За правење бизнис и пари би одел.. На пример на секои 2-3 месеца да надгледувам како одат нивите..
И тоа како пари се прават.. Субвенции добиваш што значи многу ќе ти бидат мали трошоците за семе,средства за прскање и слично..
Плус пред да се насади нешто треба да се разгледа што највеќе се бара. А не кога се гледа дека има проблеми со одреден производ луѓето упорно го садат..
Aбе, освен што не разбираш ништо, па уште се чудиш оти било така.
Како прво и основно, какво е тоа “одење в село на 3 месеци“ ти ако посееш нешто и појдиш по 3 месеци нема да го видиш родот воопшто. Одење на 3 часа на нивата, е тоа ти е работа, да видишп трева никнало, прскање, полевање, копање, па вардење ќе ти украдат нешто, па има уште милион работи што не ти текнале на памет а се прават.
Државата давала пари за лозарите да насадат поквалитетни лози,не да садат смедеревка која не чини и неможе да се пласира на странски пазар.Но и покрај тоа луѓето ја садат и после се жалат слабо се продава.. Епа ќе имаш проблеми кога ќе водиш инат на некои работи,и ништо не ти останува освен да го фрлиш.
Вака сега, смедеревка не се сади, како што не се сади и виното. Никој не става празна флаша во земја, и не му никнува една бочва вино. Смедеревката потекнува од БЕЛО ГРОЗЈЕ, и исто постои и ЦРНО ГРОЗЈЕ. Грозјето не се сади со семе, туку се зема една прачка здрава од лозницата, и ја расадуваш во мека земја, која пушта корен однсоно` рти, и после тоа добиваш нова лозница. Таа лозница ќе даде род дури по 3 години чување,зависно како ќе напредува ластарот, А ти сеа удри му ја ти математиката што викаш “Смедеревка саделе“. Ова не е трева или тутун па да никни како ќе ти текне така гравот се произведува а не смедеревката. Откако ќе даде род, една лозница грозјето се класира на БЕЛО или ЦРНО, од црното грозје се прави ЦРВЕНО ВИНО, а од белот грозје се прави БЕЛО вино или ти што го викаш СМЕДЕРЕВКА, за која има голем и долготраен процес на производство. Грозјето се става во буриња кое ферментира и создава вино. Исто така од него може да се прави и ракија кога ќе ферментира добро. И најбитното, еднаш насадена лозница, си стои многу години и дава род, така да не можиш ти да го фрлиш сето тоа БЕЛО ГРОЗЈЕ што ќе ти го даде лозјето, туку еднаш го садиш и имаш засекогаш. Значи некогаш било и убо им се исплатило на луѓето што го насадиле како во ресен јаболката, еднаш садиш цел живот вадиш.
Ние имаме многу убаво вино ама ја немаме таа амбалажа,промоција и маркетинг да го истакнеме..
Наше вино го купуваат странци за 1 евро литар.Му ставаат етикети маркетинг и све остало и го продаваат по изгор цени..
То е така, оти државата го откупува толку не работи бизнисот.
Ама за живеење не би одел..
Сепак градот е поцивилизирано место..Селата се уште со искршени куќи и земјени патишта..
Во село можеш да имаш дигитална, кабловкса, интернет, мрежа на мобилен, телевизор, струја и се останато.Ако тебе ти прави мерак една бетонска џунгла, (за пример во скопје ќе ја земам) со дупки на секој 5 метра, и ти е повеќе мерак да вдишуваш чад од автомобили, отколку здравиот живот во село, тогаш ти никогаш не си бил во село.Во селата не е воопшто НЕ ЦИВИЛИЗИРАНО туку е супер, и рај за очи. Треба да правиш разлика од место што се нарекува СЕЛО до место што навистина е СЕЛО. Големите села, денес многу се понапредни т.е се цивилизираат и тука е фактички нецивилизирано. Имаат отворено кафани, кафиќи , кладилници и ред други работи има млади, и факт е дека тука е НЕЦИВИЛИЗИРАНО затоа што почанле да се ЦИВИЛИЗИРААТ. И секаде каде што има “цивилизација“ е фактички нецивилизирано и се живее во гнасота како во градовите (пошто нели сме македонија). Ако одиш во село, оди навистина во село а не во некое што за 2 години град планираат да го прават. Уствари не што не ти се допаѓа да живејш в село, туку патиш од малограѓансклиот комплекс - во село живеат селјаци и работат како магариња што е скроз погрешно.Градот ќе те затапи, ти никогаш немаш пиено кафе, седнат на некоја стагорадска куќа на тераса, или во некој манастир на конак, изграден среде планина, е тоа е кафе да пиеш со мерак, и убиавина околу тебе. Јас никогаш не сум уживал така во едно кафе, во село пиено меѓу природа, отколку седнат среде центар вчаршија, коли брчат, постојано некој се турка вика и нема филинг, туку целата поента е да си виден од другите оти си излегол на кафе. Silly,isnt?