Новогодишната еуфорија изостанува?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Јас поминав во неколку маркети (кам, тинекс) беше празно. Имаше гужва низ град, ама не онаа стандардната. Сепак еден ден пред нова година Скопјево знаело да биде преполно.

Еве што вика една анкета за тоа кај ќе се слави нова година:

Прегледај го приврзокот 38576

:) Според кого е таа анкета? Деновиве се само анкети. Утре веројатно ќе видиме анкета што ќе вели поинаку :) . А задутре пак, куп пијани луѓе, кои патем добро ќе им помогнат на дистрибутерите на алкохолни пијалоци да си направат анкета за потрошени алкохолни пијалоци по глава на жител :)
 
Хаха баш има еуфорија и мислам дека 2011 ќе биде подобра од 2010 :)
п.с. Каква врска има политиката со Нова Година? Мешате политика секаде :) Ама ако веќе ја мешаме, не гледам нешто неубаво на политичката сцена :) Овој месец најубав ми беше од годинава :)
 
Ве исплатија за тутунот како што баравте!? Ако да, не се буни тогаш :pipi:

Може да е и така, мене искрено нова година ми е срање со или без пари, се пијанам за побрзо да ми помине. Смислата за забава со соодветна музика заедно со пијани турбофолкери ми е срање. Бар за Прилеп зборувам, овде стварно се осеќа влијанието на економската ситуација, кој и да е на власт исто ќе е, да не се сфатиме погрешно. Но можеби и луѓето ја надминаа смислата за просклавување на нешто безначајно :)


Ма каква еуфорија бре луѓе, се е отидено у аут. Луѓето немаат париии. Не е само една вечер, после пред нив е цел месец за крпење.
Башка или на работа си другиот ден или треба да седнеш да учиш:toe:
Иначе денес официјално почна да се осеќа некое расположени кај народот, посебно во Скопје. Преполнет градот, сите се надвор и сите негде брзаат.
Убаво е да гледаш насмеани лица, сакам кога сум насмеана, се надевам дека некој нема да ми расипе расположение.
Во секој случај, каде и да сте, со кого и да сте, поминете си убаво, уживајте колку што можете повеќе, не се пијанчете:star: и дочекајте ја Новата година со раширени раце!
 
Ејјј добро е бе. Сеа, индивидуално е кој како си ја доживува Нова Година и пропратните празници, ама колку повеќе позитивци, толку подобра Општо-Новогодишна ситуација:D.
 
ШИТ ! Не се осеќа никаква еуфорија,никаков филинг дека е НГ,патем не знам зошто сите толку возбудени леле НГ што ќе купам да носам бла бла бла....е што треба да носеш толку посебно за НГ тоа ти е обична ноќ како и секоја....а за повеќето гледам им е побод да се испијанчат.Епа ако е за тоа мене секоја втора ден може да ми биде НГ.
 
Тие што имаат трошат ненормално а тие што немаат ако треба цела година леб не ке јадат само за да прослават нова година, зависи од лугето.
Кај ке славиш шо ке славиш :) глупости 2000 денари да ги спукам за една вечер покрај турбо певаљка:nenene: нема шанси ..
Денес морав да се туркам во продавница, нервоза ме фати ке попиздев не за друго ме претворија во продавачка , девојче ај повисоко си подај тоа теглата со мајонез, па една друга дај кечапот..
Мене нишо не ми значи нг така да ке го послушам охридскион токмак и ке славам на плоштад со македонската снајка и белов...:)
 
Народот нема пари, нема ни новогодишна еуфорија. Парите не се се во животот и луѓето треба да бидат задоволни со убавините кои ќе ги пронајдат во малечките работи. Но, тоа светот не го смета за еуфорија нели? - Туку за скромност. Еуфорија би било кога би се расфрлале пари на сите страни, за богата трпеза, подароци, декорирање на куќите и становите со најразлични украси како во филмовите. Жално, ама економската пропаганда има многу голема моќ и влијание.
 
Хаха баш има еуфорија и мислам дека 2011 ќе биде подобра од 2010 :)
п.с. Каква врска има политиката со Нова Година? Мешате политика секаде :) Ама ако веќе ја мешаме, не гледам нешто неубаво на политичката сцена :) Овој месец најубав ми беше од годинава :)

да и ќе биде според кинезите 2011 е година на Зајакот што претставува среќна година на сите полиња па и на материјалното, инаку од лани почнав да им верувам бидејќи годината во тигар како што и пишуваше беше најлоша година се што предвидоа и се случи, така ова киезите ми влеаа позитивна енергија и оптимизам за догодина, ова ептен дека сум очајна за работа :toe:

Епа каде и да сте СРЕЌНА И НАЈСРЕЌНА 2011 ГОДИНА!
 
Досадно е веќе 2011 години по ред да се чека Нова Година. Дај да паузираме едно 10 години и ќе биде пак еуфорија. И ова сериозен сум. Народов се презасити. Со тек на годините ке опаѓа еуфоријата, освен кај малолетниците зашто тогаш можат да седат до сабајле, и ке стигне до некоја точка кога ке биде само обична вечер во годината.
 
Никогаш не сум боледувал од Prasnicus Euphoria.За мене празниците се уште еден начин да те анално да те злоупотреби системот.
 
Се слагам дека нема никаква атмосвера воопшто не осеќам дека е нг ако не видам датумот мислам дека е обичен викенд дали дека немало пари незнам да неможе една 1000ка да се одвои за нг туку мислам дека нема желба кај народов смачено им е од се
 
Па тоа е. Не е интересно веќе, може секоја вечер да ти е нова година во годината. Кафичи дискотеки, маркети јадење пиење преку глава.

да и тоа за дупло помали пари...
 
Ведрото празнично расположение може секој да го разбуди од себе само ако сака. Не се потребни многу средства или воопшто не се потребни за да се постигне тоа. Јас последниве недели во намера да го разбудам новогодишниот дух изгледав неколку божиќни филмови, на плеерот пуштав божиќни песни, си купив некој интересен детал за на елка дома, си ја украсив исто работната канцеларија. За нова година не трошам воопшто, таа желба за трошење и славење во кафичи ми помина во тинејџерските години.
Многу мали нешта можат да го подобрат расположението, се е до нашата глава. Проблемите не бегаат и понатаму ќе си постојат но ова е шанса да се заборават за кратко. Следат убави денови, па секој нека си ги помине најдобро како што знае!

 
Тоа е точно да на мене ми е така на пример јас иам 16 години и како поминуваат годините се помалку и помалку сум еуфоричен за нова година нз зашо е така !
 
Снег нема,
пиротехнички средства уште помалце(мислам најмирна досеа во тој поглед),
пари најмалце,
еуфорија ич(барем мене така ми се гледа).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom