Има ли DJ-и на форумов? :)

Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Ете од 2007 сум член, не ми текнало да отворам ваква тема. Видов едно детенце што сака дџ да стани, отворило тема, па ми даде инспирација... :)
Значи, како што е самиот наслов на темава, има ли DJ-и? Колку време пуштате? Што музика пуштате? На каква опрема пуштате?.....

Иначе, јас еве, пуштам музика од 2003. Морам да кажам, по заслуга на Scofield(од форумов, хехех :) ) Почнав да пуштам, на обична TELE миксета, со 2 канали, без бас, средни, високи на секој канал :kesa: (тогаш свршувавме на миксети што имаат одделно бас, средни, високи на секој канал), 2 цедеплеери Technichs (од оние најобичните), па понекое време и DVD плеери почнаа да купуваат, демек помодерно :), и знам, многу кеф ми беше, на HOUSE песните, ко че седнев да му ги бројам битовите во минута...па изброј 3 пати, еднаш 126, другио пат 127, третиот пат 128 bpm ти излегло, па нервирај се...(значи немаше pitch контроли на CD-плеерите нормално, а и немаше ко сега софтвери што го борјат битот).
После со тек на време, се почна и на миксети од оние погоре што свршувавме, за да на крајот, се почни и на профи плеери. Памтам првите што сум пуштал беа Gemini....Никогаш нема да заборавам, брат ми прв пат ко ги донесе дома Geminite од VIP клубот во Прилеп, станував во 7 на сабаље, и по цел ден на нив. 2 недели од дома не бев излезен...и така се менуваја кафичи, дискотеки...Прилеп имам сегде пуштано, имам малку и настрана, ама малку :)

Моментално сум резидент во Tabu Ultra Lounge во Прилеп. Пуштам од четврток во недела, и слободно можам да кажам е дека нема потешко да се биди резидент на едно место.(Зошто, како, накнадно ако се развија темава)

Инаку од опрема во локалов има два Pioneer CDJ800 (од кој еднио ми е на мајстор, и туку ме бајбутка, ај сега че биди ај после :) )
, и два Numark axis 2(многу се основни, ама си ја бркаат работата, единствено што многу ми фали е што нема опција да го задржува пичот)

Mиксета имам Behringer DJM 700, многу грда миксета, еве му плачам сега да ја смениме :pov:

И така...ако заборајв нешто после ќе дополнам :)

Ај сега, ако има други, нека си кажат и тие нешто...па да си размениме искуства, да се покараме малку :) (уште одсега ги замолувам модераторите да бида малку попусливи на темава, оти сигурен сум дека ќе има контрање :) )

И за крај... :)
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Не сум диџеј со “пуштав у кафич“ искуство, али имам миксано траки, чисто ради разонода и пракса на 2 лаптопа и основна миксета.
На лаптопите виртуал диџеј, шо ми дава 4 дека, 2 за мастер 2 за FX.
На едниот лаптоп, трака у трака, на другиот, додатни срања за мешап чисто поинтересно да звучи музиката. Инаку станува збор за псај транс, dark twisted.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.600
Поени од реакции
14.428
Ќути бе. :)

Пуштам веќе 4 години тука кај нас, резидент сум од својата 14та година иначе сум од Градско. Првите две години пуштав на обични ЦД плеери, и Behringer VMX 200 миксер, јбг за тука не се исплаќа да даваш 1000 или колку и да е евра за опрема. А и народот тука кај нас не ја гледа техниката како ќе измиксаш, туку гледаат само да им ја пуштиш онаа музика со која ќе ги расположиш. После тоа се купи компјутер, и еден миксер како на првиот пост, не е нешто многу поразличен од овој претходниов, освен што има 4 канали и некои си шит ефекти, кои јас ич не ги користам, а не знам што имаат толку мерак други да ги користат. Компјутерот се поврзуваше на миксер, најчесто користев Трактор, понекогаш и Виртуал ДЈ. Пред народ онака немам пуштано на професионални плеери, али на 2-3 пати имам пробано само како е да се работи, тешко за прв пат, но мислам дека со време и трпение може многу лесно да научиш да работиш на нив. Последниве 2 месеци стагнирам, се реновира нешто објектот, од петок пак стартуваме. Имам пуштано и на неколку приватни забави низ Скопје, али тоа онака.. :))

Најчесто пуштам Хаус музика, е сеа Хаус е широк поим, и во денешно време тешко може да кажеш за некој DJ "да овој пушта само прогресив, или трајбал." Ко што би рекол Роџер Санчез, така би рекол и јас, стилот што најчесто го пуштам е "House Music, always sexy" :). Значи од дип, соулфул, фанки, трајбал, па се до вокал, прогресив и електро. Тоа најчесто но понекогаш пуштам и овие денс, поп и рнб комерцијални хитчиња кои што се вртат низ радијава, а се организираат некогаш и забави со ex-yu и оние постари македонски хитови (Владо Јаневски, Нокаут, итн..).

