Па не го гледаме Интер од вчера мајкуму, со Леонардо дома се одлични, бар дур не обезбедат какво такво водство, финтата е што у прво не играа, значи ништо не изиграа, ни напад ни одбрана асално покриваа, не е својствено тоа за играчи ко Маикон, Снајдер, Мота, Дејо, да трчкаат и да делуваат крајно незаинтересирано во ситуација кога мораат да победат, истото го правеа и по голот на Џенова, нит напаѓаа до крај на прво нит ништо, чекаа да дојде второ па да идат на голови.
Во второ не дека Интер изиграа перфектно, едноставно играа фудбал а не одржаа уште еден Light тренинг, од друга страна Џенова беше она што беа Интер у прво, пеколното ништо.
За 10 минути дозволија 3 лесни голчиња без било каква борба и бункер за чување на резултат, типичен за жабарите, пишав и погоре, Пандев не поминал толку играчи у кариера, колку што помина денес со Џенова ...
Како и да е, што викаш, да изгубеа какви ќе ни беа коментарите, тој епилог уште пред меч беше неизводлив, Џенова никад нема да тепа на Меаца освен ако не е последно коло и Интер нема шанса за никаков прогрес, или има освоено титула, а Џенова се бори за опстанок или излез во Европа. Ја пишав и на полувреме дека мечов смрди на реденка, или 2 у кец или икс ( двојка немаше теорија ), со тоа што ако пак го изредеа иксот, ко и у последниве 2 години, Интер до крај на сезона немаше да ги гледам, нит ЛШ нит серија А нит куп.