Има, види во Хрватска цело министерство има за тоа
http://www.mingorp.hr/default.aspx?id=1618 . И види какви глупи проекти прават: Претприемничко образование, креирање на бизнис класетри и supply chains, финансиско и правно поттикнување и помагање на иноваторството, проекти за создавање на кооперативи, проекти за развој на занаетчиството и за доквалификации и преквалификации во занаетчиството, финансирање на бизнис идеи во повеќе фази на млади незапослени лица од 20 до 25 години, помагање на жените претприемачи, проект "Газели" кој ги промовира и помага малите и средни фирми а за најуспешните постојат и дополнителни бенефити и награди кои ги доделува државата, креирање на претприемачки зони или такозвани бизнис инкубатори. А види имаат и оперативен план со конкретни мерки за поддршка на малото и средно стопанство за 2011 одкога го реализираа тој за 2010, на страна глупостите како странски инвестиции
http://www.mingorp.hr/UserDocsImages/Operativni plan poticanja malog i srednjeg poduzetništva za 2011.doc Ја поголема глупост од ова немам видено. Место да земат да се угледаат на нас и културно да се воздигнат, па една ренесанса да доживеат. Одма едно Партенонче да си склепаат на плоштад, па еден споменик од 100 метра на бан Јелачлиќ у бронза пффффффф кај ќе им биде крајот, нема да им се гледа од култура и од духовно воздигнување. Па после може да направат проект откуп на сопствената куќа и стан и пак да мораш да си ги плаќаш станот и куќата и тоа цело време да оди интензивна рекламна кампања со реклами од 6 цифрени суми.