Волшебна формула за дивоградбите

Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Мислиш незнаат властите? Знаат, подобро со тек на време да си ги средите работите одколку нив да ги чекате.

Знааат како незнаат...не е мравка па да скриеш...ама зошто порано односни лани не смееше да се легализира?и сеа БАМ наеднаш им текна...
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
59
Знаевте ли дека во Албанија, Сали Бериша им дозволи на сите да градат дивоградби- преќутно. На оние од дијаспората им дозволува да градат како и каде сакаат, само да им останува капиталот дома и да се вложува. Кога патувате низ Албанија, ви се чини како да минувате низ огромен град, скоро и да нема ненаселено место. А потоа се носи закон за легализација.

Кога опозицијата ја оспорува работата на позицијата, тоа е со умисла за напредок. на пример- Ако позицијата гради плоштад од 200.000м2 опозицијата станува револтирана и бара поголем плоштад.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ако се социјален случај?
Приход нема затоа што од Октомври нема социјална помош....
 
ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Стварно незнам што тука му е волшебно на авторов?На првиот болд човекот пресметал дека оние другите биле оштетени за разлика од сопствениците на дивоградбите.И како за пример ја зема општина Ѓорче Петров иако 90% од дивоградбите се во приградското подрачје и во другите градови.Се прашувам зошто за пример не ја зема општина Чучер-Сандево,каде што комуналите би биле поефтини одколку по новиот закон.Типична македонска работа - јадење гомна за што и да е.Еве на пример и тие што купиле половно возило пред 2 години фактички се оштетени со новиот закон за половни возила - по неговава логика.Исто е и со законот за 1 евро - метар квадратен.Треба да се бунат оние пред нив така.Гарант и мајките што родиле пред 3 години гневни се што не знаеле за новиот закон на грујо ( за второ и трето дете).Каква дискриминација.... Е преку таквото ми е од вакви "професори,експерти" (вториот болд).Каква мисла само...."Слабоизградените објекти ќе се урнат, а тоа ќе стане општествен проблем бидејќи многу лица ќе останат без покрив на главата - вели Горан Марковски, професор на Градежниот Факултет во Скопје."
За да не би дошло до ова (да не чекаме земјотрес) дај одма да им ги срушиме.Согласно сегашниов закон.Каков кретен ејјј.Не ми се верува.Каков народ сме.Наместо да го поздравиме секое намалување на кој и да е трошок на народот,кењаме - јас сум платил толку,нека плати и он исто.Сами си ги копаме очите.Завидлив народ.

Ќе ти објаснам што е волшебно: човек што гради без дозвола (криминал), не плаќа ни данок на државата, ни комуналии (криминал) со новиот закон МУ СЕ ПРОСТУВА криминалот и се НАГРАДУВА со тоа што ќе плати помалку и на рати. Од друга страна, чесниот човек што си платил данок и комуналии на време, губел време и нерви на шалтери да добие дозвола и платил цела сума на пари навреме не добива ништо. Што значи државава го наградува криминалот. Истото е и со 1 евро квадрат и со легализирањето на шверцуваните возила.

Па и ЕВН се вклучува во ова. Некој си плаќа цметки редовно, па за една задоцнета сметка ќе му ја исклучат струјата, а оној што не платил 12 сметки за награда добива можност да ги плати на рати. Прекрасно!
:bravo:
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034

Криминалци барај у собрание.90% од дивоградбите се на сиромашни луѓе.Тоа што тие "сковале" 2 соби за да не спијат на тротоар,јас не го сваќам како криминал.Што значи тоа му се простува?Па да изградиш две соби не е кривично дело.Да не треба и у затвор да ги стрпаат според тебе?"Чесниот човек" - демек сиромашните,поради тоа што кога требало немале средства да платат стануваат нечесни.Голем дел од "чесните" лапнале на времето барака или стан на отплата 30-40 години,додека овие другиве плаќале поголема кирија од нивната рата.Не сме ние да судиме кој е чесен или кој не е.Оваа држава така функционира.Тие што убиваа полицајци и војници денес ни ја водат државата.Кога тие не се гонат криминално - сигурно не треба и овие луѓе.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.261
Ова е подобро решение, ем за нив ем за држава (мада и тие 7000 некој не може да си ги приушти).
Таман работа да ги рушат, кај ќе живеат луѓево и дали знаат просечен работник колку "лесно" гради куќа? Сигурно од убаво праеле дивоградби.
Ќе ти објаснам што е волшебно: човек што гради без дозвола (криминал), не плаќа ни данок на државата, ни комуналии (криминал) со новиот закон МУ СЕ ПРОСТУВА криминалот и се НАГРАДУВА со тоа што ќе плати помалку и на рати. Од друга страна, чесниот човек што си платил данок и комуналии на време, губел време и нерви на шалтери да добие дозвола и платил цела сума на пари навреме не добива ништо. Што значи државава го наградува криминалот. Истото е и со 1 евро квадрат и со легализирањето на шверцуваните возила.
У ствари и треба еднаш да се даде поволност на рати (како овие погоре) за стан, кола...половина возен парк (мада не е тема) ни е постар од 20 години, луѓе живеат по 2-3 фамилии у една барака со никакви шанси од плата да земат плац, а камоли да изградат нешто.

Еднаш за промена нека удрат каде треба, нека испитаат парите од кај им на оние мултимилионски вили Ракотинци, поред Лепенац, Водно и становите од неколку илјади евра квадрат со згради со сопствени сауни, базени, камери и чувари... наместо да дефокусираат постојано со вакви акции. Или таму не смее да се чепка? Можеби им се "поштено" заработени, но...
Штета потекло на парите во Македонија не се испитува
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Нели гледате дека владата им помага на сите што имаат незаконски стекнато имот и пари колку само да ги придобие како гласачи?
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.849
Поени од реакции
4.543
Нели гледате дека владата им помага на сите што имаат незаконски стекнато имот и пари колку само да ги придобие како гласачи?
незаконски стекнат имот? тешко
владата вака ќе придобие на гласачи со тоа што ќе им олесни на многу луѓе што нема да се секираат дали ќе им ја урнат куќата или од кај ќе најдат пари наеднаш да платат се од комуналии
ама тие што поштено си платиле однапред од газот ќе си апнат оти платиле
се ствара конфузија и мислам дека законов е одличен освен некои дупки кои ќе придонесат да падне на Уставен
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
За џабе дава Амнестија на кримилано изградени објекти и на криминалци овој закон. Кога за ја решава причината...Нема владеење на законот и секој будала може да гради како што сака во некој места пред се населени со Љуѓе со Кечиња. А на другите места малку мито ја рашава работата. :toe:
Ова е 2 или 3 амнестија на дивоградби и ќе заврши неславно како и сите други.
Не ја читале овие `Злосторство и Казна`.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom