А кога би се сетил каков епик фејл имаше нашето раководство во 2002 година кога ги трампаа Пирло и Сидорф за Броки и Кристиано Занети:kesa:...овој потег е поголем идиотизам од на тој на Барселона!
По доаѓањето на Масимо Морати на чело на Интер е вложено многу, купени се голем број на играчи, голем број го напуштиле клубот. Купени се играчи како Роналдо, Виери, Заморано, Баџо, Креспо... Тоа беа веќе докажани играчи за кои беа исплатени огромни суми но тие играчи доведоа нови спонзори, голема продажба на дресови па се целосно исплатливи и од финансиски аспект. Постојат и многу грешки кои можело и да се избегнат но како и да е, Морати направи премногу за Интер. За оној црн период после 1988 не е виновен само Интер. Факт е деја Јувентус и Милан имале силни состави, но и факт е дека многу сезони беа наместени па Интер залудно трошел пари, купувал играчи...
Кога е во прашање трансфер пазарот, најуспешни се последниве години, посебно откако Бранка беше назначен за трансфер директор. Како и да е, за некои играчи ќе жалиме што заминале, за некои што воопшто дошле во клубот а на некои ќе им бидеме вечно благодарни за она што го постигнале со клубот. Не постои ни еден клуб кој водел перфектна трансфер политика. Кога се работи за Интер, посебно последниве години, мислам дека позитивно треба да се оцени активноста на трансфер пазарот како е работата со младите категории.