Дај бе откачете се од куров со Пацини, ваков бил онаков бил, све експертизам и ренесанса, 9 души не играат, тролање за Пацини само зашто е нов у тимов и само зашто на него гледате ко да е Меси тип на играч па се чудите шо е Каспер на моменти.
Видете им денес игра, без агресија без ништо, Милито се виде ? Пандев ? Све беше тиња и го добија мечов само ради генијалниот гол на Дејо, ништо повеќе, среќа што покрај лошиот Интер на терен беше полошата Рома.
Шо не го спомињате уз пут и Ранокија, два пати губи топка на своја половина, првиот пат среќа за него што Мирко беше неспособен да погоди па се деси тоа што се деси, такоџе и автогол со Шалке, такоџе и директно кумува за вториот гол со Милан, се на се склопено, лошо се покажа во Интер али пак ќе кажам, за него, за Пацини и евентуално Нагатомо ќе се суди наредна година, не во сезона каде дошле во период кога Интер беа тоа што беа, просечен тим.
Жално делуваа денес најискрено, само фигурираа 11 души на терен колку да се изгура мечов до крај, така беше и со Парма, и таму најсериозна шанса имаа преку Дејо и шут од 100 метри кога погодија статива, толку.
Нека дое некој карактерен тренер летово па ќе го правиме муабетот и за Пацини и за Ранокија и за све што ќе остане и све накнадно што ќе дојде у тимов, до тогаш, ќе го гледаме Интер што се мачи на теренот и Интер кој едвај чека да дојде крајот на сезоната.
п.с. Денес и Дони и Цезар всушност немаа ниту една здрава интервенција.