Значи готово е, утре градиме фабрика. Државата дава 100 милиони евриќи, наоѓаме 100 инженери, од некоја реномирана фирма ке замолиме да ни позајмат 2-3 врвни менаџери и готово е. Нема врска тоа што не се знае што ке произведува фабриката, мислам на конкретен производ ама изгледа ќе биде нешто "хајтек", нема потенцијален пазар кадешто може да се пласира производот, конкуренцијата не е земена во обзир, ама нема врска ке биде нешто. Важно добро звучи проектот.
Како што беше кажано неколкупати државата треба да создаде услови за подобра економија, а не да гради фабрики. Со создавање на соодветна клима ке се привлечат далеку повеќе од 100 милиони и многу повеќе работни места. Фабриките треба да бидат изградени од фирми и корпорации кои се доминатни,искусни и реномирани во своите гранки за да можат да се развиваат добро. А не државата да гради нешто за што нема никакви информации.
Кај нас сеуште нема соодветен аграрен систем, имаме проблеми со откупот на храна, увезуваме електрична енергија бидејќи неможеме да ја произведеме(а имаме капацитети), да не зборувам за правосудството, политиката, администрацијата, ти сакаш да се инвестира во нешто за што 70% не ни знаат што значи зборот хајтек.