Доделување на Оскарите за 2010 Година

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување

Кој филм оваа година ќе го освои Оскарот?


  • Вкупно гласачи
    133
слабо изненадувања годинава :) . инаку во бројки како испаднаа оскариве. кингс спич 4-5 зема ? инсепшн да не испадне со најмногу статуетки на крај :) .

многу ми е мерак за бејл што зема , ама некако посреќен ми беше на глобусите кога му дадоа награда , изгледа му беше јасно дека ќе го земе оскарот , па беше искулиран.

мелиса лео кој фејл . па и факинг рече , од шо сакаше да се опушти да и тргне муабетот .. :)

p.s иосоно , фала за препораката за Best Original Score , убо излезе . :)
 
слабо изненадувања годинава :) . инаку во бројки како испаднаа оскариве. кингс спич 4-5 зема ? инсепшн да не испадне со најмногу статуетки на крај :) .

многу ми е мерак за бејл што зема , ама некако посреќен ми беше на глобусите кога му дадоа награда , изгледа му беше јасно дека ќе го земе оскарот , па беше искулиран.

мелиса лео кој фејл . па и факинг рече , од шо сакаше да се опушти да и тргне муабетот .. :)

p.s иосоно , фала за препораката за Best Original Score , убо излезе . :)
Кингс зема 4 оскари, а Мелиса Лео да не го кажеше тоа немаше да биде интересно само тоа го запамтив од целата вечер и убавите актерки друго ништо посебно - досадно :)

--- надополнето ---

Доделени 83-тите Оскари..
 
Ова Кингс Спич мора да е ужасно досаден филм чим зема Оксар

1298882421737.jpg
 
Франко многу некако срамежливо делуваше а Ен си беше супер. Фустанчето на крај и беше топ. Како само се лепеше до Франко:tv:
 
THE SOCIAL NETWORK освои три оскари. Некој на македонски да ми пиши за кои категории беа трите Оскари, можи?
 
Воглавно како што се очекуваше се добија наградиве. Facebook не доби за најдобар филм тоа ме радува :D Не ме радува што 127 не доби ниедна али јака беше конкуренцијата. Франко малце стегнат беше Ен ја имаше многу повеќе. Тие што гледаа на МТВ веќе ги забележаа на Миланка редовните бисери :D

П.С. Свесна ли е Ен Хатавеј колку е убава? :D
 
Ен Хатавеј и Меланија Трамп најубави девојки од тие што ги забележав вчера, после нив оди Натали. Од мажите, само Франко постоеше за моите очи :icon_lol:
 
А колкави се овие Ен Хатавеј и Хејли Стајнфелд ? Хејли е 14 ако не се лажам т.е. ако глупачана од МТВ утнала пак нешто па грешна информација да имам :)
 
А колкави се овие Ен Хатавеј и Хејли Стајнфелд ? Хејли е 14 ако не се лажам т.е. ако глупачана од МТВ утнала пак нешто па грешна информација да имам :)

Хетавеј има 28, а девојчето Хејли 14 си има, редно е нешто Миланче точно да каже :D
 
Добро е тогаш :)
За 14 години перфектна глума има во филмот. Вака да си продолжи топ кариера ќе има, и дефинитивно една од поубавите Актерки ми е заедно со Yvonne Strahovski ...
 
Идеме со мала ретроспектива

Ајде прво да почнам со лошото. Подосадни Оскари јас не се сеќавам да сум гледала некогаш, беа вистинско измачување за мене, без претерување. Немаше смеење, немаше ништо специфично по што ќе се запамети оваа оскаровска вечер. На црвениот тепих, убавите жени отсуствуваа, освен Мила Кунис и онаа девојка што беше номинирана за Оскар за Зимска коска (да ве потсетам Малку на Миланка) ниедна убава жена не видов. Ви реков јас уште кога ги прогласија водителите, дека ќе бидат голема утка. И беа. Комплетно неинтересни, премногу воодушевени од тоа каде се наоѓаат, абе како деца во слаткарница. Ова треба да биде лекција за наредните години, луѓе кои не се поврзани со комедија никако да не водат Оскари, а посебно не луѓе на млади години. Ен Хатавеј скокаше од радост кога најавуваше некого, а Франко...мадре миа, човекот се изгуби скроз, воопшто не гледаше во камера, или лево или десно како да се срами или му е досадно. Многу лошо.

Друго. Нели можеле да направат позабавно сценарио, па презентерите да извлечат по некоја насмевка?? Освен Расел Бренд и Хелен Мирен, ништо забавно не видов. А да и феноменалниот Били Кристал, кој е синоним за тоа како се водат Оскарите.
Мој предлог и тоа најсериозно, е Чарли Шин да ги води Оскарите другата година, ако се оправи ќе биде тоа урнебес шоу.

Трето, аман бе што беше со музичките настапи? Селион Дион да не има договор, доживотно да пее на Оскариве. Сигурно можат да најдат некоја друга да отпее, веќе е досадно да ја гледам.

Четврто, победи филм што го немам гледано. Не верувам дека заслужи да победи, ниту пак режисерот ја заслужи наградата. Финчер одамна ја заслужува ама ова Академијава, на типовите како Финчер им дава Оскар за животно дело, таман да му се насоберат години и филмови па со бастун да ја земе наградата. Колин Фирт веројатно бил феноменален штом успеа да собере толку награди за улогата.
Мило ми е за Бејл и за Мелиса Лео. Дефинитивно заслужено.

Инаку се на се, досадно, неинвентивно, ливчиња за читање се вадеа од ракав... лошо, лошо. Оваа оскаровкса вечер ќе биде заборавена за брзо време, зашто нема што да се памети од неа.

БОНУС: Збор два за Миланка - Човекот наречен храброст. Многу беше непристрасна и воопшто не се забележуваше за кого навива. Браво. Друго мора помалку да збори, зашто уништува моменти, ама ај оваа година немаше нешто посебно да уништи тапа беше сценариото за оскариве.
 
Досадни оскари подосадни амин... предвидливи беа

Џорџ Клуни, Џоли/Пит, Алба, Меган Фокс, Вил Смит, Џек Николсон, Пачино, Де Ниро...каде беа вчера било кој од овие ликови?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom