Препорака за нов автомобил

  • Креатор на темата Креатор на темата Lu
  • Време на започнување Време на започнување
L

Lu

Гостин
Бидејќи гледам на овој дел од форумов има доста луѓе што се разбираат од автомобили и имаат искуство со автомобили си реков да ве прашам за мислење.

На пролет април/мај планираме да купиме нов автомобил и сега се двоумиме помеѓу неколку марки на автомобили.
Автомобилот сакаме да биде Голф класа (или Ц класа,мислам дека ја погодив класата :kesa:)

Е сега се мислиме дали да биде автомобилот бензинец или дизел (досега не сме имале дизел автомобил,сите ни биле бензинци)

Се мислиме помеѓу неколку модели

Најмногу ни се допаѓа
Kia Pro Cee'd


Hyundai i30


Seat Leon


Ford Focus


Opel Astra GTC


До кај 12/13.000 евра ќе издвоиме за еден од овие автомобили.
Предложете и вие некој модел до оваа цена.
 
Од овие што си ги постирал би ти ги препорачал Опелот или Сеат Леон. Братучед ми има Форд Фокус бензинец...му троши како воз. Опел исто како и Голф си е супер, типечен германец. Хјундаи и Киа нејќам да ги гледам :)
 
Да и Голфот 6 е одличен,али мислам дека 15.000тина кошта,а ние би издвоиле 12/13.000 ама во кеш неќеме да се мавтаме со банки,кредити,лизинзи и што ти ја знам,сакам мирна глава да ми биде.
А зошто не Kia Pro Cee'd,баш таа ни е прва на листата,не сме чуле некој да се пожалил од Kia Ceed и Pro Cee'd.
BTW женско сум,и сум ги постираЛА сликите (а не постирал) .
 
Епа сеа вака пошто твоите се спремни да издвојат добра сума на пари,прво би те прашал каков тип на автомобил сакате???Нешто повеќе на спортско,поекономичен??Форд-от,опел-от и 6-та ти се коли кој бараат посебен третман на одржување и коли кои малце повеќе трошат за разлика од Хјундаи-то и Киа-та.Сеат Леон многу повеќе тера накај спортска кола отколку фамилијарна.Мој совет ти е да си разгледаш малце на нет повеќе зашто има многу повеќе избор освен овие ти што си ги ставила на пример:Fiat Linea,Peugeot 207:toe:
:salut:И да пишеш за што се одлучи:helou:
 
Брате, нели си стигнал да прашуваш на форум за совети за автомобил со лесно нека ти е.
Поубаво ќе ти е да отидеш до некој механичар, и да си направиш муабет, нема да згрешиш.
Али Волксваген не е тоа што е бил, квалитетот е каде каде намален, каросеријата е многу помалку издржлива, и лично сум сведок на Голф 5ка, половина скапан, и тоа купен од западните пазари.
Опелот шо знам, не се лоши бензинците али не ги купуваат многу, до што ќе да е, не знам.
 
Ако сакаш совет, тогаш прецизирај за што првенствено ти треба колата, дали е фамилијарна, дали само ти ќе ја користиш, колку често ќе ја користиш, дали ти е само за по град?
Астра-та и Киа-та не се фамилијарни коли, тие ти се за п град, купи само ако максимум 2-ца ќе ја возите. Од коливе што ги наброја Фокусот е дефинитивно најдобар избор.
 
Доколку јас би бирал од коливе SEAT Leon дефинитивно
 
Епа сеа вака пошто твоите се спремни да издвојат добра сума на пари,прво би те прашал каков тип на автомобил сакате???Нешто повеќе на спортско,поекономичен??Форд-от,опел-от и 6-та ти се коли кој бараат посебен третман на одржување и коли кои малце повеќе трошат за разлика од Хјундаи-то и Киа-та.Сеат Леон многу повеќе тера накај спортска кола отколку фамилијарна.Мој совет ти е да си разгледаш малце на нет повеќе зашто има многу повеќе избор освен овие ти што си ги ставила на пример:Fiat Linea,Peugeot 207:toe:
:salut:И да пишеш за што се одлучи:helou:

Па да повеќе сакаме спортско автомобилче,најмногу не влече Kia Pro Cee'd и Seat Leon а не е лошо ни Reno Megane купе али мислам дека е повеќе од 12/13 000.

Инаку мајками е неутрална,вика што ќе одлучите вие тоа купете,а јас и татко ми повеќе не влече спортско количе како Про сид и Леон.
И да пожелно е да биде поекономично,да не троши како ламја како што кажа некој погоре за Фокусот.
Ќе ја возиме 90% во град и сите тројца ќе ја возиме,а јас ќе ја возам за 1 година бидејќи имам 17 години и намам положено.
И да,овие што ги поставив 5/6 модели не се конечни,затоа и вие предложете уште модели.
 
Јас сум голем фан на Мицубиши Лансер. Работев еден проект и ме возеа со такво количе и у срце го носам. :)
 
Многу очаен почеток на темaва. Овие швабиве што си ги ставила тешко дека ќе ги најдеш нови за тие пари, Леонот и Астрата ти се од 16.000 па нагоре, Фокусот е малку поефтин. Јас мислам според желбите и буџетот да си го земеш Хјундаито. И би ти препорачал да размислиш за Меган, 207, Корса, Ибица, Поло.
 
Па да повеќе сакаме спортско автомобилче,најмногу не влече Kia Pro Cee'd и Seat Leon а не е лошо ни Reno Megane купе али мислам дека е повеќе од 12/13 000.

Инаку мајками е неутрална,вика што ќе одлучите вие тоа купете,а јас и татко ми повеќе не влече спортско количе како Про сид и Леон.
И да пожелно е да биде поекономично,да не троши како ламја како што кажа некој погоре за Фокусот.
Ќе ја возиме 90% во град и сите тројца ќе ја возиме,а јас ќе ја возам за 1 година бидејќи имам 17 години и намам положено.
И да,овие што ги поставив 5/6 модели не се конечни,затоа и вие предложете уште модели.

Ко што гледам тој леонот 1,4 со 85 коња и потрошувачка од 6,3 литра е сосем солиден избор за 13000 евра, е сега не знам како ќе биде со дополнителната опрема освен ако не ти даваат фул опрема ако платиш у кеш, за корсата знам дека е така и клима даваат и електроника на прозори, и кодиран клуч и радио гратис доаѓа
 
Многу очаен почеток на темaва. Овие швабиве што си ги ставила тешко дека ќе ги најдеш нови за тие пари, Леонот и Астрата ти се од 16.000 па нагоре, Фокусот е малку поефтин. Јас мислам според желбите и буџетот да си го земеш Хјундаито. И би ти препорачал да размислиш за Меган, 207, Корса, Ибица, Поло.

Јас го спомнав Меганот,али мислам дека е повеќе од 12/13000 евра.
Инаку ако добро ги видеше сликите јас зборам за претходната Астра гтц ,а не зборам за оваа најновата
Оваа претходната генерација ГТЦ е 12тина 000 евра,а не над 16.000
А за овие останатите 207,корса,ибица,поло се Б класа нас ни треба автомобил од Ц класа бидејќи ќе биде фамилијарен и треба да биде поголем/покомтен,а не некое кутивче.
 
Јас би бирал Опел Астра H со 5 врати ако барам нешто комотно и фамилијарно.
 
Да сум јас на твое место со моментално 13к евра би одел на Астра ГТЦ бензин 1.6(ако може да се земе за 13к)и без размислување би ја зел со 2/3врати црна изгледа феноменално.И не верувам дека ке има некој/а низ град кој/а нема да ти завиди.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom