Реставрација на автомобили и моторцикли, расклопување мотори и слично?

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе те цитирам тука,да не одиме во ОТ

Се слагам со ова шо си го пишал,ама јас буквално можам да склопам кола дома,во гаражата.Татко ми и дедо ми се одлични механичари,на дедо тоа му е занает,на тато хоби...Исто можам и дома да си ја гитирам,истругам и шприцам..Љубов за Кадет Ц да не правиме муабет,таа кола некогаш да ја имам мислам дека ќе бидам пресреќен :) Или пак нешто слично на неа,Капри,Ескорт I,Таунус....Значи само парите ми фалат,не сум зависен од никакви квази мајстори,кои што како шо рече ти ги интересира парите да ги земат само....

Спомнав, битни се условите и поддршката. За парите таква е ситуацијата, да бидеме реални - ова е скапо хоби барем кај нас. Добро е што знаеш што сакаш. Ќе ти дадам еден совет: што и да почниш да го правиш, прави го темелно и без заобиколување. Ќе знаеш дека ти си го направил, ти си се измачил и ич не е битно колку време ќе помине. Штом имаш гаража не ти смета дали ќе работиш на колата 2 недели или 2 години. Плус, верувам дека си млад и имаш многу да поминиш и не брзај. Има време за се...
 
Сеа сакав да прашам за ваше мислење... Иам 50 кубици кинез скутер и да го продам за 200 евра и да земам зарибано Пијаџо тајфун 80 кубици за ефтина пара и да му удрам ремонт...(мотор средвење, фарбање плус некој глупости...) вреди или не?
 
Од шо мака да го даеш кинеското? Те вози? Те вози. Шо дека ќе носиш лепенка Пијаџо. Дај бе не лечете комплекси. Мислиш дека деловите што ќе ги ставиш во ремонтираната Пијаџо ќе бидат Made In Italy?
 
Од шо мака да го даеш кинеското? Те вози? Те вози. Шо дека ќе носиш лепенка Пијаџо. Дај бе не лечете комплекси. Мислиш дека деловите што ќе ги ставиш во ремонтираната Пијаџо ќе бидат Made In Italy?
абе да чинеше кинесково не го давам... дават душа па пубо да му зеам некој динар дур можам него да го дам за беспари на рециклирање...
 
Ако некој знае каде има да се купи ова
By [URL=http://profile.imageshack.us/user/crnko]crnko at 2009-07-11[/URL]
за да се преправи во ова
By crnko, shot with CYBERSHOT at 2008-11-29
Ве молам пишете, частам...

Црнко, или некој што се разбира од ова, кажете ми дали ќе прават проблеми при регистрација на вака преправен автомобил кога ќе треба да ја носам на технички преглед, бидејќи и јас имам голема желба да преправам една Z 750 малку, ChopTop само со моторче 900 ccm од Fiat, со замена на спојките со зглобови, така средување ко за помлад човек...
би сакал да добијам нешто вакво на крајот....
2nlbrlcnc3.jpg
 
предното и задното стакло ке ти бидат проблем , за страничните се средуваат пошто немаат кривина
 
Црнко, или некој што се разбира од ова, кажете ми дали ќе прават проблеми при регистрација на вака преправен автомобил кога ќе треба да ја носам на технички преглед, бидејќи и јас имам голема желба да преправам една Z 750 малку, ChopTop само со моторче 900 ccm од Fiat, со замена на спојките со зглобови, така средување ко за помлад човек...
би сакал да добијам нешто вакво на крајот....
2nlbrlcnc3.jpg

Ако си повисок од 170 заборави веднаш од проста причина што и во нормално фиќо едвај ќе станеш. Мотор од 903 кубици пасува од Фиат 127/ Југо 45/ 900АК меѓутоа проблемот е ладењето кое ќе треба добро да го решиш (дополнителен хладњак, каиши, хладњак за масло...), подвојето да го спуштиш (пеглано федер платно, опруги од Пегла...) фарбање, тапацирање тоа си знаеш дека ќе треба друго по свој вкус. Кровот незнам дали ќе се нафати некој убаво да го скрати распрашај се убаво. Мислам дека под 2000 евра нема да ти излезе се на се. :nenene:
 
предното и задното стакло ке ти бидат проблем , за страничните се средуваат пошто немаат кривина


Во Прилеп прават стакла само незнам дали ке се нафатат да прават калапи за 1 стакло
 
предното и задното стакло ке ти бидат проблем , за страничните се средуваат пошто немаат кривина
И предните немат којзнај каква кривина... мада никогаш не би направил вакво возило.
 
