Ел Класико: Реал Мадрид - Барселона | 20.04.2011 | 21:00h | Местаља

  • Креатор на темата Креатор на темата Michi
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи?

  • Вкупно гласачи
    149
Статус
Затворена за нови мислења.
Ајде ти и сите што зборувате за Мурињо дека е пичка затоа што поставил дефанзивна тактика, кажете друга тактика со која ќе и се спротивстави на Барселона ?

Па Реал се разигра и даде гол откако влегоа креативците и ја батали дефанзивата!
 
Па нели Барса не е најјака? Нели они не се од друга планета?? Нели не го играат најубавиот и најдобриот фудбал во моментов?
На таква екипа ќе и се спротистави како и на сите други оти нели Мурињо не игра дефанзивен фудбал? Нека нападне па шта буде нека буде:toe:

Барса моментално е најјака никој не го оспорува тоа, барем јас никогаш не сум го рекол тоа, само сакам да кажам дека најдобриот фудбал што тие го играат според некој, не поминува така лесно кога за противник имаш цврста екипа како што беше Реал во саботата. А тоа беше единствен начин за да се запре Барса. Мурињо си ја прави формацијата според противникот, против тимови каде што треба да напаѓа напаѓа, кога треба да се брани се брани. Доволно е паметен Мурињо за да знае дали треба да нападне против Барселона, ете се обиде со офанзивна формација на првиот натпревар па видовме што се случи..

Не може сите тимови да играат според ваш терк, отворено, зошто не можете да сфатите дека еве 3-4 години го играте овој фудбал, и единствени тимови против кој сте забележале неуспех биле оние тимови кои играле дефанзивно и кои имале цврста одбрана и среден ред. Тоа е лекот за да успееш против Барселона. Ретки се случаите како Херкулес кој играл отворено и успеал да ве тепа. Дефанзивна тактика со :било кој рандом збор спротивен од цврст: и офанзивна тактика против Барселона = катастрофа.

Па Реал се разигра и даде гол откако влегоа креативците и ја батали дефанзивата!

Да тоа се случи дури после 60та минута, а еве до 60та минута ако играа офанзивно, мислиш така ќе останеше резултатот, не мислиш дека ако не играше со тројца DM Барса ќе имаа повеќе простор а со тоа и повеќе шанси за гол. Тоа и му беше целта на Мурињо, да се одбрани колку може и при некоја контра и прекин да успее да постигне гол. Ако тоа не оди, тогаш да се внесат од клупата офанзивни играчи и така да се нападне.
 
Зошто упорно се обидувате да им се правдате на барселонциве за тактиката на Мурињо? „Најдобрите“ треба да имаат решение за било каква игра. Што не сменат они тактика, зошто ние би мењале?
 
на навивачите што беа присутни на Бернабеу сигурно не им беше пријатно нивниот тим да биде надигран и пикнат в коше во поголемиот дел на натпреварот....старите горди навивачи се навикнати да го гледаат Реал како доминира и напаѓа,како држи противтежа.....тактики и стратегии гледаме на ТВ,замисли како е да си ОРИГИНАЛ фан на некој ваков клуб
 
Како бе тоа ОРИГИНАЛ фан...ние од МКД сме ФАЛСИФИКАТ фан???:pos2:
 
на навивачите што беа присутни на Бернабеу сигурно не им беше пријатно нивниот тим да биде надигран и пикнат в коше во поголемиот дел на натпреварот....старите горди навивачи се навикнати да го гледаат Реал како доминира и напаѓа,како држи противтежа.....тактики и стратегии гледаме на ТВ,замисли како е да си ОРИГИНАЛ фан на некој ваков клуб

Да беше така, навивачите ќе го исвиркуваа и ќе го бркаа Мурињо кога против Осасуна и Ајакс на Бернабе чуваше 1 - 0. Други времиња дојдоа сега, фудбалот драстично се промени од пред 5-6 години, јас те уверувам дека на навивачите на Бернабе не им е битно како Реал ќе игра дали офанзивно или дефанзивно, нив им е битно само нивниот тим да победува а со тоа и да ја врати старата слава која тимот ја имаше. Навивачите на Реал, оние што ти ги викаш на Бернабе, знаат дека Мурињо е "љубител" на дефанзивен фудбал. Зошто тогаш 80 000 му даваа поддршка, вадеа транспаренти со огромна поддршка за него, ултрасите на секој натпревар пеат за Мурињо.. Сигурно не затоа што не ја обожаваат играта која ја преферира Мурињо.
 
овој над мене не` уверува што навивачите на сантијаго навистина сакале? кого лажеш, сам себе?

инаку за наредната утакмица би бил среќен ако меси како што шутна накај публика исто така да шутира на гол. така се би било поинаку
 
овој над мене не` уверува што навивачите на сантијаго навистина сакале? кого лажеш, сам себе?

А што вие ме уверувате дека цел Бернабе сака Реал да игра отворено против Барселона и да прими 5 комада како што тоа се случи во првиот натпревар ? Свесни се и тие кој е единствениот начин да се победи против Барселона. Јас ти дадов докази дека навивачите го сакаат Мурињо, а штом го сакаат него значи ја сакаат и филозофијата која тој ја применува. Ако имаш со нешто да ги побиеш тие докази, кажи слободно не само детски муабети да терате.
 
Навивачите го сакаат Мурињо затоа што Реал победува и игра напаѓачки. Освен со Барселона. Затоа што 5:0 боли. А веројатно и неуспех да се победи Барселона среде Мадрид боли.
 
Еве дознавме сега дека на крајот кога излегувале играчите од теренот,значи во тунелот Пепе плукал по играчите на Барса,тој Пепе шо му солеше памет на Меси,ајде сега реаловси коментирајте за ова,ама да биде некои 5-6 страни,како што беше коментирањето за шутот на Меси.
п.с: Напишав и едно нешто ама сигурно ’’не го видовте “,туркањето на Пујол од страна на Роналдо после губење на топката на почетокот на мечот.......
ајде коментирајте....
 
Да тоа се случи дури после 60та минута, а еве до 60та минута ако играа офанзивно, мислиш така ќе останеше резултатот, не мислиш дека ако не играше со тројца DM Барса ќе имаа повеќе простор а со тоа и повеќе шанси за гол. Тоа и му беше целта на Мурињо, да се одбрани колку може и при некоја контра и прекин да успее да постигне гол. Ако тоа не оди, тогаш да се внесат од клупата офанзивни играчи и така да се нападне.

зошто мислиш дека Реал ќе примеше не знам колку голови ако играше офанзивно од почетокот т.е. не знам офанзивно, онака како што играше после голот на Барса плус 10-15 мин за излез од шокот? мислиш ќе му помогнеа тројцата ДМ ако влезеше првата на Меси? или да имаше слично нешто на другата страна?
Реал на Класикото од Ноември не излезе офанзивно па прими 5 гола, се склопија коцките за Барса, прв гол од прва шанса, втор гол у моментот кога малце излегоа од шокот понатака едноставно влегуваш у бубањот...
убаво Мурињо шо пробува да ја победи Барса, не да ја надигра, ама Реал не е некоја ш екипа па да не знае да им даде гол, да не знае да држи топка, да не знае да ја победи и надигра Барса.. ме нервира тој негов, без ризик, пристап. ќе ги чекаме од контри ќе им ја дадеме топката: "мрзам коа играчите се надвор од позиција" ваква изјава мислам имаше?
 
А што вие ме уверувате дека цел Бернабе сака Реал да игра отворено против Барселона и да прими 5 комада како што тоа се случи во првиот натпревар ? Свесни се и тие кој е единствениот начин да се победи против Барселона. Јас ти дадов докази дека навивачите го сакаат Мурињо, а штом го сакаат него значи ја сакаат и филозофијата која тој ја применува. Ако имаш со нешто да ги побиеш тие докази, кажи слободно не само детски муабети да терате.

добор, идиотски звучи ти да не уверуваш што навивачите на сантијаго сакале. со тоа мора да се сложиш. плус не уверуваш?!
еве ти аргумнет. на мурињо му беше посочено пред потпишување, а и потоа, да не заборави на спектаклот што навивачите го очекуваат. да се однесува достоинствено бидејќи го претставува клубот на кои милиони им е во срце и философијата на клубот е доминација врз се живо.
ама не, мурињо си ја тера својата замисла, а ти сакаш црното да го напраш бело.

најтрагикомично е, мурињо кога се жали, на екипи многу помали од неговата, како они се бранеле со 9 играчи?!!? демек што можел он така... мислам со депортиво дека беше. како има лице такво нешто да изјави, ако воопшто има лице...

денес што прочитав, ми кажува нешто дека мируњо има проблем и со интелегенцијата малку. имено на еден новинар на прашање му одговорил со - вие ли сте директорот на марка? ако не сте зошто јас да зборувам со вас, коа вие не сакате да зборите со мојот заменик?!
страшен индикатор на мањак на интелегенција и уличен простотилук. веројатно знае дека брзо ќе биде набркан, па да го убрза процесот, или она што го спомнав пред тоа - проблем со интелегенцијата
 
Зошто упорно се обидувате да им се правдате на барселонциве за тактиката на Мурињо? „Најдобрите“ треба да имаат решение за било каква игра. Што не сменат они тактика, зошто ние би мењале?

Ми го зема зборот.
Што толку напињате каталонци ? вас ви е досадно да го гледате тоа бранење и напаѓање преку контри, а нас пак, ни е досадно да го гледаме залудното држење на топката 80/94 мин со шутеви на гол 10, а Реал со 10/94мин посед на топка со 12 шутеви кон гол.

--- надополнето ---

Ајсбој очигледно сакаш Мурињо да излезе со 11 од стартот напред и да изгуби 5:0, па сакан мој таква грешка од него се гледа ретко. Тој е дојден да победи, а не да ве надигра. Никој не ве надигрува кога топката ја имате 80% у секоја утакмица.
 
Абе си се помирија со овој натпревар и сега си бараат алиби за в среда каде се знае деека Мурињо ќе излезе со слична формација.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom