Не се согласувам. Секоја работа си носи ризик. Добиваш шанса и ја прифаќаш, може да испадне добро, може не. Не се пријавиле да градат авион. Според мене одговорност имаат и други луѓе, оние кои се задолжени да состават добар текст, добри шеги, или барем да ги рецензираат истите пред да ги пуштат во употреба. Таков беше случајот со Герваис кој проба како Хитлер ама му рекоа дека не може. Некој го прегледувал сценариото и требало да каже дека it's not good enough. На страна тоа, ризикот кога ангажираш не-комичари е што тие ако упаднат во несакана ситуација, непредвидена реплика од гостите итн... лесно можат да се изгубат. Герваис се снајде одлично кога почнаа да му викаат уаааа на заебанциите за Том Круз. Тој има решенија, зошто е комичар.
Во секој случај, на било кој да му дадат шанса, ќе прифати. Зошто да не, може да испадне и јунак. Си го земаш ризикот, добиваш или губиш. Важно е да дадеш се од себе. А според моето субјективно мислење, Хатавеј правеше се што можеше, Франко беше тотално изгубен. Да се обидеше и тој, можеби комплетниот впечаток ќе беше далеку подобар.