дах не заебавај барем тебе ти е познат поимот здружен труд и здужени средства,сите работеа е сега некој е во загуба годинава друга фирма ке го покрие следната година обратно така да и овците на број и волкот сит. Мислиш сега ги нема тие пари во македонија ? ги има бе луртз само сега разликата е во тоа што парите се сконцентрирани во огромен број кај 1% од населението и уште нешто кај 4% значи вкупно 5% од вкупното население ( само не знам што ке им се толкави пари у гроб ли ке ги носат или синовите и зетовците ке им ебат матер ) тоа е проблемот што не е распределена парата како што треба,што е сконцентрирана кај мал борј на луѓе паласпури не дека неможе и сега како тогаш.
Грешка си го разбрал концептот на здружен труд!
Не се однесува на взаемно помагање помеѓу фирмите (кои се под државна капа), туку требало да се однесува на титуларот на сопственоста.
Значи, според тој концепт, афирмиран и применет со Уставот на СФРЈ од 1974 година, работните луѓе го здружуваат својот труд и го формираат ООЗТ (основна организација на здружен труд), кое понатаму може да се здружи со друго ООЗТ и да створат ОЗТ (организација на здружен труд) која ги застапува интересите на двете или повеќе ООЗТ и настапува како заедница на сите ООЗТ.
Оттука, се менува титуларот на сопственоста на фирмите, т.е. од државата преминуваат на општеството (преку работниците), и, демек, фабриките се на работниците, а всушност се сечии и ничии...
Државата вели фабриките се на работниците преку ООЗТ, а самите работници не се грижат претерано за нив, ниту пак можат како свое нешто да си го земат дома... не учествуваат во покривањето на загубите и сл...
Промашен концепт...
А загубите се покривале на друг начин:
Другарот Еди Којси, директор на ОЗТ А, испраќа писмо до Другарот Еди Којси, директор на банка, во која бара кредит за покривање на тековната загуба, сето тоа поткрепено со некаква програма за стабилизација и враќање на кредитот...
Бидејќи и двајцата другари се членови на Комитетот, и другарите од Комитетот велат дека треба да се помогне, Другарот Еди Којси од банката дава кредит...
Палијативно е покриено ОЗТ, ама одгодина пак исто...башка...банките имаат никакви пласмани.
Кон средината на 80-тите имало голем бран на спојувања на повеќе ОЗТ, се со цел да се обезбеди баш тоа да си ги покриваат загубите...што заврши неславно, и уште потрагично дури и за успешните.