- Член од
- 4 август 2010
- Мислења
- 318
- Поени од реакции
- 189
Никој не може да ти го скрати правото да бидеш така како што се осеќаш, но искрено, правите циркузи.
Дозволувате мозокот да ви го перат и да бидете обичен инструмент за исполнување на нечии интереси - кои не се баш народни.
Ве гледаат само како обични гласови кои ќе им обезбедат плата во парламентот доживотно.
Јас, а и многу како мене, ги прифаќаат торбешите како Mакедонци и отворени се за секој торбеш кој се осеќа така - а секој до сега што сум го запознал потврдил дека е македонец, а не посебна нација... ама како сакаш, твој избор.
Но, со самиот твој избор и во најлошиот момент ти одиш контра на оваа држава која е на стаклени нозе, а не верувам дека во друга ќе имате право да бидете посебен етникум.
ПС Ако можат шпанци, холанѓани, англичани и африканци да кажуваат и да се чувствуваат ко американци, не гледам зошто вие би имале проблем да се чувствувате ко Македонци.
ППС Ако мислиш дека со тоа што ќе се поделите ќе добиете подобар живот-се лажете, самите одите во насока во која навистина ќе бидете дискриминирани. Да тргнеа вашите политичари по други стапки и да направеа пропаганда во која ќе ја кажеа вистината - дека сте Македонци, друга песна би било и многу подобро ќе се интегриравте во општеството - а дури и кај оние со предрасуди би добиле позитивни поени...вака само правите поголем раздор.