Добра е за лечење фрустрации и комплекси во пубертетот. А во овие транзициони децении*, такви работи кај децата кои пораснуваат - колку сакаш.
Инаку, на Македонија не и треба увозна (урбана) субкултура. Нејзе и треба(ше) сопствена (урбана) субкултура, која ќе се надоврзеше на нашите традиции, со (за жал) прекинат континуитет, а не субкултура која се темели на туѓите традиции и искуства.
Значи ако зборуваме за музички правци како некаков дел од културата, тогаш она што би било оригинално, плус адекватно за Македонците (а и другите Балканци), би бил некаков еквивалент на рапот, а не рапот лично, онаков каков го примаме како готов производ (на туѓите корени).
* малку апсурдно звучи, ама сите го употребуваат зборот транзиција за состојба која трае like 20 години