Тоа сеа за сеа, а и на школо сум, ќе ѕвони за крај на час, и нема да можам нешто повеќе да пишам. :))

Се надевам ќе има добра дискусија тука, и ќе споделуваме и ќе си делиме совети сите DJ-и на форумов.

И да, сето ова го правам од љубов кон музиката. Диџејството го сметам само како хоби, ништо повеќе.
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Да си кажам,а? :pipi:

Е па вака ќе почнам малце од шо сум возбуден дури и ко потресен сум :)))

Беше тоа 2002ра година кога за прв пат го осетив тој филинг на пуштање музика пред публика! Чувство шта да ви причам,еднакво на првиот пат ко сум ебел,па дури и повеќе од тоа. Најблиска споредба со тоа правам! Можда само јас така го доживеав тоа,можда секој кој што имал ОГРОМНА желба,љубов и посвета кон тоа за кое сонувал цел живот! Последните пари сум ги давал за музика! Да,ПАРИ! Пошто сега музиката е речиси и бесплатна и затоа не се цени ни трудот не се цени ни траката како трака па ни изведувачот! А па шо има да барам некој да ме цени мене пошто буквално СЕ ми е достапно на тоа поле и нема од што да барам ексклузивитет или ценење како артист. Е порано се знаеше,нема така. Кој ја има некоја песна ја има,кој ја нема ќе моли ќе коли за да и го научи насловот па или да ја симни со дајл ап конекција или да го молиш чоеко шо ја има ако е добар према тебе да сака да ти ја сними. И ти после се радуваш како мало дете...на радоста и немаше крај за една музичка нумера! Дека ја имаш!

За техничкиот дел нема многу да коментирам,малтене опремата беше таа сегде,броевме битови на штоперица,миксавме со плеј/пауза дур не добијаш ефект на beatmaching,озвучување по кафичите,клубовите срање! појаЌало техникс,пионир,маранц,харман кардон....звучки Џамо,Јамаха,Јбл...И тоа некоја серија за куќа и покуќнина!

Со тек на годините се редеа и редеа кафичи,клубови,се подобруваа стварите во поглед на опрема,се купуваа CDJ плеери,грамофони,профи миксери,осветлувања.....и веќе кога си влегол на тоа поле да функционираш нормално е дека ќе имаш некои благодети од типот на: гага пиење,пичка во Dj кабина (шо би рекол мирко попоф станаф дј ради манекенки),познанства со луѓе,неспиени ноќи и таканатаму.
Е арно ама "у мое време" имаше клабери,имаше луѓе шо играат на подимум,шо скокаат,шо се радуваат на МУЗИКА!
Значи буквално СЕ беше мизерија од гледна точка и аспект на озвучење,осветлење,ентериер...ама луѓето беа среќни!
Како што некои работи се подобруваа,така некои работи го добиваа својот контра ефект. Не знам и сеуште не можам да си разјаснам ЗОШТО тоа е така и така се случи,ама сите ние мора да признаеме дека тоа е така и дека е факт!

Ајде еве нема да зборувам за како што милува некој да каже "провинција" . Ќе зборувам за Скопје. Е па јас Скопје го знаев со 10 дискотеки/клубови и тоа ПОЛНИ! И да,не пееше Жаре бербер! Ами вртеа грамофони Power,Кристијан,Зани Пас-ин-џер,па и Бабура,Мирко Попов,Горан Кан,Ајсберг,Зоки Бејбе,Феки Герис...... и да не ги редам понатаму тие што беа старата гарда на скопски диџеи. Скопје јас во никој случај не го замислував како колевка на шабанизам и турбо фолк! И немојте сега: Ееееј вие клошарите се истуривте во Скопје и ни наметнавте фолк музика,клошарана и малограѓанштилук! НЕ тоа што ќе им свириш на тоа ќе играат! И крај краева НЕПОБИТЕН факт е дека моменталните журки што се организираат по Скопје НАЈпосетени се од провинцијалци! Јас лично тврдам,а ако го мисли некој спротивното слободно нека ме разубеди! Па замислете си го бре еден Колосеум шо во сабота си дозволи да има рок бенд (РЕПСЕКАТ ЗА БЕНИ И НОН СТОП,цареви се за мене лично.Им го почитувам нивното дело!) меѓутоа Колосеум беше етикетиран за клАберски настроена дискотека! Тоа е ради фактот шо таа иста сабота во Б2 е бате Жарета алијас Бербер со ЛАЈВ ПЕФОРМАНС! Е па мора да се бара некаков баланс на работие пошто клабингот веќе не е на мода! Свила поарно си вели нека свират Бени ќе се наполни саботава,одколку да викнам Дј и да киднат сите на Берберон!

