Филмски факти и занимливости

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
BAck To The Future, почнале да го снимаат со Ерик Столц, али као што се гледа и од клипов, многу чудно/сериозно изгледа(л), не го доловува ликот како што треба, па после 5 недели снимање го мењаат (jej!) со Мајкл Џ. Фокс :

Да се надоврзам со една занимливост за филмов. Нортон е антипушач. Неговиот лик во The Score било предвидено да пуши, но откако Нортон одбил да го направи тоа зашто не може да поднесе цигари, сценариото било изменето.

Ама за да го одигра Нараторот во Fight Club прифатил да пуши.
 
Нортон не пуши цигари во Fight Club.

Само ги "пафка" :) 00:52:53

или

fnekiu.jpg
 
Во филмот Spice world, Херкул Поаро (Хју Лори (Др. Хаус)) ќе сака да ја обвини Ема Бантон (плавата од Спајс Грлс), но откако таа слатко ќе му се насмее, Поаро ќе обвини невин човек за злосторство.
 
Откако ја прочитал книгата "Kokuhaku" режисерот на истоимениот филм, Tetsuya Nakashima веднаш се решил и сакал Takako Matsu да ја игра една од главните улоги, наставничката. Доколку она одбиела, немал да го снима филмот.
 
За филмот 12 Мonkeys, режисерот Terry Gilliam сакал главната улога да биде на Џеф Бриџис, со кого уживал да работи при снимањето на филмот The Fisher King. Но, студиото сакало поголема ѕвезда, па го зеле Брус Вилис. Иронично, Брус Вилис бил на аудиција за The Fisher King, но ја изгубил од Џеф Бриџис.
 
Една занимливост од приватниот живот на Ентони Хопкинс.
Хопкинс бил тежок алкохоличар во 70 тите години. Гледал само да седне на шанк на било која забава и пиел додека го држат нозете. По приватна сугестија на пријател дека ќе се самоуништи како тргнал, престанал да пие и се посветил повеќе на кариерата.
Инаку се срами од многу филмови кои ги направил, не го поднесува Холивуд воопшто, и приватно се средил откако ја сретнал својата сопруга во 2005 година во антикварница. Имено жената му била голем фан и работела таму. Хопкинс на доцни години ја сретнал љубовта на својот живот.:cool:
 
Абе филмаџии да ве прашам....оти сериите шо се на тв било индиски, турски, српски, хрватски не е важно имаат поинакво снимање, поинаква слика, а класичен филм од 100-ина минути има поинаква слика, некако пофилмска, по smooth е некако...не знам како да објаснам...тоа е оти користат различен тип на камери или...?
 
За кино се снима со камери кои фаќаат приближно 24 слики во секунда (fps).
За телевизија се снима со телевизиски камери со 25 fps според PAL стандардот или со 30 fps според NTSC стандардот.

Ама кај и да е и киното ќе се модернизира и ќе почнат да снимаат со побрзи камери. Аватар пример бил сниман со камери на 48 фпс, а исто и The Hobbit го снимаат со 48ки.
 
Абе филмаџии да ве прашам....оти сериите шо се на тв било индиски, турски, српски, хрватски не е важно имаат поинакво снимање, поинаква слика, а класичен филм од 100-ина минути има поинаква слика, некако пофилмска, по smooth е некако...не знам како да објаснам...тоа е оти користат различен тип на камери или...?
И јас го имам приметено ова и не мислам дека се работи само за фрејмовите туку и ефектите. Воопшто не се разбиравм во техники на снимање ама приметувам голема разлика помеѓу еве да кажеме турска серија и американска серија. Најверојатно се работи и за буџетот, има големи разлики во начинот на снимање, светлината, бојата, контрастот и самиот изглед на сцените општо. Овие турскиве изгледаат ненормално аматерски. За хрватските серии да не зборам, ама како што реков, најверојатно е до буџетот и квалитетот на режисерите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom