Новогодишната еуфорија изостанува?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
277
Возраст
38
Имам впечаток дека секоја година, еуфоријата се чувствува се помалку и помалку.

Особено оваа година како да ја нема.

Го нема стандардниот метеж по улиција, маркетите се скоро празни,а најголемиот дел од луѓето новогодинешната ноќ ќе ја пречаат во домашни услови.
 
Па тоа е. Не е интересно веќе, може секоја вечер да ти е нова година во годината. Кафичи дискотеки, маркети јадење пиење преку глава.
 
Точно и тоа го гледам по едно другарче со кафиќ... претходниве години преташе народ, годинава е празно и рече затворам за нг... и се познава голем дел ја изостави таа еуфорија...
 
Така е, уопште не е исто...мрачни времиња со мрачни...ај да не навлегувам прв во политика, секако таму ќе се забележи коренот на причината зашто е ситуацијата ваква :)
 
Не знам како вас ви изгледаше денов, ама денес (да тргнеме протест на страна), градов, односно сите продавници беа во невиден метеж.
Луѓе буквално трчаа од продавница во продавница. Се збореше за поклони купување за дечковци/девојки, за мајки/татковци, браќа/сестри.

Баш напротив, јас за оваа година добив впечаток дека еуфоријата е каде каде поголема одошто лани.
Плоштадот единствено е ладен пошо е затворен од сегде, ама се’ друго буквално трча:)
 
Можеби беше така деновиве, можеби секој годинава чекал плата (до последен момент), ама денес во центар беше лудница. Еден куп луѓе (некои намирисани со парфеми на пот :nesvest:), Верото и Кам маркет што се во ГТЦ беа преполни... И не ми е јасно засто во сите големи маркети (Тинекс, Веро...) има по 8, 10, 12... каси, а секогаш работат 3?
 
Кај нас во Кочани е нај раздвижено до сега! Маркетите - неможеш круг да завртеш, улиците метеж...
 
Не знам како вас ви изгледаше денов, ама денес (да тргнеме протест на страна), градов, односно сите продавници беа во невиден метеж.
Луѓе буквално трчаа од продавница во продавница. Се збореше за поклони купување за дечковци/девојки, за мајки/татковци, браќа/сестри.

Баш напротив, јас за оваа година добив впечаток дека еуфоријата е каде каде поголема одошто лани.
Плоштадот единствено е ладен пошо е затворен од сегде, ама се’ друго буквално трча:)
оти сам себе се лажиш јас стварно незнам
 
Така е, уопште не е исто...мрачни времиња со мрачни...ај да не навлегувам прв во политика, секако таму ќе се забележи коренот на причината зашто е ситуацијата ваква :)
Можеби причината е таму, но повеќе ми изгледа дека поставувањето на новиот начин на прославување на празниците пред, за и по Нова година е главна причина што самиот чин на пречекот на Нова година е се повеќе маргинализиран, заради фаворизирање на Божиќните празници, кои во минатото пак беа маргинализирани заради фаворизирање на Нова година (зборувам за претходниот систем кој црковните празници ги маргинализираше и забрануваше). Се на се ова го сфаќам како прилагодување кон новото ( за некои старо) време...
 
оти сам себе се лажиш јас стварно незнам
Ете поубаво ми е да верувам дека има луѓе кои сепак се чувствуваат поубаво за празниците.:tapp:
Ако тебе ти се погодиле деновиве намуртени луѓе, јас денес видов многу весели фацки.
 
Можеби причината е таму, но повеќе ми изгледа дека поставувањето на новиот начин на прославување на празниците пред, за и по Нова година е главна причина што самиот чин на пречекот на Нова година е се повеќе маргинализиран, заради фаворизирање на Божиќните празници, кои во минатото пак беа маргинализирани заради фаворизирање на Нова година (зборувам за претходниот систем кој црковните празници ги маргинализираше и забрануваше). Се на се ова го сфаќам како прилагодување кон новото ( за некои старо) време...

Може да е и така, мене искрено нова година ми е срање со или без пари, се пијанам за побрзо да ми помине. Смислата за забава со соодветна музика заедно со пијани турбофолкери ми е срање. Бар за Прилеп зборувам, овде стварно се осеќа влијанието на економската ситуација, кој и да е на власт исто ќе е, да не се сфатиме погрешно. Но можеби и луѓето ја надминаа смислата за просклавување на нешто безначајно :)
 
Годинава е најтапа според мене го нема оној метеж по улиците,маркетите се речиси празни па и улициве.
 
Еуфорија има..Дефинитивно помалку од претходните години,но сепак доволно за да ме нервира..Мразам колективна еуфорија,мразам нови години,1-ви маеви,8-ми мартови и слични празници
 
Еуфорија има..Дефинитивно помалку од претходните години,но сепак доволно за да ме нервира..Мразам колективна еуфорија,мразам нови години,1-ви маеви,8-ми мартови и слични празници

И јас, посебно кога главниот забавувач е турбо (или не турбо) фолк музика...од повеќе мина имам слушнато декатаа била музика за пиење и за веселење...доџи и убиј ме :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom