Волшебна формула за дивоградбите

Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Со законот се предвидува за легализација на куќа-дивоградба да се плаќа 0,5 проценти од вкупниот годишен приход на членовите на семејната заедница остварен во претходната година, помножен со вкупната површина во квадратни метри што ја има објектот. Рокот за плаќање ќе биде шест години

м2 х 0,5% :72= рата легализација
По усвојувањето на предлог-законот за легализација на бесправно изградените објекти од Владата денеска сите што имаа дивоградба правеа пресметки колку ќе ги чини операцијата. Оние што немаат дивоградби, пак, можеби се прекоруваа зашто дале огромни суми за регуларна легализација, а не го почекале „попустот“. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, објаснувајќи го делот за плаќање комуналии за легализација даде пример како и колку ќе чини легализацијата на куќа од 100 квадрати. Тој објасни дека висината на надоместокот за бесправно изградените куќи ќе изнесува 0,5 проценти од вкупниот приход на членовите на семејството, помножен со квадратурата на објектот.

- Ако едно семејство има приход од шест илјади денари или годишен приход од 72 илјади денари и доколку неговата куќа е 100 квадратни метри, треба да плати шест илјади денари годишно. Значи, еден месец приход - годишна рата. Во зависност од тоа колку едно семејство има приходи, еден месец од приходите треба да ги намени за годишна рата за легализација на неговата куќа - појасни министерот Јанакиески.

Ние, пак, направивме и споредба колку изгубиле (преплатиле) оние што комуналиите ги платиле според законот и не дозволиле да имаат дивоградба. На пример, ако имате куќа од 100 квадратни метри во општината Ѓорче Петров, тогаш регуларно би требало да си платите околу 10.000 евра за комуналии. Со новиот закон, ако сте ја изградиле без документи, сега тоа ќе ве чини, како што појасни министерот, околу 7.000 евра на 72 рати, за шест години. Ем 3.000 евра поевтино ем на рати.

- Ова е историска шанса и очекувам најголем дел од граѓаните да учествуваат во овој процес на легализација - изјави министерот Јанакиески.

За легализацијата на станбените куќи и градбите наменети за производство, дистрибуција и сервиси ќе бидат задолжени општините, додека легализацијата за градби од значење на државата ќе ја спроведува Министерството за транспорт и врски. За да се легализираат бесправно изградените објекти, ќе треба да се поднесат барање и соодветна документација до надлежниот орган во рок од шест месеци од денот на стапување во сила на законот, по што во период од три месеци треба да се утврди дали се исполнети условите за издавање урбанистичка согласност за потврдување на бесправната градба во идната урбанистичка планска документација. Со законот е предвидено и плаќање надомест за утврдување правен статус на бесправната градба, кој ќе треба да се намири во рок не подолг од шест години. За оние, пак, што имаат дивоградба на државно земјиште, ќе треба да поднесат барање за откуп во рок од три месеци, доколку не го сторат тоа ќе склучат договор за закуп со државата. Сите што нема да се легализираат, ќе бидат уривани во согласност со Законот за градење. Важноста на законот за бесправно изградени објекти е осум години. Од плаќање надоместок ќе бидат ослободени корисниците на постојана социјална помош.

Предлог-законот енигма за стручната јавност

Од Асоцијацијата на архитекти на Македонија велат дека досега не го виделе текстот на предлог-законот, иако биле многу заинтересирани да дадат свој придонес во решенијата што ќе се понудат за легализација на дивоградбите. Од асоцијацијата велат дека треба многу да се внимава при легализацијата на објектите, бидејќи за секој објект треба да се обезбеди целокупна базична информација.

- За да се легализира некоја дивоградба, треба да се знае колку лица живеат во неа, дали има или нема приклучок за струја и за вода и други основни податоци за објектот. На пример, треба да се знае дали и колку од оние што ќе се легализираат се луксузни вили и хациенди или се шупи и штали. Засега ги немаме овие атрибути, а носиме закон за легализација, тоа не е во ред - ни изјави Даница Павловска, претседателка на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

Предлог-законот не го виделе ниту стручњаците од Градежниот факултет во Скопје, од каде што апелираат до закононосците да внимаваат на проблемот со конструкциите на дивоизградените објекти.
- Не треба легализацијата да се води само од урбанистички план. Треба точно да се знае каква конструкција има тој објект. Ако таа е слабо градена надвор од правилата на статиката, значи е и опасна. Такви градби не треба да се легализираат. Доколку во Законот за легализација не се бара сериозен елаборат за секој објект за неговата структура, конструкција и статика, тогаш самото решение е штетно за сите. Што доколку има земјотрес? Слабоизградените објекти ќе се урнат, а тоа ќе стане општествен проблем бидејќи многу лица ќе останат без покрив на главата - вели Горан Марковски, професор на Градежниот Факултет во Скопје.

Рушење, легализација, попусти - за кој како

Дел од стручната јавност се сомнева во исправноста на понудените решенија со предлог-законот од аспект на подеднакво третирање на сите граѓани во државава. Некои од нив велат дека законското решение што се нуди сега не е фер кон оние т.н. редовни плаќачи.

- Што е со оние што никогаш немале дивоградба, сé граделе легално и плаќале за тоа на државата и на општината? Како ќе се чувствуваат тие? Што ќе речат оние на кои им се срушени дивоградбите, оние што немаа среќа да го дочекаат законот? Вака изгледа дека сите луѓе не се исти пред законите во државава. За некои важат попусти и посебни закони, а за некои се спроведуваше рушење и се плаќаше полна сума комуналии - вели професорот Марковски.

За него, легализација на дивоградба е исто што и легализација на криминал. Тој вели дека со рушење ќе се реши проблемот, а не со легализација која прави штета на сите.

За дивоградба од 100 квадратни метри едно семејство што има во просек месечни примања од 40.000 денари во текот на целата година ќе треба да плати 0,5 проценти од приходите помножени со квадратурата, или во бројки 240.000 денари. Законот нуди можност оваа сума да се плати на шест години на еднакви месечни рати. Па доколку ја поделите на 72 месеци, шест години, ќе испадне дека секој месец треба да плаќате по околу 3.300 денари месечна рата за легализација на вашата дивоградба.
Иако формулата е иста, оваа математика е различна за сите во зависност од тоа колкава просечна плата или друг вид придонеси имаат членовите на семејството во чија сопственост е дивоградбата. Ако тие, на пример, земаат просечна плата од 60.000 денари, за истата стоквадратна дивоградба ќе треба да плаќаат по околу 5.000 денари секој месец во рок од шест години. Тоа значи дека некој ќе плаќа поскапо, а некој поевтино за иста квадратура на дивоградба. Практично побогатите или оние што земаат поголеми плати ќе плаќаат поскапо, а оние другите поевтино.
Автор: Жарко Василевски

Стварно незнам што тука му е волшебно на авторов?На првиот болд човекот пресметал дека оние другите биле оштетени за разлика од сопствениците на дивоградбите.И како за пример ја зема општина Ѓорче Петров иако 90% од дивоградбите се во приградското подрачје и во другите градови.Се прашувам зошто за пример не ја зема општина Чучер-Сандево,каде што комуналите би биле поефтини одколку по новиот закон.Типична македонска работа - јадење гомна за што и да е.Еве на пример и тие што купиле половно возило пред 2 години фактички се оштетени со новиот закон за половни возила - по неговава логика.Исто е и со законот за 1 евро - метар квадратен.Треба да се бунат оние пред нив така.Гарант и мајките што родиле пред 3 години гневни се што не знаеле за новиот закон на грујо ( за второ и трето дете).Каква дискриминација.... Е преку таквото ми е од вакви "професори,експерти" (вториот болд).Каква мисла само...."Слабоизградените објекти ќе се урнат, а тоа ќе стане општествен проблем бидејќи многу лица ќе останат без покрив на главата - вели Горан Марковски, професор на Градежниот Факултет во Скопје."
За да не би дошло до ова (да не чекаме земјотрес) дај одма да им ги срушиме.Согласно сегашниов закон.Каков кретен ејјј.Не ми се верува.Каков народ сме.Наместо да го поздравиме секое намалување на кој и да е трошок на народот,кењаме - јас сум платил толку,нека плати и он исто.Сами си ги копаме очите.Завидлив народ.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.466
Поени од реакции
11.397
На ова можам само да кажам ако имаш дивоградба моли се да немаш покварени комшии за да не те пријават и то е то:salut:
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
На ова можам само да кажам ако имаш дивоградба моли се да немаш покварени комшии за да не те пријават и то е то:salut:
кој ќе ме пријави бе пријателе коа цел рид во Велес сме дивоградба:toe:
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.466
Поени од реакции
11.397
кој ќе ме пријави бе пријателе коа цел рид во Велес сме дивоградба:toe:
тоа е веќе друго..мислев на оние места каде што населбата е легализирана и некој едвај собрал пари за да прави куќа и доаѓаат да му ја бутнат ради тоа што некој покварен го пријавил ме разбираш...а кај вас незнам ваљда имаат право цел рид да го бутнат ако сакаат.
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
тоа е веќе друго..мислев на оние места каде што населбата е легализирана и некој едвај собрал пари за да прави куќа и доаѓаат да му ја бутнат ради тоа што некој покварен го пријавил ме разбираш...а кај вас незнам ваљда имаат право цел рид да го бутнат ако сакаат.
Види сеа..незнам колку си бил во Велес..али добри 50-60% по ридишта живееме..ако почнат да буткаат ќе станеме село весело..:pos::pos:
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Види сеа..незнам колку си бил во Велес..али добри 50-60% по ридишта живееме..ако почнат да буткаат ќе станеме село весело..:pos::pos:
Ако почнат да буктаат нема да остане куќа....јас колку што имам приметено барем:toe:
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.466
Поени од реакции
11.397
Види сеа..незнам колку си бил во Велес..али добри 50-60% по ридишта живееме..ако почнат да буткаат ќе станеме село весело..:pos::pos:
да сум бил знам како изгледа...најверојатно и затоа не ве бутаат зашто ве има премногу само кога ке ви дозволат легализација е тогаш ке морате да си направите во спротивно пази се од комшиите:salut:
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Неофицијално бројките се околу 60% дивоградби.Мора некој ваков закон,сите би добиле од него.Ем буџет пун ем легални градби.Е сега не им сметал законот криво им било зошто некој платил поскапо.Кретенизам.Јас монтирав плин на колата кога беше 400 евра - сега дали е и 200.Оштетен сум.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.466
Поени од реакции
11.397
Неофицијално бројките се околу 60% дивоградби.Мора некој ваков закон,сите би добиле од него.Ем буџет пун ем легални градби.Е сега не им сметал законот криво им било зошто некој платил поскапо.Кретенизам.Јас монтирав плин на колата кога беше 400 евра - сега дали е и 200.Оштетен сум.
хахах барај им пари на плимонт ))) да знаеш да бевме во друга држава некаде на запад сигурно ке имаше некој таков што ке ги тужеше врз оваа основа откачени се тие....Штом се 60 посто дивоградби мора да ја намалат бројката дефинитивно кај нив е грешката , неверувам у друга земја дека волкав е голем процентот.
 

korun

lame
Член од
21 октомври 2007
Мислења
389
Поени од реакции
28
Неофицијално бројките се околу 60% дивоградби.Мора некој ваков закон,сите би добиле од него.Ем буџет пун ем легални градби.Е сега не им сметал законот криво им било зошто некој платил поскапо.Кретенизам.Јас монтирав плин на колата кога беше 400 евра - сега дали е и 200.Оштетен сум.
Глупа споредба. Вистина е нефер за некој шо легално си ја завршил процедурава, прво е долго во нашава бирократска држава, за на крај и поскапо да платиш. Ако имат државава проблем зш е (и била) глупа власта не значит дека некој сеа требит да го плаќат то.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Подобро дивоградба да градиш одколку легална градба.
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Луд јебе збуњеног ситуација

Не легализирајте - џабе парите ќе си ги дадете и нервите искорнете, оние 3000 евра попуст ќе ви отидат во таканаречени скриени трошкови документација за ова документација за она.
Кој е глуп нека плаќа ако сака.

Малце сомнително ми е овој предлог закон дојде веднаш после кафето со Мугабе , мугабе решаваше дивоградби со багер демек ќе го изградел зимбабве поубав, илјадници завршија на улица :)
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Луд јебе збуњеног ситуација

Не легализирајте - џабе парите ќе си ги дадете и нервите искорнете, оние 3000 евра попуст ќе ви отидат во таканаречени скриени трошкови документација за ова документација за она.
Кој е глуп нека плаќа ако сака.

Баш сеа пред малце праев со тато муабет и ми вика...шо ќе легализиарам сеа..прекулани коа имав пари они ми рекоа коа сите ќе легализираат тогаш и вие.....а сеа коа сме у мала криза..па к*р ќе го легализираме...:smir:
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Баш сеа пред малце праев со тато муабет и ми вика...шо ќе легализиарам сеа..прекулани коа имав пари они ми рекоа коа сите ќе легализираат тогаш и вие.....а сеа коа сме у мала криза..па к*р ќе го легализираме...:smir:
Немој бре гледаат само пари да исцицаат паразитиве ако се обидат нешто со багери збирај комшиите и палките - тепај се по ред. Не мрднале ништо не направија само испокрадоја цела држава не им е тоа доволно па ај на сиромасите покривот над глаа ќе им го зеаме .

Најдобро е да се зберете цело маало и да развиете план како ќе се справувате со паразитскиве ѓубриња кои не им е доволно тоа што го зедоа. За секој случај ако на врата ви доат .

Ама веројатно како минатиот пат некој греф у уџум што живее по некое село сам му срушија потпорен ѕид кој го бранеше од камења зошто не зел дозвола коолку да покажат сила и да плашат народот.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
кој ќе ме пријави бе пријателе коа цел рид во Велес сме дивоградба:toe:

Мислиш незнаат властите? Знаат, подобро со тек на време да си ги средите работите одколку нив да ги чекате.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom