ТАТКОТО YAAN СО ФАШИСТИТЕ СИНОТ ERWAN СО КОМУНИСТИТЕ
КАКОВ ТАТКО ТАКОВ СИН
Македонија веќе стана позната како параспур држава во која место нејзиниот народ владеат било какви странци што ќе ни ги пратат од надвор. Од Кристофер Хил и шверцерот на цигари од Португалија кои ги правевме какви сакаат херои на нашата земја. Што и да ни кажат им се подмочувавме од радост. Генерациите што доаѓаат по нас ќе прашуваат како сме можеле да им дозволиме земјата која некои од нас едвај дочекаа да стане независна и самостојна од Србославија, и независна од Бугарија и од Грција, да ја направат лабораторија за испитување на сите геноцидни идеи кои не би помислиле дома да ги пробаат, или ако помислат, нивните граѓани ќе ги обесат на првиот плоштад.
Дојде потоа Лери Батлер со се мустаките, да направи воен бункер на сред Калето, и олеснувачите Леотар и Пердју. Каде е сега Леотар во Франција да бара државни вработувања за Ромите кои ги депортираат како во времето на Хитлер? Каде е Пердју да ни објасни како Љуботен воено злосторство, а бомбардирањето на Ирак и илјадниците убиени цивили не се воено злосторство?
Сите овие амбасадори и пратеници се ситна боранија за Ерван Фуере. Ирецот прави да почнеме жалиме по Батлер и по Леотар.
Дали некој кога давал агреман прашал кој е тој Ерван Фуере? Настрана тоа што едвај го избркале од Словенија, кога Ерван Фуере планира да ни каже дека неговиот татко е осуден фашист? Дека не е Ирец туку дека е Келт, или Бретонец? Дека е националист кој и ден денешен се бори за отцепување територии од Франција и од Велика Британија и за спојување со Ирска?
Фуере може да мисли дека сите во Македонија се како неговите купени слуги од СДСМ. Дека нема Македонци кои знаат да читаат на интернет и не знае дека има блогови и интернет сајтови кои се тука кога македонските медиуми не смеат нешто да објават.
Татко му на Ерван Фуере, Јан Фуере, денес има направено 100 години. Ако Европската Унија доброволно не ни го повлече син му, и ако сите Фуеровци се долговечни како него, нема никогаш да дочекаме да влеземе во ЕУ.
Јан Фуере е на чело на Фондација која се залага за отцепување на Бретоња од Франција, и за менување граници. Стариот Фуере не се ни родил во Ирска, туку е роден во Бретоња и цел живот се борел за нејзино отцепување од Французите и за правење на келтска супердржава со Ирска, со Шкотска и со Велс. Кога Франција се борела против фашистите во Втората Светска ВОјна, Бретоњците на Јан Фуере од зад грб ги саботирал Французите. Германците барале слуги да им помогнат полесно да ја окупираат Франција и ги лажеле Бретоњците дека ќе им дозволат да формираат нивна држава. За карактерот на Фуеровци најдобро зборува што тие се нашле да им помогнат на фашистите.
Фуере може нас да не учи дека не чини тоа што бараме историски корени и што зборуваме за славното македонско минато, а неговиот татко цел живот работел за копање по келтските корени и учење дека Бретонците се постари и попаметни од Французите. Да му ставиме една статуа на Астерикс и Обеликс на мостот Гоце Делчев и веднаш Фуере ќе се сврти по проектот Скопје 2014.
Celiot tekast:
http://www.forum.kotle.ca/showthread.php?tid=582