G@rfielD
Модератор
- Член од
- 10 февруари 2007
- Мислења
- 10.751
- Поени од реакции
- 9.786
Serie A: Juventus - Milan (5-Mar-2011; 20:45h) Olimpico Stadium, Turin, Italy.
Дербито на ова коло, не според состојбите на табелата на Јуве и Милан, туку според имињата што ги носат двата тима. Овие дуели секогаш биле исполнети со голови и возбудувања, такви се очекувањата и овојпат.
Јувентус е во доста лоша и променлива форма, резултатите што ги бележат црно-белите се шокантни. Ги победуваат Интер без да примат гол, губат од Лече и од Болоња без да постигнат гол, притоа примајќи по два и од едните и од другите. Просто неверојатно. Се дига галама дека овој меч може да е пресуден за иднината на Дел Нери на клупата на Јуве, што е уште една причина повеќе да се надигра Милан. Падот на формата во средината на теренот кај Јуве, како и константно слабата игра во одбрната си го прави своето. Мело, Аквилани и Красич не играат како што почнаа, што е голем минус за Јуве. Сепак, ова е дерби меч, а Јувентус сезонава игра одлично на дерби утакмиците, плус тука е домашниот терен, така да не смее да се потцени тимот од Торино. А и сите знаеме со каква мотивација настапува Старата Дама во дерби утакмиците.
Јувентус ќе настапи без Пепе (суспендиран), Де Чеље, Аквилани (и двајцата повредени).
Милан од друга страна, е во супер форма моментално, Лигата на Шампиони настрана, каде Милан киксна со Тотенхем во Милано. Сепак, Росоњерите ја имаат улогата на фаворит хартија, со оглед на позицијата на табелата и формата во која се наоѓаат. Предводени од еден од најдобрите напади во светот моментално, воедно и разиграните ван Бомен и Боатенг во средината, Милан е екипа која заслужува респект. Победата е и те како витална за Милан, од причина што Наполи и Интер се веднаш зад нив, така да притисокот е на нивна страна. Тука е негативната страна на Милан, заедно со послабите бочни бекови, каде Јувентус ќе си ја бара шансата.
Кај Милан најлоша вест е можното отсуство на Ибра, кој според последните информации се пожалил на повреда во грбот и е незивесен за дуелот со Јуве.
Можни состави:
Последни 5 меѓусебни дуели:
Последни 5 натпревари:
Па, нека победи подобриот. Моја предпоставка е дека ќе следиме квалитетен дуел, со минимум 2 гола. Типувам на победа на Јуве со 2-1, чисто навивачки. =)
Навалете со дискусии.