- Член од
- 30 август 2008
- Мислења
- 2.232
- Поени од реакции
- 286
Турскиот Мед доби Златна мечка во Берлин
Претселекцијата за Берлинале 2011, за сите земји од екс-Југославија ќе биде во првата недела на ноември во Скопје!
Претселекцијата за филмскиот фестивал во Берлин 2011, за сите земји од екс-Југославија ќе биде во првата недела на ноември во Скопје!
Ова го изјави директорот на македонскиот Филмски фонд, Дарко Башески, за Дојче веле на македонски јазик.
Тој открива дека "наши гости ќе бидат претселекторите на Берлинскиот фестивал и се надевам дека ќе обрнат повеќе внимание на македонскиот филм".
-Затоа им дадовме и задача на младите режисери кои работат кратки филмови, да ги завршат до 1. ноември за да има можност да бидат презентирани на претселекцијата и да добијат шанса да се прикажат и на Берлиналето, вели Башески.
Инаку, Златната мечка на 60-тото издание на Берлинскиот фестивал, кој заврши прексиноќа, замина кај турскиот филм "Мед" на режисерот Семих Капланоглу. Наградата Сребрена мечка за најдобар режисер му припадна на Роман Полански за филмот "Фантомски писател" по истоимениот роман на Роберт Харис. Полански се уште се наоѓа во домашен притвор во Швајцарија, а наградата во негово име на Фестивалот ја прими неговиот продуцент Ален Сард.
Наградата Сребрена мечка за најдобар актер ја добија Русите Григориј Добригин и Сергеј Пускепалис за улогите во филмот "Како си поминав летово" на режисерот Алексеј Попогребски.
Сребрената мечка за најдобра актерка ја доби Јапонката Шинобу Тераџима за улогата во филмот "Гасеница" на Коџи Вакаматцу.
На Фестивалот наградата за филм со хомосексуална тематика ја доби американската комедија "Децата се добри" на режисерката Лиса Шолоденко.
Фестивалот популарно наречен Берлиенале почна на 11 февруари со проекција на филмот "Разделени заедно" на кинескиот режисер Ванг Кван Туан Јуан.
Претседател на жирито на 60-тото Берлинале беше големиот режисер Вернер Херцог, а една од членките на жирито беше и американската актерка Рене Зелвегер.
Во сите филмски секции на меѓународниот филмски фестивал во Берлин беа претставени 400 филмови. Фестивалот беше затворен со проекција на филмот "За брат и" на јапонскиот режисер Јоџи Камада.
Берлинскиот филмски фестивал првпат се одржа на 6 јуни 1951 година, шест години по завршувањето на Втората светска војна.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=3FD8231697B3E34AB0505654B743BEB3