Извниете шо малце кинисав надвор од темава,ама се надевам дека го доловив моментот на Dj-ство,клаберство,журка и таканатаму моменти од таквиот начин на живот!

Еве и денес функционирам со истиот жар,со истата љубов кон музиката,со истото чекање да дојде викенд и да ја пуштам најновата песна/трака која што сум ја набавил. Ама некако чувството ми е победно,затоа што гледам некои чудни типци и типки кои што имаат една сосем поинаква представа за однесувањето на подиум,а тоа најмногу ме буни во цела ситуација :S

Но,ништо ама баш НИШТО не би заменил за тоа чувство што го имам кога стојам на Дј пулт.

Не велам дека сум го постигнал нивото на Диџеиште,не велам дека сум професионалец,ама па и ќе ги ЗАМОЛАМ сите што сакаат да глумат лудило и да кажуваат еееј вие некој фраери изигравате Дј-и сте биле,нека се поштедат од коментари од типот на: Знаеш ли колку треба за да станиш Дј и да го градиш тоа искуство. ЗНАМ! Ама за местото и времето каде што живеам,функционирам и егзистирам слободно ако сакам ќе си се наречам и Френки Наклс или Маршал Џеферсон,сеедно!

Јас ТВРДАМ дека САМО ради медиумскиот бекграунд некои што денес настапуваат како Дј-и по сите клубови низ Македонија и што праат пари пред се,жалосно е што се нарекуваат така. Слободно и комотно нека ме скорнат во 4 саат насабајле (мада шо ретко кога спијам во тоа време),нека ми речат еве ти ги овие 4 песни и направи со нив што сакаш за да видиме што ти знаеш да направиш со опремава и да видиме зашто во суштина се нарекуваш Дј !? Без око да ми трепне ќе го направам тоа што мислам дека би го направил макар и Роџер Санчез или Ерик Морило (како репер и поим за Дј-и за мене лично пред се ради способноста над миксерот и CDJ-те,а потоа и за нивниот музички правец/стил).

Не ми е битно мрчењето од некој форумџија,доволно ми е што КАДАРНИ луѓе го потврдиле мојот квлитет за "пуштач на музика" ако некој смета дека е неблагодарно да се наречам Дј. Самото искуство од 8 години и тоа активно работење на тоа поле ми дава за апсолутно право да си се наречам Дј,колку и тоа да биде неблагодарно!

Тенкс фор д сапорт! :smir:
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Ќути бе. :)

Пуштам веќе 4 години тука кај нас, резидент сум од својата 14та година иначе сум од Градско. Првите две години пуштав на обични ЦД плеери, и Behringer VMX 200 миксер, јбг за тука не се исплаќа да даваш 1000 или колку и да е евра за опрема. А и народот тука кај нас не ја гледа техниката како ќе измиксаш, туку гледаат само да им ја пуштиш онаа музика со која ќе ги расположиш. После тоа се купи компјутер, и еден миксер како на првиот пост, не е нешто многу поразличен од овој претходниов, освен што има 4 канали и некои си шит ефекти, кои јас ич не ги користам, а не знам што имаат толку мерак други да ги користат. Компјутерот се поврзуваше на миксер, најчесто користев Трактор, понекогаш и Виртуал ДЈ. Пред народ онака немам пуштано на професионални плеери, али на 2-3 пати имам пробано само како е да се работи, тешко за прв пат, но мислам дека со време и трпение може многу лесно да научиш да работиш на нив. Последниве 2 месеци стагнирам, се реновира нешто објектот, од петок пак стартуваме. Имам пуштано и на неколку приватни забави низ Скопје, али тоа онака.. :))

Најчесто пуштам Хаус музика, е сеа Хаус е широк поим, и во денешно време тешко може да кажеш за некој DJ "да овој пушта само прогресив, или трајбал." Ко што би рекол Роџер Санчез, така би рекол и јас, стилот што најчесто го пуштам е "House Music, always sexy" :). Значи од дип, соулфул, фанки, трајбал, па се до вокал, прогресив и електро. Тоа најчесто но понекогаш пуштам и овие денс, поп и рнб комерцијални хитчиња кои што се вртат низ радијава, а се организираат некогаш и забави со ex-yu и оние постари македонски хитови (Владо Јаневски, Нокаут, итн..).

Тоа сеа за сеа, а и на школо сум, ќе ѕвони за крај на час, и нема да можам нешто повеќе да пишам. :))

Се надевам ќе има добра дискусија тука, и ќе споделуваме и ќе си делиме совети сите DJ-и на форумов.

И да, сето ова го правам од љубов кон музиката. Диџејството го сметам само како хоби, ништо повеќе.
Те знам тебе уште од девојче :) на МСН те имам...
Иначе, пробај на миксетата 36 ефект. Значи одиш на 36 и стегнуваш на крукчето, да го селектираш. И после (на HOUSE музика, најубав ефект имаш на прогресив) како што го попушташ ефектот, така намалувај го басот, само не го држи долго пуштен ефектот. Гледај нека биди одприлика најмногу до кај 4 бита. А подолго можиш, пример ко че е падната тракава, и ко че почни да крева.... ;)
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Те знам тебе уште од девојче :) на МСН те имам...
Иначе, пробај на миксетата 36 ефект. Значи одиш на 36 и стегнуваш на крукчето, да го селектираш. И после (на HOUSE музика, најубав ефект имаш на прогресив) како што го попушташ ефектот, така намалувај го басот, само не го држи долго пуштен ефектот. Гледај нека биди одприлика најмногу до кај 4 бита. А подолго можиш, пример ко че е падната тракава, и ко че почни да крева.... ;)
Ефектов се вика delay а можи истото и на echo :smir:
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Јааа...
Ај сеа кажи му кај да прочита Delay, или echo на Behringer DJM700? :baeh:
Не мора да чита,нека слуша! :D Сигурно одрилика знај кој ефект како звучи,барем на виртуалДј да пуштиш ги има сите ефекти ;)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
Здраво јас сум WANNA BE DJ што пушта музика во неговата соба пред мајка му и татко му и сестра МУ и ги нервира нон стоп хаха :)
Озбилно иам у план да си купам некоја опрема така поефтина ко за почеток а по дома си вежбам на виртуал дј ов и мислам да зеам некое миксетиче па да го врзам со лапотп и да се пробам така поубаво.. ( мора од негде ад се почне нели.. ) иначе музика ми е досеа цел живот... почнав да свирам клавир , па купив гитара свирам у бенд тезга и многу пари иам вложено во опрема за гитара појачала процесори педаљи ефекти и срања.. и затоа сеа не сум у состојба да вложувам и во дј опрема ... а почнав со виртуал дј ов од пред некое време почнав исто така да учам и продуцирање во фл студио...и така све ми е музика и музика.. :)
и еве нешто што сум напрајл у виртуал дј от.. :)
a oва ми е првата "продукциска" трака :)))))))
 
Н

'Никола'

Гостин
Има и една диџејка ама одамна не е активна на форумов.:)
Иначе момци и девојки, продолжете со правење/пуштање на музика, тоа се поштува. Имате морална поддршка од fellow musician.:)
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Само че ве замолам, темава да не биди за лепење музики од youtube, си има посебна тема за тоа. А Slash, најпаметна варијанта , и најефтина, наместо миксета да си земиш едно вакво, 200 евра е...
 

junksound

KILL Iluminate's
Член од
16 јули 2010
Мислења
133
Поени од реакции
9
позд јас сакам да пустам музика во еден club,никогаш не сум пустив музика во клубови,отворив два три теми како да пустим музика никој не ми помогни сакам малку по детално некој да ми казе како да пустим многу сакам да ббидам дј на techno house музика ја сакам многу,имам многу музики,и сега како да пустим со виртуал дј што треба да праем како,да ми казете по лесно како да праем,дали ме разбирате ве молам помогниме..............
 

Kajgana Shop

На врв Bottom