Значи не се проблем стаклата, лимарите, фарбањата...ПРАШУВАВ дали треба некој атест потоа, затоа што има измени во кровот на возилото, за моторот јасно ми е што како оди кога се менува....мене ми е да не ми прават проблеми за надворешните промени на возилото, а тоа што ти Џиш не би правел вакво возило сосема ми е разбирливо, но ете мене ваква модификација баш ми се допаѓа, сепак е прашање на вкусови нели.... и кога се работи за постари возила ни јас ретко кога би променил било што кај некое од нив, ми се допаѓа шармот кој го имаат одреден дел од нив.... :)
 
За мотор мора да отидеш и да ти направат атест зошто апла ке се гледа не е од него дека е појак мотор и за каросерија мислам дека треба да се прави ама најубаво ако си од скопје да тркнеш до АСУЦ и ке ти кажат се :smir:
 
Чим менуваш мотор, а таков не се вградувал во возилото, мора да се оди на атест.
Она со фиќото и сечење таму кров, мене на ништо не ми личи...
Ај ќе го сечеш кровот, ќе направиш стакла по порачка, нема да стојат со кедери, ќе се лепат како на новиве возила...ама не личи...
 
Чим менуваш мотор, а таков не се вградувал во возилото, мора да се оди на атест.
Она со фиќото и сечење таму кров, мене на ништо не ми личи...
Ај ќе го сечеш кровот, ќе направиш стакла по порачка, нема да стојат со кедери, ќе се лепат како на новиве возила...ама не личи...

1) Интересен факт. Во Србија ако имаш Југо 45 и сакаш да ставиш мотор од 65-ка, нема потреба од а-тест. Само се запишува новиот мотор. Толкување: Школката веќе е а-тестирана за сите мотори 45,55,60,65.

Кај нас треба а-тест ако сакаш од 45 на 55 да го смениш моторот!

2) Сечење кров на фичо ЕПТЕН нема да го личи. Идејата е интересна, ама фиќото е мало количе за таква работа. Бубата е најмалата кола што можи да поднеси choptop
 
За да пројдеш на машински треба прво да се консултираш со нив, професорите, на кој позиции треба да го појачаш... тоа е ГОООЛЕМА заебанција... потоа треба да го направиш точно по НИВНИТЕ упатства, со докази, слики и слично, а тоа многу ќе те чини....
Untak18, Лепо то, ама, на машински НЕ проаѓаш... А ако си од помаливе македонски градови, пробај, најди некој братучед што работи на регистрација, па пробај...
А chop-top, според мене, повеќе би стоело на некоја лимузина, со гепек...
Поздрав и со среќа...
 
Како да си напрајш работа ко ке ти е досадно?

Ете како, сосем случајно. Се започна со лап-топ кој го зедов од вујко ми. Кутијата му беше во прилично лоша состојба, па ми падна на памет дека со полир паста можам да ја вратам во некоја си посолидна состојба.

Поминав до едно продавниче (татко ми е молер па од таму зема бои), со човечето си живеам баеги, и му кажувам дека ми треба 50 грама полир паста од најфината, ке полирам лап-топ. Наместо 50 грама, тој ми даде едно шише во кое му имаше останато паста, некаде околу 250-300 грама. И за лап-топот, ја средив работата (колку што можеше) со едно макнување на крпата.

И си викам ајде сега да пробам на Ескордот, ионака се токмам да го вапцувам (а.к.а фарбам :smir:) наскоро, да видам што ке испадне од целата работа. Се закачив во задната лева врата, таа беше во најлоша состојба од цела кола (нешто слична со предната, ја има на сликата најдолу). Ако пробувам да пробувам. Една волнена крпа и ете ме. А пред тоа имав правено муабет со неколку мајстори за тоа како би делувало да се исполира колата, сите некако несигурно ми делуваа со муабети од типот штознам, баеги е обледена вака така, а + има корозија на задните венци (мислам дека се забележува на сликата, не ставиле пластики во подкрилата назад напред има фабрички, ке мора тоа јас да го смислам некако) и праговите па морам и тоа да го санирам а неможе да помине без фарба.

Еве како изгледаше вратата по 10 минутно стругање на жешкото...

Приметете ја разликата во сјајот на горниот и долниот дел од врата- под и над жлебот.

И еве како изгледа сега по саат добро стругање и два пати помината со полир паста.



Од друг агол...



Некако баеги “стрчи“ од остатокот од возилото :smir:
Сега ми преостануваат уште 4 врати, хаубата, крилата, покривот, задните делови.... Е така се создава работа ко ке ти е досадно. Ако има некој желба слободно може да дојде да му дадам крпа да потрилка :smir:

Ке прикачам нови сликички кога ке продолжам со работата, највероватно уште едната врата ке ја стросам денеска, да залади малку изгорев на жешково.

П.С. Да ја поминам еднаш со восок на крај, или да му удрам и трета рака со полир паста па восок или не?? Што викате? Струмикс изјасни се на темава, ти имаш повеќе искуство со овие работи....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom