Фан Клуб: Интер

честито победа.... колку и да мислам дека повеќе ја заслуживме јбг сами си сме криви

То е то ..Иначе за вас имам да го напоменам истото што го изјави Хицфилд..''Онаа екипа не личи на Баерн Минхен'':toe:

--- надополнето ---

Барса или Реал бе, каков Шалке... уште ли не веруваш дека сите можеме да ги тепаме? :icon_mrgr

Ако ни се паднат тие ќе има масовно плачење тука на форумот..вака ниту еден Шалке фан нема тука(колку што знам) и плус повторно да му удриме секс на Германците:)
 
Ако ни се паднат тие ќе има масовно плачење тука на форумот..вака ниту еден Шалке фан нема тука(колку што знам) и плус повторно да му удриме секс на Германците:)
Во право си ама гледај малце и вака.. ЗАТОПЛУВА ВО МИЛАНО, НЕ СЕ ДИШИ, зарем нејќеш да се оладиме со прекрасните прскалки на Камп Ноу?
 
Во право си ама гледај малце и вака.. ЗАТОПЛУВА ВО МИЛАНО, НЕ СЕ ДИШИ, зарем нејќеш да се оладиме со прекрасните прскалки на Камп Ноу?

На Бернабе прскалките се поквалитетни само што не ни ги пуштија минатата година:pos:
 
Златна сателитска, и воала! Нема веке идиот кој ке ти го крева притисокот,, си бираш дали сакаш коментатор фан на пример Рома , Интер , неутрален или пак без коментар. Раат... само од кај да најдам 400-500 евра ? :pos:

Не заебавај бе какви 400-500 евра . Ја стаив дома пред година и 4 месеци и беше 270 евра со платени 50 евра за првата година , а после е 50 евра годишно и Интер секад си го глеам со Скарпини , чиста работа . Сега мислам дека е поефтино . Ако си од Ск ке ти дадам број да се јавиш да си прашаш
 
честито победа.... колку и да мислам дека повеќе ја заслуживме јбг сами си сме криви
Доколку завршеше пример 2 - 2 и со оние промашени шанси у второ на Интер, поготово спасениот чист гол од Пандев по шутот на Снајдер, па обратно ќе беше со тоа кој заслужил а кој не ...
Интер се врати од негатива у прв меч и негатива во вториот натпревар, позаслужен пласман даље од ова нема, дадоа 3 гола сред Минхен ( 3 чисти гола зашто првиот не беше офсајд ), ене гледам они се само втора екипа во ЛШ која се пласирала понатаму по пораз на домашен терен и ова доволно говори што всушност Интер направиле вчера ...

Е сега за муабетите Баерн сами се победиле, ок, ако одиме по таа логика и Интер сам се победи дома, излегоа прв пат во сезоната со 4321 формација и играа подефанзивно дома, Леонардо направи само една измена во текот на мечот иако Камбијасо и Станкович едвај се движеа на терен и капак на Се, Цезар е асистентот за голот на Баерн.

Едноставно е, ко што рече и Снајдер, овој двомеч се игра 180 минути, и во овој двомеч подобриот се пласира понатаму, не со 1, не со 2, туку со 3 гола дадени сред Минхен.
 
Видете вака, ако сакаме пак да освоиме т.е да ја одбраниме титулата мора да ги победиме сите.

Затоа, bring on Барса. :)
 
Видете вака, ако сакаме пак да освоиме т.е да ја одбраниме титулата мора да ги победиме сите.

Затоа, bring on Барса. :)

Ај те молам не биди Морати:icon_lol:
 
И гледајќи по видеа и коментари на facebook од италијанскиве страници, имаше многу коментари од типит „Pandev piu decisivo di Ibra“ (или во превод, Пандев беше поодлучувачки од Ибра).

А кога сме кај носоњава (комшики не дека сум опседнат, само мала facepalm ситуација), отиде во Барса за да освои ЛШ и беше исфрлен од својот тим кој после освои. Отиде во Милан за да освои ЛШ, и неговиот поранешен тим пак напредува повеќе отколку него. Стварно човеков има добар сенс, знае кај да отиде. :)

--- надополнето ---

Ај те молам не биди Морати:icon_lol:

Де бе и лани се посравте сите кога Барса се падна, ама ја „преобрнавме“ со три комада.

Искрено, не ми е страв од никого. Ако било пишано да станеме прв тим кој ќе ја одбрани титулата - така ќе биде. Јас сум презадоволен со досега прикажаното, дури и од Шалке нека испаднат ако сакаат, само италијанското знаменце нека остане на дресот и наредната година.
 
Па види, Пандев го постигна голот за кој Ибра сонува во својата ЛШ кариера ...
 
Па види, Пандев го постигна голот за кој Ибра сонува во својата ЛШ кариера ...

И ова е прв гол за Пандев во ЛШ во дрес на Интер и прв гол во нокаут фазата за него воопшто.
 
Не заебавај бе какви 400-500 евра . Ја стаив дома пред година и 4 месеци и беше 270 евра со платени 50 евра за првата година , а после е 50 евра годишно и Интер секад си го глеам со Скарпини , чиста работа . Сега мислам дека е поефтино . Ако си од Ск ке ти дадам број да се јавиш да си прашаш

Абе знам дека има поекономична варијанта ама јас сакам DreamBox HD :vozbud: ,, ке биде ке биде,, се во свое време ;)
 
Споменик на Ето да изградите у Милано.
Човекот е роден победник. Најдобра зделка што ја направил Морати.
 
Споменик на Ето да изградите у Милано.
Човекот е роден победник. Најдобра зделка што ја направил Морати.
Сега читав еден коментар кој вика: не знам зошто го споредуваат со К.Роналдо и Ибра (патем, во споредбите секогаш губи), кога човекот игра на врвно ниво 10 години и е роден победник.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom