Добро де, колку толку се помиривме дека Насри нема да игра со Барселона, но тоа не значи ништо... Само да се здрави и живи другите, Аршавин кога тогаш ќе проработи, нема кај да оди...
Е сега, знам дека го има на официјална распоредот, но еве ги мечевите во февруари..Еден тон дуели, овој пат потешки, и ако докажиме и покажиме дека можеме во февруари, да останеме при врвот, со едноцифрена бројка на негативни бодови зад Јунајтед, ќе биди доста добро.. Еве ги мечевите..
На 01.02.2011 - Евертон, Емирати - ПЛ,
На 05.02.2011 - Њукасал, Сент Џејмс Парк - ПЛ,
На 12.02.2011 - Вулверхемптон, Емирати - ПЛ,
На 16.02.2011 - Барселона, Емирати - ЛШ,
На 19.02.2011 - Лејтон Ориент, Meчрум - ФА,
На 22.02.2011 - Стоук, Емирати - ПЛ(одложената утакмица),
На 27.02.2011 - Бирмингам, Вембли - Карлинг Куп финале.
Значи вкупно 7 мечеви, два помалце од јануари, кога за прв пат изигравме толку мечеви, за прв пат во историјата на клубот... Но, овие „само“ 7 мечеви, не значи дека се помалку важни..Одиме со ред...
Пред мечот со Њукасал на Сент Џејмс, мене најповеќе ме плаши мечот, овој утре, со Евертон... И тоа ужасно ме плаши, да не киксниме против нив.. Тоа не ни треба, бидејќи ако сега имаме 5, и ако Јунајед ја победи таа со Челзи, би имале +8, а ако имаат повеќе, тоа би станало веќе двоцифрена... Во овие мечеви треба да покажеме карактер, не ние, туку и наиввачите, да покажат како се бодри еден тим, кој игра во 4 натпреварувања....
Евертон е цврст тим, од секогаш, знаел да направи проблем, како лани, кога беа на прагот да ги однесат сите 3 бода, од Емирати, но успеавме да постигнеме гол во 94 минута, ако добро се сеќавам, Росицки, ќе да беше... Победата треба да ни е единстевната опција... И имајќи ја предвид оваа форма на гостувања, Венгер и тоа како ке има мотиви против Пардју, наредниот викенд, да го победи, пред се заради тимот, и бодовите, а потоа и заради некои нерасчистени сметки на времето...