Доделување на Оскарите за 2010 Година

Кој филм оваа година ќе го освои Оскарот?

  • Вкупно гласачи
    133

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Aаааааааааа кај тепа овој кралов........ :mad::mad:
Па шлаг на тортата стави тој кога рече "thanks to my boyfriend" ааааааааааа спобудалев... вулкан... ерупција!!!!

social :(
jesse :(
fincher :(

Оваа од Данска не знае англиски или го имитира Фирт !? :)
Не знае... исто победи и на златен глбус, мене ме фаќаше срам кога ја гледав...

Трето, аман бе што беше со музичките настапи?
ееееее
јас си ги мотав тие :D

P.S. You just got INCEPTION'D
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
523
Поени од реакции
164
Дали сум единствениот кој не најде ништо посебно во Говороот на Кралот освен една досадна, англиска приказна која ништо не прави за да заинтересира?
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Дали сум единствениот кој не најде ништо посебно во Говороот на Кралот освен една досадна, англиска приказна која ништо не прави за да заинтересира?
Прилично.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
БОНУС: Збор два за Миланка - Човекот наречен храброст. Многу беше непристрасна и воопшто не се забележуваше за кого навива. Браво. Друго мора помалку да збори, зашто уништува моменти, ама ај оваа година немаше нешто посебно да уништи тапа беше сценариото за оскариве.
Come on!!! :pos:

Не се забележува Бранко на Телма дека навива за Интер, а оваа солзи радосници пушташе вчера. Посебно значаен момент беше овој: „Се надевам дека наградата ќе отиде за вистинско ремек дело................ а тоа е King's Speech“ :pos:

За среќа ми цркна стримот кај последните номинации па фатив некој бисер. Вистинска уметност е како True Grit можеш да го преведеш како Човекот наречен храброст, а Blue Valentine го преведуваш како Блу Валентајн :pos:

Во секој случај се согласувам дека е подобра од други години, иако сеуште знае да се уфрли во момент и да го уништи начисто.

Туку доста за неа, има поважни работи: Оскарите навистина беа под нивото, без разлика што шоуто е супер во поглед на визуелни ефекти, звук, прецизност, хумор... Ен Хатавеј (my love :back: ) си даде се од себе, си беше во елемент и за нејзин профил, воопшто не беше лошо. Сепак не е комичар. Франко се изгуби тотално. Шоуто треба да го водат комичари, отсекогаш било така и така треба да биде. Били Кристал е ѕвер иначе.

Монтажите беа супер, како и обично.

За добри моменти се задолжени и добитниците а овој пат, какви филмови, какви наградени, такво шоу. Среќа Роберт Дауни Џуниор се појавува па ќе бидне некој момент, иначе ништо. Наградениве не се од тој профил да направат џумбус во салата. Мамо, тато, кучето... тоа е тоа...

За Селин Дион пишав, Оскар без Селин Дион е како Спортист на годината во Сител без Милан Бабиќ и Сузето :)

Околу победникот за најдобар филм пишав уште пред да добие. Типична британска драма, солиден филм, одлична глума на Колин Фирт и тоа е тоа. Исто како The Queen на Хелен Мирен да добиеше Оскар. Брзо ќе се заборави, далеку е од топ-филмови.

Аронофски ќе добие Оскар на 60 години за некое срање од филм откако уште 7-8 пати ќе направи филмови за паметење кои нема да пројдат.

Момент на вечерта: Кирк Даглас :cuc:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Моја желба е Натали Портман да ја земе за најдобра ж. улога .. Ааа зошто да не и Black Swan за најфилм. :pipi:
Ми се исполни желбата за годинашниов Оскар и ептен ми е мило и драго за Натали ! :back:

Говорот на кралот, ги собра најпрестижните награди. Очигледно се работи за добар филм, така да ќе морам во најскоро време да го гледам.

Ииии да .. Мелиса Лио синоќа !!!!!! :drk:
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Не знам го немам гледано ама со оглед на тоа какви се филмови имаат победено ќе ме зачуди да не е така, иако ја знам приказната околу абдицирањето на кралот, ништо посебно. Како и да е, Дарен Аронофски и Black Swan се најдоброто нешто кое им се случија на Оскарите оваа година. Можеби идејата не е оригинална но човекот си имаше доблест да каже дека е инспириран од Подстнарот на Полански, што значи укажување на чест на едно големо режисерско име, за разлика од Нолан кој не најде за сходно да направи такво нешто. И покрај се филмот е мало ремек дело, до сега го изгледав може пет пати и почетната сцена пак ме наежува. А за наредна година не ќе биде лошо Кирк Даглас да го викнат да ги води Оскарите, човекот на 100 години има повеќе смисла за хумор одколку годинешниве водители и организатори на шоуто, ко да гледаш доделување на нобелова награда не Оскари.
 
bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Па и Хатавеј испадна пачавра со нејзините неартикулисани потези,несоодветни реплики и резилен обид за шегобиење.
let the man talk бјач!

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Не го имам гледано ама ја знам приказната, не го бива.. :pos:

Абе ај читајте се што пишувате.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Не го имам гледано ама ја знам приказната, не го бива.. :pos:

Абе ај читајте се што пишувате.
Треба да се палам на филм во кој англиски крал се откажува од тронот ради тоа што се затрескал у Американка и сега се спрема за говор? И тоа треба да ми каже дека е многу добар филмот? Не се замарам уопште
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
523
Поени од реакции
164
Не го имам гледано ама ја знам приказната, не го бива.. :pos:

Абе ај читајте се што пишувате.
За малце помислив дека го имаш гледано филмот :smir:

Филмот не е лош, ама и Мрежата и Инсепшн се подобри од овој. Филмов го догледав пошто знаев дека освои Златен Глобус, инаку ќе ме изгубеше на пола...

Не значи дека ако направиле надпросечно буџетен филм со англиска или америчка историја треба да ги собере сите награди... не ги разбирам
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Треба да се палам на филм во кој англиски крал се откажува од тронот ради тоа што се затрескал у Американка и сега се спрема за говор? И тоа треба да ми каже дека е многу добар филмот? Не се замарам уопште
:pos:

Во најмала рака си.. смешен. Плус како тие во Драга Кајгана си, маленките деца, ма не се замарам уопште. :pos:

Значи, никогаш не навлегувам во дискусија кога се работи за вкус, но ти воопшто го немаш ГЛЕДАНО филмот за да си комптентен да го дискутираш или оценуваш. Исто секој може да каже: Tреба да се палам на лезбејската сцена на Наталија која има кревка ментална состојба. Тапа е филмот!!!! и пази ова: ма не се замарам. Black Swan e недискутабилно одличен филм со одлична глума, феноменална режија и интересна сторија. Никој не го оспорува тоа. Но, да не беше лебетот, мојот глас ќе одеше кај King's Speech, како што и напишав пред оскарите. Но сепак субјективно, дека навивачки гласав за лебедот дека е ми е погоден жанрот. Кралот исто така има феноменална глума, солидна режија, костимографија, обрнато внимание на детали и слично. Значи сосема оправдано да е номиниран, сега за собирање награди толку незнам, ама филмот ни малку не е под просек. А да го немаш гледано и коментираш само затоа што ги знаеш the general lines.. е, смешно.
 
Да и тапа приказна
 
Kajgana Shop

На врв Bottom