концепт, кој станува јасен ако се пролиста темава...а тоа е дека од 62-3 постови само 2 (два) се од женски членови (ако не се лажам) а и тие се некакво мрчење...дали злокобниот молк на женскиот пол на темава е показател за нивниот целосно негативен став кон можноста за живот на село? А без женишта :) никој не би одел или не би останал кога би се решил на таков чекор, опција е и одење во град по жени но тогаш мора да подлажува, криејќи ја социјалната стигма на чоек од село, грев кој не се покајува никако во очите на женското од градот (каков и да е) ...така да целиот концепт паѓа во вода од старт !?

or not...:tv:
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Има и друг проблем во овој концепт, кој станува јасен ако се пролиста темава...а тоа е дека од 62-3 постови само 2 (два) се од женски членови (ако не се лажам) а и тие се некакво мрчење...дали злокобниот молк на женскиот пол на темава е показател за нивниот целосно негативен став кон можноста за живот на село? А без женишта никој не би одел или не би останал кога би се решил на таков чекор, опција е и одење во град по жени но тогаш мора да подлажува, криејќи ја социјалната стигма на чоек од село, грев кој не се покајува никако во очите на женското од градот (каков и да е) ...така да целиот концепт паѓа во вода од старт !?

or not...:tv:
Што ќе ти е жена кога имаш xnxx.com или redtube.com ?

Мажот може без жена, добро малце ќе се осеќа осамен али у основа ќе нема проблеми, додека обратното-жена без маж не е можно, жена без маж се осеќа како отпад, ќе се поремети тотално.

Затоа ви викам да одиме на село, а жените сами ќе си дојдат. :tv:
 

Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
Мажот може без жена, добро малце ќе се осеќа осамен али у основа ќе нема проблеми, додека обратното жена без маж не е можно, жена без маж се осеќа како отпад, ќе се поремети тотално.
од каде ти дојде до овој заклучок дека жената без мажот не може, а обратното е изводливо???? :pos2::pos2::pos2:
 
A

Auditore

Гостин
Да, би отишол, пред се поради поздравиот живот кој се води доколку живееш на село.
Би отишол пред се поради финансиски причини, и да речеме на моите деца да им обезбедам пристоен живот.Македонија е аграрна земја која нуди доста плодна земја и има услови(климатски) да се одгледуват одредени растенија и слично.
Животот на село може да биде прилично исплатлив доколку се паметно инвестира и се има одредено познавање од економија и земјоделство, првин за да отидеш треба да отидеш во урбанизирано село, под урбанизирано мислам да можеш да приклучиш струја, вода, да има добра инфраструктура, и да одредиш на која гранка од земјоделието ќе се посветиш, да бидеме реални неможеме да одгледувам се и сешто.
Потоа со паметно инвестирање и развивање на бизнисот би можел да спечалиш прилично добра сума на пари, можеби и да станеш еден од лидерите во земјата во таа гранка, и пред се да обезбедиш пристоен живот за своите деца и да знаеш дека ништо нема да им фали, секако сето ова успешно може да се реализира само со пари и подршка од семејството.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
236
Поени од реакции
5
Како прво и основно треба да се нагласи за какво село збориме сите, зашто сите за село имаат претстава како да има 10 куќи со 50 жители и неасфалтирани улици, без амбуланта, кладилници, маркети и др. ама ако збориме за приградските(рамничарските) села, тука е друга приказна, и тие села се викаат села ама има многу голема разлика, имаат интернет, маркети, пошта, школо, кладилници, а населението пола се занимава со земјоделие, поактивно (има засадени ниви) а другата половина си има дома во двор своја бавча, и има пипер, патлиџан, по некое дрво во дворот, а плус луѓето си работат во град и си имаат завршено високо образование(ова важи за помладите генерации), така што зборот ми беше за какво село збориме, не може да се споредува село што е на 15-20 км оддалечено од градот со планинските села што се оддалечени 50 км ;)
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Човекот е меѓу ретките суштества што ја прилагодува средината кон своите потреби. Некој и на пуст остров ќе направи мини рај...додека некој друг и во најсовремената метропола ќе живее како во село. Не е толку битно каде живееш колку што е битно како живееш. Многу наши села се запустени од проста причина што некако надвладеал ставот " ова е село, сите околу мене се прљави, несредени, живеам во село и нема потреба да се трудам нешто да променам"....но не е така....како ќе живееме зависи само од нас.
И во село може добро да се живее....треба да се промени само менталниот склоп...и да се биде отворен кон нови свежи идеи...односно да се заборави она закоренетото " тоа го правел дедо ми, тоа го правел татко ми, тоа ќе го правам и јас"....времињата се менуваат...треба да се смени ме и ние.

И да одговорам на прашањето....ДА би отишол и би живеел...доколку би можел да купам парче земја
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
На светско ниво има ОГРОМЕН недостаток на храна, поради нафта беилаутот огромни земјоделски површини се пренаменуваат за одгледување на биодизелни култури, во подем се "канцелариските работи" никој неќе физичка работа. Никој неќе да се поти на 40 степени сите сакаат под сенка клима да ги дува !!!.
Јас немам проблем со работа и живот на село. Напротив, тоа ми е сон. Дури ни село не ми е потребно ако имам доволно голем ранч (а не пак кладилници, маркети и останати глупости).

Меѓутоа се сретнувам со практичен проблем. Во Аргентина и Еквадор земјата навистина е многу евтина, а пазарот сигурен, и покрај земјоделство се вметнува и сточарството заради квалитетот на месото (иако и тоа сега е дискутабилно).

Сходно, какви поволности нуди Македнија?

Баш ме интересира дали некој знае да каже нешто повеќе за тоа каква стимулација и какви поволности нуди државата и да постави линкови со кредибилни информации.

P.S. Тие што не сакаат на село, дали не сакаат само во Македонија или општо?
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Нема живот таму.. Ако им даваат субвенции. Да појдеш таму некое време да ама да живееш никако..
 
Член од
21 јули 2010
Мислења
37
Поени од реакции
18
Познавав, имав еден куп школски и баш солидно живееја, сега не знам како е со помочанава македонска политика. Али сакам да кажам да имам шанса да преживувам на село ќе одам таму, подобро ќе ми биде од преживување воград :)
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Има и друг проблем во овој концепт, кој станува јасен ако се пролиста темава...а тоа е дека од 62-3 постови само 2 (два) се од женски членови (ако не се лажам) а и тие се некакво мрчење...дали злокобниот молк на женскиот пол на темава е показател за нивниот целосно негативен став кон можноста за живот на село? А без женишта :) никој не би одел или не би останал кога би се решил на таков чекор, опција е и одење во град по жени но тогаш мора да подлажува, криејќи ја социјалната стигма на чоек од село, грев кој не се покајува никако во очите на женското од градот (каков и да е) ...така да целиот концепт паѓа во вода од старт !?

or not...:tv:
еве ти го третиот женски пост и ваљда првиот без мрчење... дефинитивно би живеела на село... као што денеска има све и свашта и бежичен интернет и бум тв и ... поубаво нешто од село нема,... нема некоја дискотека да ти трешти над глава, некој да глуми дека е на рели во 5 сатот сабајле...зеленило, птичурини абе убавини...
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.082
Поени од реакции
588
Во наше село тешко дека ќе отидам, треба уште многу да се работи за да се обезбедат пристојни услови за живот, ама во некое во европските земји уште веднаш.
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
2
Поени од реакции
1
Да живеам на село - сигурно не. Не постојат основните предуслови- здравство, образовни институции, комуникации. Државните субвенции се неопходи но според мене не ја оправдуваат својата намена. Немае зголемување на обработливата површина, не се намалува трговскиот дефицит во делот на земјоделските продукти, квалитетот и структурата на производот е непроменета, приход по хектар е ист. ТРЕБА БРЕ СЕРИОЗЕН ПРИСТАП А НЕ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ НАРЕЧЕНА СУБВЕНЦИЈА.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.352
Поени од реакции
84.575
Ја у ствари и планирам да идам на село да живеам.
Сеа почињам да барам земјиште негде од Струмица до Крива Паланка. Битно ми е да има вода (извор или бунар) на него, по можност и шума.
И пома неам каде тоа има информации за берза на земјишта. По огласи глеам само има за околина на Скопје, а тоа неќу. Више три генерации сум тука, доста ми е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom