Би отишле ли да живеете на село?

Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
А шо правиме со можностите којшто ги нуди градот? Повеќе избор,повеќе забава,подобро образование,едноставно подобри услови за живот. И градот има негативни и позитивни страни и селото исто така.Кога би морал да бирам, би одбрал град :) И не би отишол да живеам на село :smir:
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
За правење бизнис и пари би одел.. На пример на секои 2-3 месеца да надгледувам како одат нивите..
И тоа како пари се прават.. Субвенции добиваш што значи многу ќе ти бидат мали трошоците за семе,средства за прскање и слично..
Плус пред да се насади нешто треба да се разгледа што највеќе се бара. А не кога се гледа дека има проблеми со одреден производ луѓето упорно го садат..

Државата давала пари за лозарите да насадат поквалитетни лози,не да садат смедеревка која не чини и неможе да се пласира на странски пазар.Но и покрај тоа луѓето ја садат и после се жалат слабо се продава.. Епа ќе имаш проблеми кога ќе водиш инат на некои работи,и ништо не ти останува освен да го фрлиш.
Ние имаме многу убаво вино ама ја немаме таа амбалажа,промоција и маркетинг да го истакнеме..
Наше вино го купуваат странци за 1 евро литар.Му ставаат етикети маркетинг и све остало и го продаваат по изгор цени..

Ама за живеење не би одел..

Сепак градот е поцивилизирано место..Селата се уште со искршени куќи и земјени патишта..
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Досадно е на село бе.. и тие што зборите дека би отишле да седите,ќе избегате за 3 дена ,па дали и толку би издржале
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Порано викав дека не можам без зуењето на градот, али сеа као би му ја киднал.
Што ти прават годините, секоја година сфаќам како претходната сум бил поглуп...добро е дур сфаќам.
 
lo6ko piratot

безобразно реален
Член од
2 април 2009
Мислења
441
Поени од реакции
56
ako mislis dali bi ziveel vo selo (vo Makedonija) togas NE, a ako mislis dali bi ziveel vo selo (nekoe slovensko, germansko, svajcarsko... i sl.) togas DA.

...imaat podobra infrastruktura ...JBG ...takvi sme nerazvieni :'(

--- надополнето ---

a sto se odnesuva do subvenciite...
Normalno deka site se raduvame koga ke dobieme nekojasi poddrska, bez pritoa da razmislime kako i od kade doagja taa. Jas iskreno bas i nesto ne sum fasciniran od subvenciite ili po konkretno od nacinot na koj istite se delat. Kako prvo tie pari doagjaat od nasiot ni budzet a ne od necij privaten dzeb sto znaci deka za da nekoj od nas dobie subvencii mora da se odvojat javni pari koj prethodno samite veke sme gi dale, a so koj bi mozelo da se napravi nesto popametno, sto isto taka bi stimuliralo povtorno zazivuvanje na makedonskite sela (ko na primer dobar pat, vodovod, zabaven park, nekoja si zdravstvena ustanova...vo zavisnost sto od toa e prioritet).
Bez razlika koja cifra ke si ja dobieme vo nasite presmetki sekogas treba prvo da vlozime nekoi pari (a dali gi imame ili gi nemame???) za po nekoesi vreme (6-7 meseci mozebi i poveke neznam) istite da ni se vratat kako subvencii. Poentata mi e deka nekoj vo momentot mozebi gi nema tie pari za da moze da vlozi vo nekoja si profitabilna dejnost za da moze da proizvede nesto sto vo idnina ke mu bide osnov za da pobara subvencii odnosno da si gi vrati vlozenite pari nazad.

Ova go zboruvam od licno iskustvo zatoa sto vo seloto koe poteknuva eden od moite roditeli imame obrabotliva zemja (mozebi ne e kojznae kolku, 3 hektari) koja taka stoi samo zaradi toa sto nema dobar pat (za drugi uslovi nema da komentiram i jas) i zaradi toa sto kako za pocetok jas licno nemam dovolno pari da otpocnam so proizvodstvo na onaa kultura koja dokolku bi imal uslovi bi ja odgleduval.

--- надополнето ---

A koj toa moznosti ni gi nudi gradot ko grad??? mozebi bucava, zagadenost ili pa moze da uzivas pokraj nekoja prljava reka i da vrtis nekoe prasence na razen??? Za poveke izbor mozebi donekade i si vo pravo, ama ne deka ona sto bi mozelo da go ima vo selata ili na periferijata nema da bide isto tolku zabavno samo zaradi toa sto e izgradeno vo nekoe selo. Ova so obrazovanievo ne mi e malce razbirlivo sto si sakal da kazes, kolku sto znam jas site ucat po isti standardi a toa sto vo skopje ima praven fakultet (ili nekoj drug) a nema vo dojran ili pak sto vo nekoj drug grad ima fakultet za "kosmonauti" a vo skopje nema neznaci deka skopje i dojran se sela.

А шо правиме со можностите којшто ги нуди градот? Повеќе избор,повеќе забава,подобро образование,едноставно подобри услови за живот. И градот има негативни и позитивни страни и селото исто така.Кога би морал да бирам, би одбрал град :) И не би отишол да живеам на село :smir:
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Само да има интернет, би живеел и во село на Андите...
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Колку што можев да прочитам,70% од луѓето што коментираа на оваа тема имаат погрешна представа за селата во Македонија и живеењето на село.

Ако сте биле во село кај баба и дедо во кое има се на се преку сила 30 пензионери тогаш сигурно ви било досадно и не би сакале да живеете таму.

но има и села на кои градот со по 2-3000 жители на кои градот им е потребен само за хитни медицински случаеви.
и на кои земјоделието им е можеби главна гранка но не и единствен начин на заработка.

нормално е дека градовите отвараат повеќе можности за напредување,но и поголем е ризикот нормално.
на село никогаш не можеш да останеш гладен :)

и за крај една поговорка:
Подобро прв во село,отколку последен во град.

поздрав.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Зависи кое село. Има села кои се како мали градчиња, има Интернет, младина, не се далеку од некој поголем град и до него се стигнува преку асфалтиран пат. Има и такви кои се претежно со стари напуштени куќи, немаат канализација, до нив води земјено патче и имаат население од 20-30 луѓе со просек 60 години.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Зависи кое село. Има села кои се како мали градчиња, има Интернет, младина, не се далеку од некој поголем град и до него се стигнува преку асфалтиран пат. Има и такви кои се претежно со стари напуштени куќи, немаат канализација, до нив води земјено патче и имаат население од 20-30 луѓе со просек 60 години.
Е па сеа..., какво ќе си го направиш..дизајнираш и изградиш, села стокмени како ониеСловенските, Австриските или Швајцарските..., не растат на дрво..ниту врнат ко снег...:) мора да го направиш такво...:)
 
V

Vollstandig

Гостин
За правење бизнис и пари би одел.. На пример на секои 2-3 месеца да надгледувам како одат нивите..
И тоа како пари се прават.. Субвенции добиваш што значи многу ќе ти бидат мали трошоците за семе,средства за прскање и слично..
Плус пред да се насади нешто треба да се разгледа што највеќе се бара. А не кога се гледа дека има проблеми со одреден производ луѓето упорно го садат..
Aбе, освен што не разбираш ништо, па уште се чудиш оти било така.
Како прво и основно, какво е тоа “одење в село на 3 месеци“ ти ако посееш нешто и појдиш по 3 месеци нема да го видиш родот воопшто. Одење на 3 часа на нивата, е тоа ти е работа, да видишп трева никнало, прскање, полевање, копање, па вардење ќе ти украдат нешто, па има уште милион работи што не ти текнале на памет а се прават.

Државата давала пари за лозарите да насадат поквалитетни лози,не да садат смедеревка која не чини и неможе да се пласира на странски пазар.Но и покрај тоа луѓето ја садат и после се жалат слабо се продава.. Епа ќе имаш проблеми кога ќе водиш инат на некои работи,и ништо не ти останува освен да го фрлиш.
Вака сега, смедеревка не се сади, како што не се сади и виното. Никој не става празна флаша во земја, и не му никнува една бочва вино. Смедеревката потекнува од БЕЛО ГРОЗЈЕ, и исто постои и ЦРНО ГРОЗЈЕ. Грозјето не се сади со семе, туку се зема една прачка здрава од лозницата, и ја расадуваш во мека земја, која пушта корен однсоно` рти, и после тоа добиваш нова лозница. Таа лозница ќе даде род дури по 3 години чување,зависно како ќе напредува ластарот, А ти сеа удри му ја ти математиката што викаш “Смедеревка саделе“. Ова не е трева или тутун па да никни како ќе ти текне така гравот се произведува а не смедеревката. Откако ќе даде род, една лозница грозјето се класира на БЕЛО или ЦРНО, од црното грозје се прави ЦРВЕНО ВИНО, а од белот грозје се прави БЕЛО вино или ти што го викаш СМЕДЕРЕВКА, за која има голем и долготраен процес на производство. Грозјето се става во буриња кое ферментира и создава вино. Исто така од него може да се прави и ракија кога ќе ферментира добро. И најбитното, еднаш насадена лозница, си стои многу години и дава род, така да не можиш ти да го фрлиш сето тоа БЕЛО ГРОЗЈЕ што ќе ти го даде лозјето, туку еднаш го садиш и имаш засекогаш. Значи некогаш било и убо им се исплатило на луѓето што го насадиле како во ресен јаболката, еднаш садиш цел живот вадиш.
Ние имаме многу убаво вино ама ја немаме таа амбалажа,промоција и маркетинг да го истакнеме..
Наше вино го купуваат странци за 1 евро литар.Му ставаат етикети маркетинг и све остало и го продаваат по изгор цени..
То е така, оти државата го откупува толку не работи бизнисот.

Ама за живеење не би одел..

Сепак градот е поцивилизирано место..Селата се уште со искршени куќи и земјени патишта..
Во село можеш да имаш дигитална, кабловкса, интернет, мрежа на мобилен, телевизор, струја и се останато.Ако тебе ти прави мерак една бетонска џунгла, (за пример во скопје ќе ја земам) со дупки на секој 5 метра, и ти е повеќе мерак да вдишуваш чад од автомобили, отколку здравиот живот во село, тогаш ти никогаш не си бил во село.Во селата не е воопшто НЕ ЦИВИЛИЗИРАНО туку е супер, и рај за очи. Треба да правиш разлика од место што се нарекува СЕЛО до место што навистина е СЕЛО. Големите села, денес многу се понапредни т.е се цивилизираат и тука е фактички нецивилизирано. Имаат отворено кафани, кафиќи , кладилници и ред други работи има млади, и факт е дека тука е НЕЦИВИЛИЗИРАНО затоа што почанле да се ЦИВИЛИЗИРААТ. И секаде каде што има “цивилизација“ е фактички нецивилизирано и се живее во гнасота како во градовите (пошто нели сме македонија). Ако одиш во село, оди навистина во село а не во некое што за 2 години град планираат да го прават. Уствари не што не ти се допаѓа да живејш в село, туку патиш од малограѓансклиот комплекс - во село живеат селјаци и работат како магариња што е скроз погрешно.Градот ќе те затапи, ти никогаш немаш пиено кафе, седнат на некоја стагорадска куќа на тераса, или во некој манастир на конак, изграден среде планина, е тоа е кафе да пиеш со мерак, и убиавина околу тебе. Јас никогаш не сум уживал така во едно кафе, во село пиено меѓу природа, отколку седнат среде центар вчаршија, коли брчат, постојано некој се турка вика и нема филинг, туку целата поента е да си виден од другите оти си излегол на кафе. Silly,isnt?
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Е па сеа..., какво ќе си го направиш..дизајнираш и изградиш, села стокмени како ониеСловенските, Австриските или Швајцарските..., не растат на дрво..ниту врнат ко снег...:) мора да го направиш такво...:)
За селата во Македонија пишав, мислев дека се подразбира. А ако веќе споредуваш со странство, и градовите во Македонија ако сакаш да изгледаат како градовите во Швајцарија или Австрија, мораш да си изградиш и дизајнираш како тамошните - нема ни тие да ти паднат од небо.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Е па сеа..., какво ќе си го направиш..дизајнираш и изградиш, села стокмени како ониеСловенските, Австриските или Швајцарските..., не растат на дрво..ниту врнат ко снег...:) мора да го направиш такво...:)
Одлична поента.
Во Македонија сите чекаат од друг, друг треба да им ги реши проблемите.

Се сеќавам последново зимо во мојата населба наслагите од снег споро се топеа и не беа чепнати со недели.
Наместо таа мрзлива пензионерска булумента што од утро до мрак дреме по клупи и ти буљи во кесите што си купил да земе лопати и да го расчисти снегот.
Они:
Не !
Државата не ни чини !

Ко у Јапан или Германија будали да се луѓето што сами си го чистат сметот, што самите си го средуваат просторот за живеење.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Вака сега, смедеревка не се сади, како што не се сади и виното. Никој не става празна флаша во земја, и не му никнува една бочва вино. Смедеревката потекнува од БЕЛО ГРОЗЈЕ, и исто постои и ЦРНО ГРОЗЈЕ. Грозјето не се сади со семе, туку се зема една прачка здрава од лозницата, и ја расадуваш во мека земја, која пушта корен однсоно` рти, и после тоа добиваш нова лозница. Таа лозница ќе даде род дури по 3 години чување,зависно како ќе напредува ластарот, А ти сеа удри му ја ти математиката што викаш “Смедеревка саделе“. Ова не е трева или тутун па да никни како ќе ти текне така гравот се произведува а не смедеревката. Откако ќе даде род, една лозница грозјето се класира на БЕЛО или ЦРНО, од црното грозје се прави ЦРВЕНО ВИНО, а од белот грозје се прави БЕЛО вино или ти што го викаш СМЕДЕРЕВКА, за која има голем и долготраен процес на производство. Грозјето се става во буриња кое ферментира и создава вино. Исто така од него може да се прави и ракија кога ќе ферментира добро. И најбитното, еднаш насадена лозница, си стои многу години и дава род, така да не можиш ти да го фрлиш сето тоа БЕЛО ГРОЗЈЕ што ќе ти го даде лозјето, туку еднаш го садиш и имаш засекогаш. Значи некогаш било и убо им се исплатило на луѓето што го насадиле како во ресен јаболката, еднаш садиш цел живот вадиш.
Една корекција за сортите. Стренгх има право, сортата се нарекува Смедеревка за што можеш да погледнеш тука и тука...со најверојатно потекло од градот Смедерево во Србија. Каберне се прави од Каберне, а Пино од сортата Пинот (зависно од бојата), Кадарка, Жилавка...Понатаму, не ги знам годините на раст до полна зрелост, годините на род и годините на неродност, но потребно е како и во овоштарството после извесно време насадите да се сменат со нив...операција за која се смета дека се потребни негде околу 20 илјади евра за хектар. Податоците од линкот на А1 се постари, до 2006 па сега насадите се намалија на 20-21 илјада хектари. Друг проблем освен инвестицијата во насади е и пласманот за одредена сорта односно потребно е многу планирање и чиста среќа...што ако сортата која си ја насадила пред 10 години визбите повеќе не ја откупуваат, т.е. го смениле планот на производство? Има големи пари, но има и голем ризик. А човек од град да вложи 20 илјади евра во насад и да не му успее ради непознавањето на процесот на производството и пласирањето е полошо од руски рулет.
 
П

Пепси_

БИНГО !!! Тоа значи дека кај нас си сади кој што сака и нема ред,а потоа плаче зошто е мала цената на откопување или пак воопшто не му го откупиле. Требе да се знае што кој да сади и во колкави количини ако му одговара done,ако не, чао пријатно.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Не знам точно како се определува (дали самите лозари според своето убедување и почвата/поднебјето/условите или соработуваат со некој институт за планирање и подигање на насади-за овој дел не сум сигурен) али сега министерството најави или донесе правилник/закон со што секое ископачување и подигање мора да се евидентира кај нив. Добро е покрај евиденцијата министерството заедно со винариите и извозниците да ги советуваат лозарите кои сорти се долгорочно исплатливи и пазарно ориентирани.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom