Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Сигурно претседателот на Џенова рекол ај бе наместета ја, немора да не тепате 2-1, понижете не со 5-2.

А за 7+ е најсмешно. Кој тим мести 7+ во 90та минута, што ако играчот ја утнеше таа шанса? Ете, со глава е, се е можно.

Види ги лигушите од Билан само, до вчера тука се караа демек они со Џенова имаат супер односи а не Интер, а сега демек еве Интер со Џенова имат на ти - дај ми.

Лигуши бе.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.746
Поени од реакции
44.056
А да изгубивме каде ке бевте вие со вашите сигурни коментари сега? Дај ви се молам аман. Ако се најде дека некој со огромна сума ја играл 2-1, ама збзорувам милиони евра, пример ја играл со 10 милиони евра, е тогаш океј, а вака муабети демек на ти дај ми на некој друг да му кажете, демек и 7+ наместена била? А пак овие лицемериве од реал идат тука и зборат за наместена, што останува за реал да збориме што даде 7 гола?

Се дур нема на хартија да читам дека некој ја играл со 10 милиони 2-1 џабе е све, ако одиме така што се дешава со Ливерпул? И тоа наместено? Порто не знае ништо освен победи, и тоа наместено? Дајте аман... Џенова е ова, слаб тим, се разбудија играчите, не дека не сме ги виделе вака мизерно да играт, па сега да се чудите.
Па не го гледаме Интер од вчера мајкуму, со Леонардо дома се одлични, бар дур не обезбедат какво такво водство, финтата е што у прво не играа, значи ништо не изиграа, ни напад ни одбрана асално покриваа, не е својствено тоа за играчи ко Маикон, Снајдер, Мота, Дејо, да трчкаат и да делуваат крајно незаинтересирано во ситуација кога мораат да победат, истото го правеа и по голот на Џенова, нит напаѓаа до крај на прво нит ништо, чекаа да дојде второ па да идат на голови.
Во второ не дека Интер изиграа перфектно, едноставно играа фудбал а не одржаа уште еден Light тренинг, од друга страна Џенова беше она што беа Интер у прво, пеколното ништо.
За 10 минути дозволија 3 лесни голчиња без било каква борба и бункер за чување на резултат, типичен за жабарите, пишав и погоре, Пандев не поминал толку играчи у кариера, колку што помина денес со Џенова ...

Како и да е, што викаш, да изгубеа какви ќе ни беа коментарите, тој епилог уште пред меч беше неизводлив, Џенова никад нема да тепа на Меаца освен ако не е последно коло и Интер нема шанса за никаков прогрес, или има освоено титула, а Џенова се бори за опстанок или излез во Европа. Ја пишав и на полувреме дека мечов смрди на реденка, или 2 у кец или икс ( двојка немаше теорија ), со тоа што ако пак го изредеа иксот, ко и у последниве 2 години, Интер до крај на сезона немаше да ги гледам, нит ЛШ нит серија А нит куп.
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
^ А замисли колку свршија на 0-1.

Душички. :back:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.844
Поени од реакции
111.537
Овој Ето од второто полувреме е вистинскиот Ето, а не себичњакот од првото полувреме и претходните неколку утакмици. И според мене АПЛА наместена беше утакмицата, колку и да се очајни Интер со играта немаше така да играат како во првото полувреме. Сега треба да го одржиме овој ритам до дербито па шта буде нек буде :)
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Смешни се муабетиве дека е наместена. Што ако Пацини ја стигнеше таа на Ето во прво полувреме?

Или ако беше наместена, зошто Едуардо му го фати слободниот на Снајдер кој беше чист гол?
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
И се виде дека добро функционира системот 4-2-1-3 откако излезе Станкович,оваква формација очекувам и во Минхе,само на местото на Пацини ке биде Милито.И смешни сте со тоа дека е местена утакмицава,молим те !!!
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.305
Поени од реакции
15.538
Смешни се муабетиве дека е наместена. Што ако Пацини ја стигнеше таа на Ето во прво полувреме?

Или ако беше наместена, зошто Едуардо му го фати слободниот на Снајдер кој беше чист гол?
Договорот бил без голови од слободни :pos:
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Па не го гледаме Интер од вчера мајкуму, со Леонардо дома се одлични, бар дур не обезбедат какво такво водство, финтата е што у прво не играа, значи ништо не изиграа, ни напад ни одбрана асално покриваа, не е својствено тоа за играчи ко Маикон, Снајдер, Мота, Дејо, да трчкаат и да делуваат крајно незаинтересирано во ситуација кога мораат да победат, истото го правеа и по голот на Џенова, нит напаѓаа до крај на прво нит ништо, чекаа да дојде второ па да идат на голови.
Во второ не дека Интер изиграа перфектно, едноставно играа фудбал а не одржаа уште еден Light тренинг, од друга страна Џенова беше она што беа Интер у прво, пеколното ништо.
За 10 минути дозволија 3 лесни голчиња без било каква борба и бункер за чување на резултат, типичен за жабарите, пишав и погоре, Пандев не поминал толку играчи у кариера, колку што помина денес со Џенова ...

Како и да е, што викаш, да изгубеа какви ќе ни беа коментарите, тој епилог уште пред меч беше неизводлив, Џенова никад нема да тепа на Меаца освен ако не е последно коло и Интер нема шанса за никаков прогрес, или има освоено титула, а Џенова се бори за опстанок или излез во Европа. Ја пишав и на полувреме дека мечов смрди на реденка, или 2 у кец или икс ( двојка немаше теорија ), со тоа што ако пак го изредеа иксот, ко и у последниве 2 години, Интер до крај на сезона немаше да ги гледам, нит ЛШ нит серија А нит куп.

Не бе, многу е својствено за дотичниве да не играат, многу пати сезонава сме биле сведоци на тоа.

Не може да кажеш дека си знаел за ова дека или ке заврши кец, или икс, значи невозможното го оставаш на случајност во случајов двојка да излезеше, знаеме кој е Интер знамеме кои се Џенова, нормално е да се разбудат играчите, и со Мур ни се случуваа слични работи, а и со Манчини.

Не се овие работи наместени, ке се бунат други тимови, не знам... вака барем јас гледам на ова.

Ако се почнува вака, Милан-Ливерпул требаше да е почеток на трета светска. Пошо нели, прво полувреме Џерард и другите не ни играа, а второ почнаа да играа, сеа ке речеш не е исто, исто е, фудбал е.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Ovie od Bbilan gi fatilo paranoja hahah:pos2:.Svesni se deka imaat tezok raspored, ocekuvam da kiksnat so Palermo :) a potoa uste dva , tri kiksa:)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.746
Поени од реакции
44.056
Смешни се муабетиве дека е наместена. Што ако Пацини ја стигнеше таа на Ето во прво полувреме?

Или ако беше наместена, зошто Едуардо му го фати слободниот на Снајдер кој беше чист гол?
Смешни несмешни тоа е, лани Интер - Киево дома демек не ја пуштија Киево, Интер едноставно мораше да победи, водат 4-1, овие прават 4-3 и толку, прекинуваат со игра и оставаат простор за 5ти гол на Интер со тоа што Пандев незнаеше да реализира, за тоа и се смеевме на темава од што беше очигледно дека Киево не идат на реми.
Факт е дека Интер и Џенова знаат да ги редат, ко и првата нивна средба кога Џенова не идеа на гол, 0-1 кога тепаа Интер, такви беа и коментарите на темава ...
Во ситуација кога Интер ги бркаат Милан и се једини нивни конкурент Џенова нема шанса да парира и да иде на добар резултат за нив. Секоја екипа во Калчо лигата по водство со голем тим се повлекува и поставува автобус пред гол, што направи Џенова у второ ?! И реков, гледајте ја репризата и удрете внимание на Мота и Дејо во средина, и на Снајдер ко играч од нападот, па и Маикон десно, видете само како играа, т.е. '' играа '' па ќе ви стане јасно (алудирам на првиот дел ) ...
Станкович никад не игра така како што играше денес, он е ала Занети и Лусио, се бори, трча кога ќе изгуби топка и остава душа на терен дур не доживее колапс па више не се движи ( ко со Баерн ), имаше и 1 на темата на Милан ова го спомна, доволно е да се види Дејо како игра за да се укапираат некои работи у првиот дел.

п.с. Башка Интер имаа цела недела до овој меч, плус 2 дена дадени одмор од Лео, повеќе од доволно за да изиграат феноменално денес, а не да тераат на лесно тренингче ко у прво.
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Ovie od Bbilan gi fatilo paranoja hahah:pos2:.Svesni se deka imaat tezok raspored, ocekuvam da kiksnat so Palermo :) a potoa uste dva , tri kiksa:)

Се до дербито они нема шанси да киксант, ако ги тепаме во дербито, може некако да влијае негативно тоа, и да ремизираат/изгубат некој натпревар. На нашите најголеми адути они остај што победија, дури ни гол не примија, затоа нека не ви бидат навивачите на билан на форумот индикатор за играта на Билан.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.508
Поени од реакции
58.925
Шо ве гледам за никаде... просто е: ако тепаме се до крај, први сме :) Кулирајте...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.746
Поени од реакции
44.056
Не бе, многу е својствено за дотичниве да не играат, многу пати сезонава сме биле сведоци на тоа.

Не може да кажеш дека си знаел за ова дека или ке заврши кец, или икс, значи невозможното го оставаш на случајност во случајов двојка да излезеше, знаеме кој е Интер знамеме кои се Џенова, нормално е да се разбудат играчите, и со Мур ни се случуваа слични работи, а и со Манчини.

Не се овие работи наместени, ке се бунат други тимови, не знам... вака барем јас гледам на ова.

Ако се почнува вака, Милан-Ливерпул требаше да е почеток на трета светска. Пошо нели, прво полувреме Џерард и другите не ни играа, а второ почнаа да играа, сеа ке речеш не е исто, исто е, фудбал е.
Пола коло беше наредено, Киелини вчера бил фатен од камери како вика '' Победете вие '', тоа му го спомнал на Алегри дур се загревале пред старт на Меч. Чезена исто, се знаеше пред дуел дека е двојка, имаше и 1 пишано на темата за типови дека е редена, а и на друго место го начекав истово, т.е. на фејс 1 ја имаше спомнато уште вчера.
Факт е дека во Италија има одредени тимови ко Интер и Џенова, или Киево и Милан, или Сиена и Јуве и тн и тн што кога е потребно си делат бодови, јавна тајна е тоа, не мора сеа да глумиме лудило тука дека Интер бил прејак, смениле тактика и биднало што биднало ...

Да, уствари и Интер за моменталнава Џенова е гајба пиво, и тоа Џенова у најак состав, а рачунај денес беа без 3ца првотимци и тренер, затоа играта у прво беше сомнителна, смрдеше на тоа дека Интер не игра на гол, затоа и пишав, пак да ја изредеа ко и лани а и пред две години, на икс, немаше да ги глеам до крај на сезона. Бункерот на Џенова у второ, за чување на резултат беше пародија, всушност, оваа петарда е вистински одраз на силите со тоа што во НОРМАЛНИ околности истата требаше да се реализира и у прво и у второ, а Интер чекаа цело едно полувреме за да почнат да играат, они фактички стартуваа со игра у мечот во 45та минута, а не у прва.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom