читам преку ред постови, и ви се чудам .. глеам некој одговара: шо ќе праам по тие темници; некои велат немало никакви услови; некои велат немало никаков живот таму - а јас сега ќе ви го докажам спротивното ..
живеам на село ( да не го речам при-градска населба ) и да, не се срамам да го кажам тоа ..бидејки јас моето местенце не го викам село! точно е дека некои рекоа дека од село до село има разлика, а за моето можам да го кажам само следново: СОВРШЕНСТВО.
на 1.8км од центарот на градот, на 1.5км до болницата,на исто толку до градскиот базент, парк и сл. опкружено со продавници, бензинска, преку 1 куќа сите имаат интернет, спортски терени, зеленило на сите страни го прави најубавото место за живеење ..
има околку 1.500-2.000 жители со иселениците, патиштата се тотално асфалтирани,улучно осветлување скоро на секоја улица, ретко кај нема, и речиси да нема стара куќарка .. местото се вика Јакимово, и е во склоп на оштина Виница..
интересни факти се тоа дека, многу од Виничани, доаѓаат да живеат во Јакимово.Да, од ГРАД во СЕЛО. зошто? - Виница е добар град, среден, стуткан, ама нема место каде да се населиш, освен по ридиштата ака. Чеченија, попознато во Виница. Додека Јакимово, се наоѓа на таква прекрасна локација, и погодна за се. за да стасам до Виница, мене ми се потребни 15-20 минути пеш ..
има луѓе кои се занимаваат со трговија,сточарство, и пак ништо не им е потребно освен оваа убавина ..
кој сака да ме посети, бујрум на 29 Август, слава ни е, ем ќе се уверите
пс: тема стриктно за Јакимово,
тука