Би отишле ли да живеете на село?

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Ајде пиши го, па да размислам :D
Еве бе друже, LED 65 инча HD со surround, FOX Sports Soccer Channel плус сите други европски спортски канали, подрум пун алкохол...Ќе ти викнам и курави од Украина, коа ќе ти скурчи од фудбал. Све на мој рачун. Ај сеа?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Еве бе друже, LED 65 инча HD со surround, FOX Sports Soccer Channel плус сите други европски спортски канали, подрум пун алкохол...Ќе ти викнам и курави од Украина, коа ќе ти скурчи од фудбал. Све на мој рачун. Ај сеа?
Аууууу, па ова не ми текнало ! :D Може!
 
Член од
27 мај 2010
Мислења
20
Поени од реакции
1
mozam da kazam za ovaa tema mnogu raboti
ziveam vo selo 8 km od grad e oddaleceno
novi kuki na ramnina e nema planina daleko od ovde
izleguva na magistrlen pat
seloto broi okolu 300 ziteli
gi imam site uslovi kako vo grad
imam internet
imam kablovska
rabotime zeljodelie
3 hektari oriz
vo gradot do koj sme odaleceni tatko mi ima kuka ima butik za obleka
imam solidna kola
i mnogu drugi raboti koj mnogu vo gradot ne bi mozele da si dozvolat
i zatoa ne pravete muabet na vakvi temi od selo do selo ima mnogu golema razlika pozzzzzzzzzz
 
Член од
1 јули 2010
Мислења
138
Поени од реакции
22
Можеби чисто од економски аспект гледано некои луѓе полесно би се снашле во село,меѓутоа според мене е најголема грешка да ги осудиш децата да растат во таква средина.
Знам дека многу луѓе нема да се согласат со мене демек поздрав е животот во село,чист воздух,помалку нервози и сл.
меѓутоа окружувањето кое ќе го има твоето дете додека расте,вредностите,сваќањата па и другарите нема многу да му помогнат (читај ќе му одмогнат) полесно да се снајде утре во животот.
Мое мислење е дека е убаво да се има некое место надвор од градот за викенди и слично па и да се живее таму на постари години,ама многу полесно ќе му се отворат вратите на твоето дете ако живее во град-во урбана средина.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Имам кажано сто пати и пак ќе кажам, луѓето можат да штедат за се ама за храна не. Затоа земјоделството секогаш ќе биде профитабилно, еве мојот родител се занимава со земјоделство во село (иако живееме во град) и за солидна живеачка има, подобро сигурно од 90% од градов живееме. Наместо да работи за 10-15-тина илјади денари највеќе и тоа со факултет тука испаѓа доста повеќе. Впрочем и самите можете да видите на село ретко се гледа куќа во која нема трактор, кола, мотори, па и добри куќи а во градовите ситуацијата е се поочајна.. единствено може Скопје е нешто подобар од другиве наши градови другите се 0!

Плус сега со субвенцииве е многу добра работа и значително олеснување, тука спаѓа и проектот на владата што дава трактори (а пола цена на тракторот владата го плаќа). Мислам конечно работите тргнаа од мртва точка, само уште да можат да ги стегнат приватните винарии каде што се предава грозјето а каснат со исплати и по скоро 2 години!

Инаку јас не би се преселил да живеам на село но би се занимавал со земјоделство!
Точно.. Лежат доста големи пари во село.. Само има и доста работа.. Не е баш лесно ама кога ќе ти стигнат парите има да си го чешаш гзот..

Исто така треба да се има во предвид и времето.. некогаш може да ти го зафркне целиот вложен труд па да останеш без денар.. али никој неќе на село сите се "градски деца"
--- надополнето: 27 јануари 2012 во 23:46 ---
исто така знам по таткоми.. на 18 години своја куќа во Скопје.. порачан пасат од Германија.. Облека од Италија.. кажете ми за што не вреди работата? најубавите години проживеани во град.. кога имал слободно време се враќал на работа : ) штета немам услови јас истото би го правел..
 
Член од
30 јануари 2012
Мислења
56
Поени од реакции
54
Јас живеам во Охрид, татко ми има приватно сметководствено биро, јас работам трговија со канцелариски материјали, исто приватно. Во преспа имаме овоштарници со јаболка кои ги работиме повеќе како хоби да излезе некој денар плус. Јас 3 години работам приватно, татко ми 20 години, во последно време верувајте да не беа јаболката тотално ќе пропадневме, од приватниов бизнис досега добив само хронична мигрена. Градовите во провинцијата се повеќе и повеќе пропаѓаат, во Охрид секој ден се повеќе дуќани се затвораат, работници се отпуштаат, плати се намалуваат. Луѓето се сведени да живеат од 1 месец туризам, верувајте прашање на време е кога многу ќе почнат да се враќаат на село, не за здрав живот и чист воздух, туку за гола егзистенција.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248

Друже сега и јаболката не одат не се исплати џабе се. И јас истото го работам ама не се исплати.
 
Член од
30 јануари 2012
Мислења
56
Поени од реакции
54
најсмешно е што со оваа смешна откупна цена на јаболката успевам да заработам повеќе отколку со секој ден работење во мојата фирма цела година, ама кога е земјоделието во прашање јас сум оптимист, мислам дека допрва ќе биде многу исплатлива професија.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Да се надеваме дека ќе се крени цената и ќе заработиме повеќе.
 
Член од
30 јануари 2012
Мислења
56
Поени од реакции
54
друже трагедијата е што секаде читаме дека храната поскапува, дека ја има се помалку, а чудна работа како кај нас откупната цена само се намалува од година во година. Не знам дали си запознат ама србите ги продаваат јаболката по минимална цена од 0,4 евра за килограм тоа е околу 25 денари килограм, а кај нас откупната цена се движи од 10 до 15 денари. Од нашиот труд и мака ќарат трговците, ама никој не ни е крив кога не сме сложни. Еве на линков можеш да видиш колку се продаваат јаболката за извоз http://www.21food.com/products/apples-(red,-yelow,-ajdaret.-.-.-.-.-.-)-548397.html, значи ние добиваме 0,2 евра, а после ги препродаваат за 0,5 до 1 евро, нехумано е за големопродажба да имаш преку 100% маржа
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Тоа е најтрагично на наш труд тие заработуваат повеќе од нас. Јас мислам моменталнава цена е поради застојов со негот и невремето насекаде, цел транспорт е блокиран, но напротив би требало цената да се покачи а не да се движи 10 15 денари.
 
С

сашенко

Гостин
Можеби чисто од економски аспект гледано некои луѓе полесно би се снашле во село,меѓутоа според мене е најголема грешка да ги осудиш децата да растат во таква средина.
Знам дека многу луѓе нема да се согласат со мене демек поздрав е животот во село,чист воздух,помалку нервози и сл.
меѓутоа окружувањето кое ќе го има твоето дете додека расте,вредностите,сваќањата па и другарите нема многу да му помогнат (читај ќе му одмогнат) полесно да се снајде утре во животот.
Мое мислење е дека е убаво да се има некое место надвор од градот за викенди и слично па и да се живее таму на постари години,ама многу полесно ќе му се отворат вратите на твоето дете ако живее во град-во урбана средина.
А што е со оние кои живееле на село до 14 години па после доаѓаат во град да живеат за средно да учат и факултет? Културни и паметни деца има и меѓу нив, и вратите им се отвораат и на нив исто.Дури и повеќе од на мрзите градски со дигнати носови до облаци.Ако си ги воспиташ децата и ако ги научиш на здрави навики ке бидат фини и социјализирани луѓе.Многу е погрешно да мислиш дека ако живеат во град од мали ке го добијат тоа повеќе од тие во село.До човекот е, ти живеј и во пештера ама ако си човек секој ке те прифати и ке те почитува.Ако на село ми е поисплатливо и ако имам шанса да почнам некој бизнис со земјоделие мислам дека би одел сега.Не мислев така до пред некое време ама сега мислам дека би отишол..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom