Додека бев мал,си викав - леле ама се глупи овие во влада,место да земат тоа фабрикиве што прават профит да наполнат буџет.Они све приватизираат.Арно ама кога гледам тутунари и стечајци јасно ми е зошто секоја влада избегнува да има фабрики или предпријатија во нивна сопственост (државна мислам).Ако работиш во некоја приватна фирма (како мене) и ти намалат плата - никому ништо (секако ќе се буниш,ама пак ќе мислиш на фирмата) додека ако работиш во државна фирма одма иде она - Доле ВЛАДА !!!.Сега сваќам зошто ниедна влада не сака да има многу-многу фирми под државна капа.
Епа нормално, на нашиот народ му е испран мозокот од политички пропаганди и секогаш кога имаат некој проблем државата им е крива и она треба да им води сметка за се. Еве чист пример, пред некој ден идам во ЕВН Македонија ( во Струмица тука ) да платам струја и стои пред мене еден тип и се расправа со таа на шалтер дека му ставиле 5 денари камата затоа што еден ден закаснел да ја плати сметката. И оваа му вика "Господине ова не е камата, ова е надоместок за хартијата и печатењето на сметката". И овој одма "Апашка држава!!!" Со такви испрани мозоци кај ќе стигнеме незнам. За секој проблем одма државата е крива.