НБА Ол-Стар викенд Лос Анџелес 2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување
Ни мене не ми се допадна нешто многу натпрварот во забивања. Фан сум на Клиперси и мило ми е што титулата ја зема Грифин, ама искрено мислам дека не ја заслужи. МекГи имаше повеќе кративност, поубави забивања ама на крајот се испосра, а тука Грифин го доби мечот со скокањето преку хаубата од колата. Мислам дека тоа беше забивање на вечерта, ама пак ако се соберат сите серии, и МекГи да освоеше немаше да биде неазслужено. Мислам дека сосема различна приказна ќе беше ако Грифин успееше да го оствари тоа што сакаше во втората серија ми се чини, кога му додаваа од табла. На крај само ја закуца атрактивно и не успеа да ги направи тие свртувањата (пируетите :)) па доби само 46 поени...
 
Хор, кола, драма, мало дете, бре Американциве ги бива за шоу дефинитивно. Лани им покажа Хауард дека им треба шоу во поголема мера и оваа година токму тоа и го направија.
Мило ми е што забивањата беа лудница, не за џабе дремев до 5 саат да ги гледам значи. Ме воодушевија искрено. Мек Ги требаше да ја земе наградата, изведе три невееројатни забивања, додека Грифин повеќе одеше кон копирање отколку кон нешто што сам го створил. Куцање на два коша, куцање со три топки и она назачки куцање, па да беше некоја друга година каде кола немаше да се изнесе на терен, Мек Ги ќе останеше ем запаметен ем со награда. Мислам дека изгуби со последното куцање, многу спектакуларен беше Грифин со колата, а овој најпростото куцање го изведе на крај. Инаку ова со колата мене не ме воодушеви. Баш ми е криво за Мек Ги.

Околу тројките, жалам што Реј не помина во втор круг како и во првиот.
И мора да се пожалам на снобовската публика на ЛА која му викаше Уа на Пирс при претставување. Ко мали деца се однесуваа.
 
- Мерак ми направи Џонс што победи во тројки. Ги стави у џеб двајцата од Бостон што глуматеа некоја си скромност пред такмичењето. Па и провокациите на Пирс према навивачите .. :tapp:

- Во скил челенџот навивав за Роуз и мислев дека ќе победи. Сепак Весбрук и Кари со покажаа најбрзи во првиот круг, и вториот си зема. Заслужено, покомплетен и помек плејмејкер ми е Кари од Весбрук, диво е многу ова од Оклахома :) .

- Ааа куцовките беа супер. Јинг-јенг у однос на ланешните :) . Браво за идеите на МекГи, прво со 2та коша, а потоа и со 3 топки, нооо изостана некако уметничкиот дојам, аа плус тоа ниту едно забивање не му упали од прва, се мачеше до задњи трен. Грифин дивееше, уште во првиот круг се виде дека ќе го гризе кошот :) , фацата на Крис Вебер при првиот неуспешен обид на Грифин беше прајлес :vozbud:. Колата и хорот за крај беа WOW !!
Јас очекував во финале да се јадат Грифин и ДеРоузен, ама овој заканта со првото куцање, на 7-8 пат му успеа, а и беше веч виџено, малце поени доби. Инаку за мене, најубаво куцање имаше токму ДеРоузен во вториот круг, одлично се одрази на втор обрач и прекрасно ја извади топката од долу, сите 10ки ги собра од тоа куцање, али џаабе.

Сума сумарум, Ол Старот вредеше !! ;)
 
МекГи реално според мене требаше да победи, али јбг наместо она со 3-те баскета да го остави на крајот он направи глупост. А Грифин ништо посебно, само повеќе сценски што беше изведено како треба.
 

мене ескиважата на МекГи ми беше врв на вечерта(5:55)
за победникот беше многу јасно дека тоа ќе е Грифин без разлика што ќе прикаже, МекГи беше за нијанса подобар па тоа и неправи разлика.
 
Премногу шминка за мој вкус. Што стана со времето кога натпреварувачот фино-поштено ќе ја забие топката од прва, ќе добие аплаузи од публиката и 10-ки од судиите? (Реторичко е).
 
МекГи реално според мене требаше да победи, али јбг наместо она со 3-те баскета да го остави на крајот он направи глупост. А Грифин ништо посебно, само повеќе сценски што беше изведено како треба.

Јасно беше дека ќе победи Грифин, малиот има каде каде повеќе публика. МекГи и гол да се соблечеше, тоа му е .. Грифин го засакаа сите со дивите куцења во регуларниот дел. Не заебавај, го тепа со 68% гласови, турците ваков ќотек не јадеа кога ги бркаа од Балканот :pos: .. Да влезеше во финалето ДеРоузен, подруг ќе беше муабетот. Можеби пак ќе победеше Грифин, ама со 68%, HELL NO !
 
Јасно беше дека ќе победи Грифин, малиот има каде каде повеќе публика. МекГи и гол да се соблечеше, тоа му е .. Грифин го засакаа сите со дивите куцења во регуларниот дел. Не заебавај, го тепа со 68% гласови, турците ваков ќотек не јадеа кога ги бркаа од Балканот :pos: .. Да влезеше во финалето ДеРоузен, подруг ќе беше муабетот. Можеби пак ќе победеше Грифин, ама со 68%, HELL NO !

Јбг ова гледаат кој нешто поинтересно сценско ќе напраи, следен пат МекГи нека се качи на кабина на тракторот и нека закуца ..

Сигурно ќе победи така :)
 
Децо, во вториот круг гласаше ПУБЛИКАТА, а на публиката цел месец однапред и беа бутани под нос снимки со забивања на Грифиндор. Сосема очекувано што тепаше Грифин.
 
Со сигурност најдобар избор од последниве неколку години, ама тешка местенка излезе...
 
Инаку за мене, најубаво куцање имаше токму ДеРоузен во вториот круг, одлично се одрази на втор обрач и прекрасно ја извади топката од долу, сите 10ки ги собра од тоа куцање, али џаабе.

Дефинитивно најтешко за изведување од технички аспект. А и само една рака користеше
 
Има од негде да се спушти вториов ден од ол-старот?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom