Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Епа брат слушај ме, симни си Sopcast... стримингот е ОДЛИЧЕН!
Може не е секој пат на Англиски, ама ајде интернационализми ќе ги сваќаш бар имињата хаха... али затоа сликата е најбистра таму :)

И на Veetle се прилично добри сликите, особено ако најдиш линк од ЕСПН/Скај (зависи кој го реализира преносот, ова конкретно за англиски фудбал, т.е. за Арсенал).
 
Незнам зошто,но имам некое чуство дека у вторник ќе ги згазиме Евертон.Дај боже да го видиме тоа :)
 
Добро де, колку толку се помиривме дека Насри нема да игра со Барселона, но тоа не значи ништо... Само да се здрави и живи другите, Аршавин кога тогаш ќе проработи, нема кај да оди...

Е сега, знам дека го има на официјална распоредот, но еве ги мечевите во февруари..Еден тон дуели, овој пат потешки, и ако докажиме и покажиме дека можеме во февруари, да останеме при врвот, со едноцифрена бројка на негативни бодови зад Јунајтед, ќе биди доста добро.. Еве ги мечевите..

На 01.02.2011 - Евертон, Емирати - ПЛ,
На 05.02.2011 - Њукасал, Сент Џејмс Парк - ПЛ,
На 12.02.2011 - Вулверхемптон, Емирати - ПЛ,
На 16.02.2011 - Барселона, Емирати - ЛШ,
На 19.02.2011 - Лејтон Ориент, Meчрум - ФА,
На 22.02.2011 - Стоук, Емирати - ПЛ(одложената утакмица),
На 27.02.2011 - Бирмингам, Вембли - Карлинг Куп финале.

Значи вкупно 7 мечеви, два помалце од јануари, кога за прв пат изигравме толку мечеви, за прв пат во историјата на клубот... Но, овие „само“ 7 мечеви, не значи дека се помалку важни..Одиме со ред...

Пред мечот со Њукасал на Сент Џејмс, мене најповеќе ме плаши мечот, овој утре, со Евертон... И тоа ужасно ме плаши, да не киксниме против нив.. Тоа не ни треба, бидејќи ако сега имаме 5, и ако Јунајед ја победи таа со Челзи, би имале +8, а ако имаат повеќе, тоа би станало веќе двоцифрена... Во овие мечеви треба да покажеме карактер, не ние, туку и наиввачите, да покажат како се бодри еден тим, кој игра во 4 натпреварувања....

Евертон е цврст тим, од секогаш, знаел да направи проблем, како лани, кога беа на прагот да ги однесат сите 3 бода, од Емирати, но успеавме да постигнеме гол во 94 минута, ако добро се сеќавам, Росицки, ќе да беше... Победата треба да ни е единстевната опција... И имајќи ја предвид оваа форма на гостувања, Венгер и тоа како ке има мотиви против Пардју, наредниот викенд, да го победи, пред се заради тимот, и бодовите, а потоа и заради некои нерасчистени сметки на времето...
 
Евретон масакар не прават во воздушни дуел,арно шо не игра кејхил :)
+ мн брзо некако дојде мечот ке немааат доволен одмор...
 
Евретон масакар не прават во воздушни дуел,арно шо не игра кејхил :)
+ мн брзо некако дојде мечот ке немааат доволен одмор...

Па зато денес игравме со втор тим... Утре, комплетно нов тим, нови 11
 
Па зато денес игравме со втор тим... Утре, комплетно нов тим, нови 11

Мислиш задутре вторник. Ако рачунаш дека е поминато полноќ тогаш пиши вчера дека игревме со втор тим :wink::helou:
 
Мислиш задутре вторник. Ако рачунаш дека е поминато полноќ тогаш пиши вчера дека игревме со втор тим :wink::helou:

Тууу па, на се пазите.. Иначе, да мислам после полноќ, али се заебав, видиш... :smir::pos2:
 
Тууу па, на се пазите.. Иначе, да мислам после полноќ, али се заебав, видиш... :smir::pos2:

ХЕХЕХЕ па знаеш дека сум дежурен морам да пазам :baeh:. Добро е барем ја сваќаш шалата не дека ми сметаше туку онака да се позезам :wink:
 
ХЕХЕХЕ па знаеш дека сум дежурен морам да пазам :baeh:. Добро е барем ја сваќаш шалата не дека ми сметаше туку онака да се позезам :wink:

Рековме, брат, рековме... :pos2:
 
Незнам зошто,но имам некое чуство дека у вторник ќе ги згазиме Евертон.Дај боже да го видиме тоа :)
Се сложувам друже.... Евертон против Челзи играа со првиот тим, така да мислам дека не ќе можат да издржат два тешки натпревари по ред во толку краток период
btw Честито победа денес (со задоцнување), нека ни се множат
 
Евретон масакар не прават во воздушни дуел,арно шо не игра кејхил :)
+ мн брзо некако дојде мечот ке немааат доволен одмор...
Се надевам дека нема да игра Кејхил, а и да игра ќе биде истрошен од купот. И јас ги фатив сега кога играа против Челзи и ич не беа лоши.
Ме плаши тој Фелаини, типот само да не ни повреди уште некој играч....
Очекувам интересен натпревар и нормално победа :olee:

http://www.arsenal.com/news/news-archive/transferwindow :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom