Како да си напрајш работа ко ке ти е досадно?
Ете како, сосем случајно. Се започна со лап-топ кој го зедов од вујко ми. Кутијата му беше во прилично лоша состојба, па ми падна на памет дека со полир паста можам да ја вратам во некоја си посолидна состојба.
Поминав до едно продавниче (татко ми е молер па од таму зема бои), со човечето си живеам баеги, и му кажувам дека ми треба 50 грама полир паста од најфината, ке полирам лап-топ. Наместо 50 грама, тој ми даде едно шише во кое му имаше останато паста, некаде околу 250-300 грама. И за лап-топот, ја средив работата (колку што можеше) со едно макнување на крпата.
И си викам ајде сега да пробам на Ескордот, ионака се токмам да го вапцувам (а.к.а фарбам :smir
наскоро, да видам што ке испадне од целата работа. Се закачив во задната лева врата, таа беше во најлоша состојба од цела кола (нешто слична со предната, ја има на сликата најдолу). Ако пробувам да пробувам. Една волнена крпа и ете ме. А пред тоа имав правено муабет со неколку мајстори за тоа како би делувало да се исполира колата, сите некако несигурно ми делуваа со муабети од типот штознам, баеги е обледена вака така, а + има корозија на задните венци (мислам дека се забележува на сликата, не ставиле пластики во подкрилата назад напред има фабрички, ке мора тоа јас да го смислам некако) и праговите па морам и тоа да го санирам а неможе да помине без фарба.
Еве како изгледаше вратата по 10 минутно стругање на жешкото...
Приметете ја разликата во сјајот на горниот и долниот дел од врата- под и над жлебот.
И еве како изгледа сега по саат добро стругање и два пати помината со полир паста.
Од друг агол...
Некако баеги “стрчи“ од остатокот од возилото :smir:
Сега ми преостануваат уште 4 врати, хаубата, крилата, покривот, задните делови.... Е така се создава работа ко ке ти е досадно. Ако има некој желба слободно може да дојде да му дадам крпа да потрилка :smir:
Ке прикачам нови сликички кога ке продолжам со работата, највероватно уште едната врата ке ја стросам денеска, да залади малку изгорев на жешково.
П.С. Да ја поминам еднаш со восок на крај, или да му удрам и трета рака со полир паста па восок или не?? Што викате? Струмикс изјасни се на темава, ти имаш повеќе искуство со овие работи....