Јас се извинувам што го прекршувам ветувањето кое го дадов,но морам ама стварно морам да си ја олеснам душичкава овде.
Разочаран,потиштен,потопен...е така се чувствувам моментално,а верувам дека и вие се чувствувате слично.
Не знам од кај да почнам,не знам кого попрво да посочам со прст.Но сепак ќе почнам од најголемиот кривец за поразот и бедната игра.КАРЛО АНЧЕЛОТИ!
Кормиларот на бродот кој тоне,наречен Челзи.
Прво излегува со формација 4-4-2.Тотално промашена формација...со таква формација може да излезе тренер кој има многу опции на средината на теренот.Тренер кој има квалитетни везњаци и плејмејкери,тренер кој има играчи кои можат да го решат натпреварот со еден потег.За жал тој тренер денеска немаше такви опции.
Излезе со дефанзивно ориентераните Рамирес и Есиен кои немаа буквално никаков придонес за играта.Излезе со стаклениот Жирков,кој нема изиграно 3 утакмици последователно и кој после еден дуел паѓа психички и физички и после тоа не може да помине желка,а не играчи како Евра или пак Видиќ.
Тој тренер излезе со Френк Лампард.Легенда,мој омилен играч,виртуоз,мааестрален играч како што секој посакувал.Но со сета почит пријателу мој мислам дека твоето време е одамна заминато.
После повредата Лампард не е истиот,после повредата на Лампард му требаат две минути да се намести и да подаде,му требаат две минути да издрибла евентуално некого,и му требаат две минути да се намести и да шутне од пред гол.
Лампард легендо,сезонава можеш да ја догураш но од наредна местото и легендарната 8-мица би било добро да ја отстапиш и да му ја дадеш на некој друг.Некој што има свежа крв,некој што е желен за игра,за победи,за трофеи.Ти си заситен.Како од премногу пари,така од премногу натпревари во твоите нозе кои те направија да изгледаш толку анемично и бедно,за моја жал.
Големиот тренер го извади Дидие Дрогба кој беше единствениот играч на теренов вечерва кој се трудеше,кој сакаше да направи нешто повеќе,кој создаваше вакви-такви шанси.А го остави во игра Торес,кој беше камен по не знам кој пат веќе.Чекаше до 70-та минута за да ги направи првите измени,сенки Челзи водеше со два-три гола разлика,па немаше потреба за замени или такви глупости.И реакцијата на Дрогба после неговото ваѓање беше сосема оправдана и очекувана.Јас да бев ќе му залепев шамар и ќе го обрукав пред цела фудбалска јавност!
И сега идеме кај одбраната...Тери и Ивановиќ скоро без грешка.Можеби можеа да реагираат подобро при нафрлувањето на Гигс при голот на Руни,но тоа е тоа.Ни тие не очекуваа да помине Гигс од десна страна кај Босингва,кој беше очаен,мизерен,изгубен и уште 450 вакви епитети кои би го опишале неговото постоење и неговата игра на теренот.
Кретенот го гледаше Гигс во очи и го остави да помине,мислиш игра против некое маалско дете,а не против таков великан како Велшанецов.
Дефинитивно,после Анчелоти најголем кривец за поразот е токму Жозе Босингва,за кој искрено се надевам дека жив нема да се врати дома.
Ешли Кол беше исто многу слаб,но тој само се вклопи во сивилото на целиот тим.
Без конкретни шанси,патетични кружења околу шеснаесетник,немање идеја и страв да се изигра фудбалски,страв да се направи потег повеќе и страв да се подава.Кога ќе ја примеа топката не знаеја што да прават со неа,за жал.Тоа беше толку мизерно,што искрен да бидам на момент посакав да го угаснам телевизорот.
Скоро исто како лани со Интер,само сега разликата беше тоа што примивме гол релативно рано,а тогаш Ето ни го закачи некаде при крај.
Чех беше добар,не можеше подобро да реагира при примениот гол.А имаше и одлична реакција кога му ја симна топката на Хернандез од глава.
И за крај судијата...беше одличен цели 90 минути.Таква арбитража долго време немав видено.Но мораше да ја усере и тој при крај.Не го виде она очигледното,не го виде пеналот врз Рамирес или пак се направи слеп,впрочем како и останатите четворица судии кои апсолутно се безкорисни.Е штом се направи слеп,да даде Горниот таков да остане цел живот,од овој момент натака.
Револтиран бев и сеуште сум.Она што го видов вечерва беа обични ПОВРАЌАНИЦИ и ништо повеќе.Да не се работеше за Челзи,утакмицата немаше да ја гледам уште од 10-та минута!
Анчелоти ако има барем малку човечност во себе,уште вечерва ќе се спакува и ќе не спаси од неговото незнаење,ќе не спаси од неговите глупи тактики и стратегии и ќе не спаси од неговото мочано водење на клубов.
Највеќе криво ми е за Тери,Чех,Ивановиќ и до некаде Дрогба.Изгинаа вечерва,гинат и играат со срце на сите натпревари сезонава,а и години уназад и штета што ќе останат без ваков голем трофеј како што е овој во ЛШ!
Поздрав фанови,чуда се случуваат да знаете,но во нашиов случај според мене чудо би било ако не примиме 4-5 парчиња на Олд Трафорд наредната недела.Нејќам да бидам скот малерски,нејќам да ширам негативна енергија туку едноставно не сакам за џабе да се надевате,како што се надевав јас дека годинава Челзи ќе слави на Вембли и дека Челзи за првпат ќе го освои долго посакуваниот трофеј!