Препорака за нов автомобил

  • Креатор на темата Креатор на темата Lu
  • Време на започнување Време на започнување
Да сум јас на твое место со моментално 13к евра би одел на Астра ГТЦ бензин 1.6(ако може да се земе за 13к)и без размислување би ја зел со 2/3врати црна изгледа феноменално.И не верувам дека ке има некој/а низ град кој/а нема да ти завиди.

Да да права ѕверка е ,и исто така и јас би зела црна - елегантна и агресивна.

14313026.jpg

А што мислење имате конкретно за Kia Pro Cee'd ,некако мене и таткоми најмногу не влече Pro Cee'd

Јас го спомнав Меганот,али мислам дека е повеќе од 12/13000 евра.
Инаку ако добро ги видеше сликите јас зборам за претходната Астра гтц ,а не зборам за оваа најновата
Оваа претходната генерација ГТЦ е 12тина 000 евра,а не над 16.000
А за овие останатите 207,корса,ибица,поло се Б класа нас ни треба автомобил од Ц класа бидејќи ќе биде фамилијарен и треба да биде поголем/покомтен,а не некое кутивче.
А што подразбирап ти под фамилиарен автомобил? нешто огромно? колку простор мислиш дека ти треба? Еве нешто ако толку ти е пресуден просторот, а и многу пари ќе заштедиш
http://koli.com.mk/kratok_opis.aspx?id=1046
 
Под фамилиарен автомобил подразбирам автомобил од Ц класа (или како ги викате Компакти или Голф класа)
А не од Б класа како што се Корса,Ибица,Поло,207,Клио,Ц3,Пунто и уште еден куп да не ги набројувам сега.
Од Ц класа најмногу ме влече Kia Pro Cee'd,Seat Leon,Opel Astra GTC,...
Тие се ем фамилијарни ем спортски 2 во 1.
 
Да и Голфот 6 е одличен,али мислам дека 15.000тина кошта,а ние би издвоиле 12/13.000 ама во кеш неќеме да се мавтаме со банки,кредити,лизинзи и што ти ја знам,сакам мирна глава да ми биде.
А зошто не Kia Pro Cee'd,баш таа ни е прва на листата,не сме чуле некој да се пожалил од Kia Ceed и Pro Cee'd.
BTW женско сум,и сум ги постираЛА сликите (а не постирал) .

Не мора некој да се пожали на нив, за да не купиш таква кола. 11-12.000 евра секако не се малку пари и кола не се купува секој ден, па покрај ваквиот избор што вклучува и Германски брендови, барем мое мислење е дека нема зошто да завршиш со перална од Кореа.
 
Јас го спомнав Меганот,али мислам дека е повеќе од 12/13000 евра.
Инаку ако добро ги видеше сликите јас зборам за претходната Астра гтц ,а не зборам за оваа најновата
Оваа претходната генерација ГТЦ е 12тина 000 евра,а не над 16.000
А за овие останатите 207,корса,ибица,поло се Б класа нас ни треба автомобил од Ц класа бидејќи ќе биде фамилијарен и треба да биде поголем/покомтен,а не некое кутивче.
Шкода Фабија, иако технички спаѓа во Б класа, е покомфорна од многу возила од Ц класа. Не верувај ми на збор, оди во авто-салон, седни во колите, па спореди. За 11 800 евра (ова без попусти, кои сигурно би ги добила ако плаќаш во кеш) можеш да ја земеш со добра опременост и со мотор 1.2 ТСИ кој е многу подобар од било што што за слични пари планираш да го земеш во Ц сегментот, и со кој колата и вози “спортски“, а не само да изгледа спортски.
 
хјундаи и киа се јужно корејска кола и се најквалитетна и никој нема пожалено,а што се однесува на изборот за тие пари што ја имаш
би одбрал
МИЦУБУШИ ЛАНСЕР

mitsubishi_lanser_s_01.jpg

ШЕВРОЛЕТ КРУЗ

chevrolet_cruze_rear_view.jpg

И да не постирам многу како и да е сите се квалитетни ново си е ново само има некои забелешки за околу моторот на пример ако е за дизел најдобро се покажа VW,сеати и шкоди,а за бензинецот тие што ги одбра;) И НЕ СЕ БРЗАЈ ОКОЛУ ИЗБОРИТЕ,ПАТЕМ ХЈУНДАИ И КИА НЕМА ДА ГИ ЗГРЕШИШ АКО ОДБИРАШ ДОБРИ СЕ ТИЕ КОЛИ ;)
 
Овде ке добиеш милион одговори повеќето различни ко на пример ја би купил Леон во душа ми е колата и ке ти одговорев купи леон друг друго. Најубаво отиди по салоните разгледај ги убаво колите најверојатно ке ти дадат и да ја тестираш колата некој километар која најубаво ке ти легне таа земија нема да згрешиш зошто ке знаеш декаси ја одбрала правата кола :smir:
 
Дефинитивно оди во салоните и седни во автомобилите, а ако ти дадат (а обично даваат) тест возење, направи го и тоа. Дури тогаш ќе стекнеш вистински впечаток што најмногу ти одговара. Исто така, распрашај се околу плаќањето - ако плаќаш во кеш, сигурно ќе добиеш некој попуст - колкав, зависи од дилерот.

--- надополнето ---

Инаку, дизел мислам дека не се исплати, освен ако не планираш да поминуваш накај 15 000 км и повеќе годишно.
 
Најпогодно време за купување на нова кола мислам дека е месец февруари, за моделите од претходната година. Тогаш се најниски цените.
Јас лично би одел на варијанта седанче, со 4 врати. Опел, за оваа класа на возила, а на крај памет не би зел Киа, или нешто слично... многу ми се некако... да не кажувам појќе најдобро. :)
 
Да додадам уште еден предлог: за 13 490 евра (на кои би добила попуст сигурно) можеш да земеш добро опремен Шкода Јети, кој е доста комфорен, а доаѓа со 1.2 ТСИ (105 КС) мотор со 6 брзини - можеби ова би му било битно на татко ти :wink:
 
Баш до сега разгледував за автомобили и многу луѓе го фалеа Форд Фокусот 1.6 Тренд.
За Фокусот 1.4 велеа дека е многу тром и дека трошел многу,а додека за 1.6 чув многу пофалби и мислам дека за 1.6 цената беше околу 12.500 што е коректно.
И плус на пролет доаѓа новата генерација на Фокус,а ние баш на пролет сакаме да купиме автомобил,па мислам дека би ни дале и попуст бидејќи плаќаме во кеш.

Исто така заборавив да ги спомнам Toyota Auris и Peugeot 308 и тие се наоѓаат до кај 13.000.

Како и да е изборот е огромен и најдобро е да си направиме тест возење на сите модели и да одлучиме кој да го избереме.
Има време до април/мај сигуно ќе дојдеме до потесен избор.
 
Шкода Фабија, иако технички спаѓа во Б класа, е покомфорна од многу возила од Ц класа. Не верувај ми на збор, оди во авто-салон, седни во колите, па спореди. За 11 800 евра (ова без попусти, кои сигурно би ги добила ако плаќаш во кеш) можеш да ја земеш со добра опременост и со мотор 1.2 ТСИ кој е многу подобар од било што што за слични пари планираш да го земеш во Ц сегментот, и со кој колата и вози “спортски“, а не само да изгледа спортски.

Се слагам, за комотноста си е сосема ок пошто и јас сум сопственик на овој модел Шкода Фабија плус го има истиот мотор ко Ибицата и Полото

--- надополнето ---

Овде ке добиеш милион одговори повеќето различни ко на пример ја би купил Леон во душа ми е колата и ке ти одговорев купи леон друг друго. Најубаво отиди по салоните разгледај ги убаво колите најверојатно ке ти дадат и да ја тестираш колата некој километар која најубаво ке ти легне таа земија нема да згрешиш зошто ке знаеш декаси ја одбрала правата кола :smir:

А и јас исто би препорачал Леон пошто и мене во душа ми е колата плус си добиваш Голф за 13000 евра, го имаш истиот мотор и деловите на Голф, пошто групацијата Volkswagen го поседува Сеат, така да германска машина си е германска машина
 
Баш до сега разгледував за автомобили и многу луѓе го фалеа Форд Фокусот 1.6 Тренд.
За Фокусот 1.4 велеа дека е многу тром и дека трошел многу,а додека за 1.6 чув многу пофалби и мислам дека за 1.6 цената беше околу 12.500 што е коректно.
Јас, лично, тоа би го избрал од Ц сегментот. И генерално за сите возила од таа класа важи дека 1.4 моторите се слаби и воглавно предвидени само за градско возење. Но, рачунај и дека за автомобил со запремнина над 1.4 литри плаќаш поголеми трошоци за регистрација (не сум сигурен точно колку).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom