Реставрација на автомобили и моторцикли, расклопување мотори и слично?

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Мини е ова така? Класика е колава но перформанси?:toe:
Јебеш перформанси... да сакам перформанси би си купил нешто апла тркачко.... а кога ќе ја земам сигурно ќе средам нешто можда не и мотор ама шо одговарат подобро би стајл... луд сум по мини... класика е класика

Колку пари би дал има на лагер неколку вакви
хех... дај кажи цени по ПП или било шо... пошо некако сум во криза би било нешо поефтино
 
Нешто темава замре. Прво беше за реставрација на возила, сега гледам дека почнуваат да преовладуваат постови за постари зачувани возила. Струмикс, ајде по струмичка линија кажи до каде си, или моментално паузираш.?
 
И конечно.... дојде време да се пишува во темава и да не сум оф топик :)

По некоја случајност станав сопственик на Мерцедес W123 240 D од 1978. Мерџото е од прв газда, прва боја, 160.000 поминати, и е доста солиден примерок за реставрација.

п.с. Уште го немам видено како стои во двор, брат ми и татко ми го прибраа. Мене ми останува да го средам по мој вкус, па ќе го гледаме по патиштата со сигурност.
 
Ајде честито нека е :)
-И гледај не се откажувај како што се откажа од Golf GTI project (ах, јас да бев на твое место) :)
 
Браво Џиш :) Случајно да не е портокалова/црвена боја?
 
Ајде честито нека е :)
-И гледај не се откажувај како што се откажа од Golf GTI project (ах, јас да бев на твое место) :)
Незнам зошто голфот не ми правеше мерак... одсекогаш сум бил фанатик на Мерцедес, и така и остана. Не дека немаше матерјал во него, човекот уште си го вози таков каков што му го продадов (со мали поправки и давачки по него), ама штознам... Од друга страна ќе дојдеше многу инвестиција GTI проект, ќе ми требаше уште еден (пример 2-ка GTI пошто поевтино доаѓа така) па од два да соберам еден асолен, и многу математика и многу пари.... За откажување не се откажувам во никој случај, јас имав мака дури се убедивме подома да го земам... Има да стои во двор додека не профункционира, друга опција нема.

Браво Џиш :) Случајно да не е портокалова/црвена боја?
Да, ќерамидка боја, онаа измеѓу портокалова и црвена. Мислам дека ти имам расправано за возилото :)
 
И конечно.... дојде време да се пишува во темава и да не сум оф топик :)

По некоја случајност станав сопственик на Мерцедес W123 240 D од 1978. Мерџото е од прв газда, прва боја, 160.000 поминати, и е доста солиден примерок за реставрација.

п.с. Уште го немам видено како стои во двор, брат ми и татко ми го прибраа. Мене ми останува да го средам по мој вкус, па ќе го гледаме по патиштата со сигурност.

Одлично друже :vozbud: па да возиш само чупиња :wink:

Требаше да има олдтимер изложба во куманово на 4 овој месец ама се одложи поради временски услови ако некој дознае кога ке биде нека пише
 
Одлично друже :vozbud: па да возиш само чупиња :wink:

Требаше да има олдтимер изложба во куманово на 4 овој месец ама се одложи поради временски услови ако некој дознае кога ке биде нека пише
Toa првото ќе почека малку... дури да се среди да биди во состојба како што му доликува за да бид возен.

За тоа второто ќе те тепам. Совреме требаше да кажиш. Ако разбериш нешто да пишиш некаде на форумот.
 
Џиш, честитки за мечката стодваес`тројка...нафтена печкичка од 2400 кубика (мала шала)
Да си ја средиш, и само невести да возиш (ама и да возиш)
Бај д веј, имаше на времето една...
Ако има нуклеарна војна кој ќе преживее?
Бубашвабите и w123 :)
 
Тој мерцедес може ладно 2 милиони километри на прегорено уље да помине и да нема гајле :) Со здравје да си го возиш и чекаме слики...
 
На другар ми течо има таков Мерцедес го таксира во Србија и има поминато над 1,000,000 км
 
Еве и некоја фотка од Мерџото...

dsc00390z.jpg

dsc00388c.jpg

dsc00387w.jpg

dsc00386s.jpg

dsc00384ib.jpg

Мерџото е произведен 78-ма,ги има сите документи, сервисна книшка, тракатанци за користење со фабрички податоци и спецификации, документи за увоз (од осумдесетите) и 180.000 поминати.

Му недостасуваат предните жмигавци, левиот фар е скршено стаклото (инаку свети исправен е), и лајсните ги има во багажник остатокот ама се дупнати со штрафови надворешно и се оштетени. Од страна на механика нема анласер и акумулатор. Напред десно, има еден алуминиумски бандаж. Останатите 3 алуминиумски + резервата се во багажник.

Од страна на корозија, најмногу има на праговите (повеќе од десната страна). Остатокот е фабрички здрав, и бојата е таква каква што е. Внатрешноса е сочувана (единствено маската има пукнатини), но е многу валкана. Екстра се познава валканото дека е кремава.

Сето ова го зедов за 300 евра.

И ајде сега да ве чујам мислења?? Имам намера да го растурам, да се заштити од корозијата (на предното крило има рѓа од флека бидејќи од гаражата капело 6 години на истото место и тн...) секаде до каде што ја има, да се променат праговите и да се вапца во истата боја.
 
добар е бе, за возило од 78ма нема многу корозија(за разлика од голфот мој кој е понов некоја година)
 
Џиш...ќе го биде бе...
Лимарија за нив има колку сакаш, и каква сакаш, внатре е ОК, ќе треба таблата да ја пазариш однекаде...
Внатре едно темелно чистење, бандашите ќе си ги средиш (оние алуминиумските) и готово. Или пак, да си најдеш раткапни за челичните, исто ќе е добар :)
Има многу работа, ама ќе го биде...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom