Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Вака читајќи те, ми станува јасно до каде оди себичноста на теистите... И многу ми е жал заради тоа.
Па ти живееш во страв. Егоцентричноста ти иде до таму што ти за жива глава не ни сакаш да помислиш дека твојата душа/дух не е вечна.
Уште полошо, теистите се спремни да направат се’ за да ги елиминираат другите кои не мислат како нив, оние кои секојдневно им го спомнуваат табуто за смртта.

Како може животот да е за џабе? Животот има цел: среќа и создавање услови идните генерации да живеат во поголема среќа од нашата.
Ама тебе ти е гајле за среќата на тие што доаѓаат, ама искрено? Ти си премногу загрижен едно “совршено суштество како тебе“ да се здобие со вечен живот.
Дали си свесен дека додека ти живееш во тој филм, светот станува се’ понеодржлив, затоа што тие што не прават ништо (медитираат, се молат) ги нема за да се спротистават на тие кои ја уништуваат планетата и создаваат економски и социјален јаз меѓу луѓето.

Додека си жив, можеш да изгубиш и нешто што имаш, но и нешто што си. Луѓето кои заради социјални репресии, морални ограничувања или генетски предиспозиции, “запечалиле“ ментални болести од најтежок вид, се имаат изгубено себе, бидејќи ја изгубиле свеста.
Да бев себичен немаше три саати овде со тебе на форумов да дебатирам.
Јас сум свесен за мојата вечност оддамна, само што мораше да се елиминираат одредени програми
кои што ми правеа препреки. И сум загрижен зошто да не, сакам да постојам вечно има ли нешто лошо у ова ? И да не сакав ќе се фрлев у Вардар до сега веруј ми.
Светот е таков како што го опиша неодржлив заради хипнотичкиот транс у кој се лугето како тебе.
Каков свет сакаш кога зомбиња се 99 % луѓето ?
И неможеш да ја изгубиш свеста, тоа си ти.
 
F

FallenHypaspist

Гостин
Немој да ги мешаш филозофијата и религијата. Едното е рационално, неограничено толкување на светот и свесноста во кои живееме, а другото е догматско ограничување на слободата на мислата и дејствувањето.

Затоа и се вика: филозофија И религија. Не се вика Филолигија или Релизофија, нели?

Првото е „the rational investigation of questions about existence and knowledge and ethics“, а второто е „a strong belief in a supernatural power or powers that control human destiny“

Светови разлика.

Филозофијата е далеку поблизу до научниот пристап. Религијата е скарана со логиката и здравиот разум.

--- надополнето ---

WTF?!?

Мали Буда, имам една топла и искрена препорака до тебе. Те молам намали малку со вариетето на филозофски и метафизички перспективи на кои го изложуваш своето внимание. Дај си малку време помеѓу една и друга школа. Искрено, мислам дека понекогаш звучиш загрижувачки конфузно.
Егото доле.
Религијата претставува филозофија поткрепена со институција и норми. Затоа се во еден кош. Религијата не е скарана со логиката и здравиот разум, а и да е, не е нешто што би требало да е поврзано со логиката и разумот. Таква плиткост во такво нешто, не ..
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Твоето НЕМАЊЕ докази за она кое НЕ ПОСТОИ и моето ИМАЊЕ докази за она кое ПОСТОИ, тежината на имањето докази наспроти немањето докази, е очигледна и за идиоти со И-КУ помал од 70, отколку за поедицни со демоноопседнати умови, кои и очигледните категории не можат да ги видат, ради помрачениот ум.
MIKI Имаш ли доказ дека непостои Зевс, Јупитер, Вишну.....? Доказ за било кој од овие дека непостои?
И да, ќе заборавев, може ли да ги видиме доказите кој ти ги имаш?
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Пак со линкови почна. Еве јас ќе ти дадам еден линк се вика библиотека. Прчитај ги Пауло Коелјо, Џозеф Марфи,Ог Мандино.... Нивното цивилизациско значење е далеку поголемо од тоа на овие анонимуси на линковиве што ги поставуваш.
 
L

Liberation

Гостин
Да бев себичен немаше три саати овде со тебе на форумов да дебатирам.
Јас сум свесен за мојата вечност оддамна, само што мораше да се елиминираат одредени програми
кои што ми правеа препреки. И сум загрижен зошто да не, сакам да постојам вечно има ли нешто лошо у ова ? И да не сакав ќе се фрлев у Вардар до сега веруј ми.
Светот е таков како што го опиша неодржлив заради хипнотичкиот транс у кој се лугето како тебе.
Каков свет сакаш кога зомбиња се 99 % луѓето ?
И неможеш да ја изгубиш свеста, тоа си ти.
Не, ти не дебатираш три часа овде оти не си себичен (најверојатно не си, ама во контекст на дебатирањето), туку за да се обидеш да ги побиеш оние кои се против твојата идеја за твојата бесмртност. Пошто мислиш дека ако ја загубиш таа битка, ќе изгубиш се’, а ич не е така.

Јас само овде на форумов имам помогнато на двајца кои размислувале на најлошото, само затоа што се раководеле од принципите добро/лошо онака како што други им кажале дека треба, а не онака како што тие осеќале. За у реалниот живот нема потреба да ти зборам.

Зомбиња... 99%? Толкав дел од светската популациај се теисти? Ја мислев околу 80% се...
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Но пак ќе речам-докази за Божјото постоење ИМА, ги има со тони, ......
Камо ги бе дете тие докази???

Аман еден да кажеше во толку години на форумов еден не кажа. Ама нема ниеден затоа молчиш.
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
115
Поени од реакции
2
MIKI Имаш ли доказ дека непостои Зевс, Јупитер, Вишну.....? Доказ за било кој од овие дека непостои?
И да, ќе заборавев, може ли да ги видиме доказите кој ти ги имаш?
Слушај Ипссисимус, јас ќе ти одговорам на ова прашање :

Тие се во митологијата богови што ги спомнуваш ти. Кога спомнал Исус Христос за Бог, рекол: Не прави идол на ништо од земјата и на небото, не му се поклонувај на никој освен мене, твојот Бог.
Ако има и други богови која е разликата да се контролираат, тие ќе се судрат. Затоа е еден Бог.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Не, ти не дебатираш три часа овде оти не си себичен (најверојатно не си, ама во контекст на дебатирањето), туку за да се обидеш да ги побиеш оние кои се против твојата идеја за твојата бесмртност. Пошто мислиш дека ако ја загубиш таа битка, ќе изгубиш се’, а ич не е така.

Јас само овде на форумов имам помогнато на двајца кои размислувале на најлошото, само затоа што се раководеле од принципите добро/лошо онака како што други им кажале дека треба, а не онака како што тие осеќале. За у реалниот живот нема потреба да ти зборам.

Зомбиња... 99%? Толкав дел од светската популациај се теисти? Ја мислев околу 80% се...
Сакаш да кажеш дека несвесно се борам за нешто што сам знам дека не постои.
Па преку докажување на другите ке си докажам(ке се излажам) сам себе си. :)
Да не е одраз ова на твојата потсвест а ? :)
Да не е твојата потсвесна желба за да бидеш роб ?
Може со вакви ефтини трикови до утре, не дека нема да ти погодам нешто ама не ми е тоа целта.
И нема што јас да изгубам, затоа што немам ништо.
И да зомбиња се 99 % или луѓе во сон или со други зборови луге робови на своите мисли.
И не сум теист...на твое големо разочарување, нели ?
Затоа што е еден аргумент помалку за тебе :)
 
L

Liberation

Гостин
Биди теист, ако така ти е полесно. Или атеист, нерелигиозен, агностик...
На крај краева, битно е да правиш и мислиш онака како што се осеќаш среќен.

Јас немам право да ти кажам што е добро, а што не.
Ти врз основа на твојата вера или филозофија, немаш право да судиш на друг.

Се додека се почитуваме меѓусебно, и не задираме во туѓиот телесно-материјален интегритет, се прифаќа секоја мисла.

Секое добро.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Егото доле.
Религијата претставува филозофија поткрепена со институција и норми. Затоа се во еден кош. Религијата не е скарана со логиката и здравиот разум, а и да е, не е нешто што би требало да е поврзано со логиката и разумот. Таква плиткост во такво нешто, не ..
Религијата претставува филозофија поткрепена со институција и норми (yeah, right), но ограничена во концептот, затворена за толкување, догматична по природа, која недвосмислено и бесрамно лаже дека креатор на светот е божество (божества) кое ја контролира судбината на човекот. Најди некоја таква филозофија (што не е религија), жити све!

Со векови теистите се обидуваат да ја направат религијата нешто што не е. Најпрвин, по подемот на ренесансата почнаа да ја маскираат како филозофија. После, со напредокот на науката почнаа да ја маскираат во наука. Се прашувам во што ќе се обидат да ја маскираат следно.

Не се во еден кош. Консултирај филозофи за да чуеш колку e гласнa нивната смеа по ова прашање. Впрочем, зошто би постоела гранка на филозофијата која се нарекува Филозофија на религиите ако се исто?!?

Религијата е скарана со здравиот разум. ЈХИ религија, на пример, беспоштедно и бесрамно тврди дека светот е создаден за 6 дена; дека чобекот е направен од кал; дека жената е направена од ребро; дека лавот пасел трева; дека земјата има рабови и дека ја носат китови; дека Браман го редел универзумот слегувајќи по лотосово стебло (ОК, ова е Хинду, ама guess you get the point); дека е праведно да ја здробиш од карпа главата на детето на својот непријател; дека кога ќе умреш, ако си добар ти ќе идеш у вечен рај, а ќерка ти, која ти е све на светот, ќе иде иу вечен пекол ако не верува!!!

Те молам кажи ми како се овие работи логични и каде е тука здравиот разум?!?

За егото си у право. Срам ми е, ама тоа ми е - не е лесно да се расправаш со некој кој те прави будала при здрав разум. Ќе рипне и ќе грмне... шо ќе праиш.

--- надополнето ---

Пак со линкови почна. Еве јас ќе ти дадам еден линк се вика библиотека. Прчитај ги Пауло Коелјо, Џозеф Марфи,Ог Мандино.... Нивното цивилизациско значење е далеку поголемо од тоа на овие анонимуси на линковиве што ги поставуваш.
Друже, линкот ти е за да не мора да идеш до библиотека. Линковите се за да прочиташ нешто ново и да не поистоветуваш работи кои не се исти. РЕЛИГИОЗНОСТ е различно од СПИРИТУАЛНОСТ. Ти си теист. Јас сум атеист. СРАМОТА Е јас да ти го објаснувам ова!!!

Спиритуалност: an ultimate reality or transcendent dimension of the world; an inner path enabling a person to discover the essence of his or her being, or the “deepest values and meanings by which people live.

Религиозност: having or showing a belief in and veneration for God or a divine power, especially as it is reflected in the practice of religion

За спиритуалност не ти треба Бог и верба. Ти треба увид и свесност за себе, ама и многу повеќе од тоа - за се' друго во овој универзум. Како што читам мислења од теистите, повеќето се некако изнасекирани со тоа што ќе се случи со нив самите откога ќе умрат! Слабо некако ја спомнуваат планетата, животните, екологијата, вселената... Они (повеќето, не сите, нели) би отишле, ако може, на вечно гезме со Исус... а кој не пазел - нека гори!
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Слушај Ипссисимус, јас ќе ти одговорам на ова прашање :

Тие се во митологијата богови што ги спомнуваш ти. Кога спомнал Исус Христос за Бог, рекол: Не прави идол на ништо од земјата и на небото, не му се поклонувај на никој освен мене, твојот Бог.
Ако има и други богови која е разликата да се контролираат, тие ќе се судрат. Затоа е еден Бог.
Аце бре си помешал некој работи! :) Не рекол Исус тоа, туку Јахве кога му ги давал заповедите на Мојсеј.....Но тоа нема врска со моето прашање до Мики! Тој рече дека нема докази за непостоење на вашиот бог, па јас го прашав дали има докази за непостоење на Завс, Јупитер, Вишну, Хорус, Ра.....било кој од нив! Бидејќи според оваа логика ако немаш доказ за непостоење на бог, автоматски богот постои! И го прашав кој се тие докази кој ги има дека баш богот во кој тој верува постои.
Тоа што ти си го пишал во постот е твое убедување, твое верување, а не доказ.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Слушај Ипссисимус, јас ќе ти одговорам на ова прашање :

Тие се во митологијата богови што ги спомнуваш ти. Кога спомнал Исус Христос за Бог, рекол: Не прави идол на ништо од земјата и на небото, не му се поклонувај на никој освен мене, твојот Бог.
Ако има и други богови која е разликата да се контролираат, тие ќе се судрат. Затоа е еден Бог.
Затоа е НИЕДЕН бог, дечко.

Твојот Јахве, е еден од илјадниците митови кои човештвото ги измислило. Зошто мислиш дека баш тој е вистинскиот?!?

Никој не те контролира. Те лаже религијата. Само ти имаш контрола. Ако ја дадеш на друг - сам си крив. Ја знам дека е тешко да си одговорен за своите постапки, ама тоа дека некој друг горе ќе ја преземе вината - се лажеш!
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Затоа е НИЕДЕН бог, дечко.

Твојот Јахве, е еден од илјадниците митови кои човештвото ги измислило. Зошто мислиш дека баш тој е вистинскиот?!?

Никој не те контролира. Те лаже религијата. Само ти имаш контрола. Ако ја дадеш на друг - сам си крив. Ја знам дека е тешко да си одговорен за своите постапки, ама тоа дека некој друг горе ќе ја преземе вината - се лажеш!
E сега ја утупи. Може не се богови ама богами и не се измислени.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
E сега ја утупи. Може не се богови ама богами и не се измислени.
А што се, ако не се измислени?

Дали мислиш дека Зевс би постоел, ако не постоеле старите грци? Дали Тор би постоел ако не биле викинзите? Дали без индијците ќе знаевме за Вишну?

Богот постои ако народот го измисли.

Мене ми е од религииве најсмешно ова со Јахве. Вака е приказната:

Си бил еден народ, пустински, утепан и заебаван од сите наоколу и решиле тие да си измислат еден осветољубив, ептен заебан бог. И го измислиле, за навечер, кога (гладни) ќе си раскажуваат приказни у тоа пустињата, да се тешат дека еден ден ќе им покаже Он убаво на сите и ќе им даде на нив патениците вистинска земја за да си имаат. Ај, тоа не е толку смешно - тужно е...

Ама ај тоа, него 2-3000 години подоцна, еден цар што не знаел како да си го спастри мултикултурното царство пред распаѓање, го земал истиот тој Бог и им го подметнал на народи кои благе везе немале ни со него, ни со карактерот негов презрив и осветољубив. Јес да му одговарало на Царо, ама никако не можу да го разберам стадото што се клања на 3-4000 години стар еврејски бог и ги „слуша“ неговите заповеди. Викам „слуша“ пошто у десетте заповеди, јасно вика немој да ми се чаталиш, па слики нешто, ово-оно да ми правиш, немој пагански многубошки финти да ми продаваш, а еве ги, сите христијани, јајца вапцаат, под маси се пикаат, икони и фрески му цртаат... Бог да чува!

Накратко, смешно ми е што им е продаден очигледно туѓ бог, а овие ич не се замараат.

Бар Тор да сте го одбрале. Он е многу пофраер!
 
За овие мислев

и некои слични на нив
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom