Фан Клуб: Арсенал

Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
Денилсон повреден
Пак ли е некоја мистериозна повреда на играч шо треба да седе на клупа :)
 
derrain

артилерец
Член од
4 февруари 2009
Мислења
364
Поени од реакции
205
Сеск му е потребен на тимов.Не туку се шалабајзерите со бош причи од видот ако не е ден ќе е ноќ.
Дека му е потребен на тимот потребен му е, ама нему не му е потребен тимов, потребна му е Барса, така да ќе си оди, освен ако не живееш во Утопија па мислиш дека нема да замине, најдобрите фудбалски години ќе ги помине во Барса на клупа, бидејќи таму нема да биде Венгер па да го извади најдоброто од него.

Ама Арсенал не е Фабрегас, Арсенал не беше ниту Анри, ниту Пирес и не пропадна кога овие си заминаа, нема да пропадне ни кога Цеск ќе си оди, бидејќи Арсенал е поголем тим и никогаш еден играч не го прави целиот тим.

А кога ќе замине во Барса ќе се убие од седење на клупа, ниеден што заминал не постигнал ништо повеќе од тоа што го постигнал со Арсенал, да Анри освои ЛШ со Барса, но ја освои од клупа и тој како Хлеб сака да се врати, а и Фабрегас ќе сака да се врати ама нема мајчин, Венгер не враќа играчи.

Денилсон повреден
Пак ли е некоја мистериозна повреда на играч шо треба да седе на клупа :)

Или да си замине под итно! :)
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
06-07,Анри се мачеше со повреди и не ја изигра на потребното ниво,а цел тим беше ослонет на него и сите очекуваа тој да ги победува сам тимовите,како што беше години наназад со блескави партии од ништо ќе направеше нешто,па затоа и имавме една очајна сезона.Си замина и сите други играчи го преземаа тој притисок што го имаше врз Анри.Неможе да се прави споредба Цеск и Анри,кога се различен тип на играчи.Анри како што реков,сам ги победуваше тимовите,дали тоа Цеск го прави ? Не,туку тој го подобрува тимот во глобала,со неговите пасови,визија.Со заминувањето на Анри,изгубивме играч кој може сам да реши натпревар,а додека кога не игра Цеск,цел тим игра на едно пониско ниво.
Може да знам зошто би го продале Цеск ? Кои се тие реални околности ? Пола фан клуб беше уверен дека ке си замине летово,ама остана,зошто ? Бидејќи не ни се потребни пари.Цеск на лето ке има уште 4 години од својот договор,кога не ни се потребни пари,зошто би го продале капитенот,а и најдобриот играч ? Јасно е дека Цеск сака да игра за Барса,но не дека несака да игра и во Арсенал(пред некој ден имаше изјава негова дека најмногу посакува да освои трофеи со Арсенал ) и ке остане во Арсенал барем уште најмалце 2 сезони според мене.Која е зрелата опција место Цеск ? Вилшер,Арон ? Немој не ме радуј,најмалце 3 години да стигнат приближно до неговото рамниште,а се разбира тоа ти е знак прашалник дали ке успеат.Заминувањето на Цеск во никој случај нема да биде позитивно,затоа и нема да си замине.:smir:
Не праев споредба мегу тие двата, туку пробав да ја „симулирам“ позицијата во која би се нашле.... А и немој да збораш за инает.. Вилшер и тоа како ке се подобри понатаму, дури можи и уште наредната сезона...

Не знам зошто, но УБЕДЕН СУМ дека Фабрегас ја игра последната сезона за НАС.... Мое мислење///

--- надополнето ---

Дека му е потребен на тимот потребен му е, ама нему не му е потребен тимов, потребна му е Барса, така да ќе си оди, освен ако не живееш во Утопија па мислиш дека нема да замине, најдобрите фудбалски години ќе ги помине во Барса на клупа, бидејќи таму нема да биде Венгер па да го извади најдоброто од него.

Ама Арсенал не е Фабрегас, Арсенал не беше ниту Анри, ниту Пирес и не пропадна кога овие си заминаа, нема да пропадне ни кога Цеск ќе си оди, бидејќи Арсенал е поголем тим и никогаш еден играч не го прави целиот тим.

А кога ќе замине во Барса ќе се убие од седење на клупа, ниеден што заминал не постигнал ништо повеќе од тоа што го постигнал со Арсенал, да Анри освои ЛШ со Барса, но ја освои од клупа и тој како Хлеб сака да се врати, а и Фабрегас ќе сака да се врати ама нема мајчин, Венгер не враќа играчи.

Или да си замине под итно! :)
Браво муце
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Не праев споредба мегу тие двата, туку пробав да ја „симулирам“ позицијата во која би се нашле.... А и немој да збораш за инает.. Вилшер и тоа како ке се подобри понатаму, дури можи и уште наредната сезона...

Не знам зошто, но УБЕДЕН СУМ дека Фабрегас ја игра последната сезона за НАС.... Мое мислење///

Вилшер многу дефанзивно игра и за тоа е добар, секој чест за него но не ја гледам креативноста во нападот, ги нема пасовите што ги има фабрегас.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Вилшер многу дефанзивно игра и за тоа е добар, секој чест за него но не ја гледам креативноста во нападот, ги нема пасовите што ги има фабрегас.
Само заради Фабрегас ја игра таа позиција.. Кога би го немал Цеск (Не дај Боже наскоро) би играл понапред... Претпоставувам, шознам
 
Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.366
Поени од реакции
12.792
Мислев дека Вилшер ке биде како Иниеста...но ке биде како Цеск или Чаби,истат финта ја користи венгер во греадењето на вилшер како со фабрегас..
 
stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
Дека му е потребен на тимот потребен му е, ама нему не му е потребен тимов, потребна му е Барса, така да ќе си оди, освен ако не живееш во Утопија па мислиш дека нема да замине, најдобрите фудбалски години ќе ги помине во Барса на клупа, бидејќи таму нема да биде Венгер па да го извади најдоброто од него.

Ама Арсенал не е Фабрегас, Арсенал не беше ниту Анри, ниту Пирес и не пропадна кога овие си заминаа, нема да пропадне ни кога Цеск ќе си оди, бидејќи Арсенал е поголем тим и никогаш еден играч не го прави целиот тим.

А кога ќе замине во Барса ќе се убие од седење на клупа, ниеден што заминал не постигнал ништо повеќе од тоа што го постигнал со Арсенал, да Анри освои ЛШ со Барса, но ја освои од клупа и тој како Хлеб сака да се врати, а и Фабрегас ќе сака да се врати ама нема мајчин, Венгер не враќа играчи.

Или да си замине под итно! :)
А зошто да му е потребна Барса?
Цеск ако има барем грам мозок треба да размисли дали ќе го пуштат уопште да игра. Или пак Венгер нека зборува да му каже, ако на овој не му текнува.
Тоа е друго ако сака да освои нешто а да грее клупа.
 
stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
http://www.arsenal.com/news/news-archive/free-video-henry-trains-with-arsenal

Еве кој не го видел видеото од анри на тренинг со Арсенал.

Инаку за моабетот помеѓу Цеск и Вилшир, мислам дека сепак не се исти играчи. Ако ги споредуваме Цеск на годините од Вилшир, разликата е што Вилшир е поагресивен и поборбен, а техниката поточно пасовите на страна на Цеск, иако Вилшир можеби има и "полуди" идеи од Цеск за пас. Но сепак доколку замине цеск мислам дека Насри ќе ја превземе неговата позиција, а Вилшир ќе биде втора опција на тоа место. Но сепак тоа мислам дека ќе зависи и од враќањето на Фримпонг. Волкот ќе си оди на неговата позиција десно, а на лево Аршавин ќе остане до крај на договорот мислам, со мала шанса за продолжување, а на неговото место ќе дојде мијачи. Сепак за средината имаме замени за цеск можеби не како него но сепак има. Тука е и Рамзи, ланзбери.... Но сепак моментало Цеск си е "незаменлив" да не речам најдобар на таа позиција и не е лошо да се задржи барем уште еден договор...

За Аршавин мислам дека откако Русија не се пласира на светското гледаме друг играч. Од 3 парти една ќе изигра на "ниво". И сам изјави после неуспехот дека паднал во депресија, но како што ми изгледа сеуште не излегол од неа. И доколку на жена му и е убаво во Лондон тој нема да го напушти, затоа што е папучар....:wink:
 
Член од
6 мај 2008
Мислења
1.836
Поени од реакции
495
Како и да гледате Аршавин е ајле потребен на тимот и има доста добра статистика оваа сезона 32 одиграни натпревари 8 гола и 13 асистенции
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
Nemojte da pravite sporedbi so Vilsir i Fabregas vo momentot zatoa sto nemoze
Momentalno gledano Fabregas e 2 nivoa nad sekoj drug nas srednjak vo odnos na ofanyivniot del od sredinata a najblisku do nego e Nasri...
Vilsir e dobar i ima potencijal ama ke mi izvinite Fabregas ne bese toa sto e sea na 18-19 godini. Ramsi ic ne ocekuvam deka moze da go zameni Fabregas se dodeka ne vidam kako igra posle povredata. Deckoto da ne se povredese ke bese drug muabet ama se dodeka ne zavrsi 10tina natprevari sezonava za Arsenal nemozeme da davame ocenki za nego...

Dokolku Fabregas si ide letovo nie ke ja napravime istata greska sto ja napravivme koga gi pustivme Hleb Flamini i Gilberto i pak ke treba da pravime remont vo sredinata t.e. da kalime nekoj fudbaler da prerasne vo svetska klasa i da ni ja nosi sredinata (Vilsir)...

Iskreno jas sakam barem uste idnata sezona da ostane Fabregas kaj nas bidejki ova leto ocekuvam da ima nekolku novi iminja vo nasiot tim so ogled deka Arsavin e gotov kaj nas, Rosicky isto a po mene visak e i Denilson. Ke vidime sto ke bide kako i da e ako si ide Fabregas ne veruvam deka Vilsir moze odma da go zameni i da se borime za tituli... od ednostavna pricina sto Vilsir ima uste mnogu za ucenje...
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Како и да е, јас не гледам статистики. Ме интересираат, да, ама не ми влијаат ниту малку во мојот став за еден фудбалер. Аршавин не го сакам во прва постава!!!! Бев еден од ретките што го бранеа кога имаше лоши утакмици, ама доколку не се врати во форма за која има толку надеж Венгер, едноставно не го сакам во прва постава. Дури не го сакам ни во тим знаејќи дека ќе му создава главоболки на Венгер при изборот на првиот тим. Доволно имам гледано утакмици, неколку години немам пропуштено утакмица на Арсенал и знам дека е еден од играчите кои што најмалку се трудат. Новата изјава на Graham е баш наменета за Аршавин. Си имал сличен проблем со Жинола во Спарс. Фантастичен талент кој знаел некогаш да реши утакмица, ама со неговата мрзеливост без топка го уништувал целиот концепт на играта, посебно во одбраната. Па кој сака нека игра на лев бек, кога го има Аршавин како лево крило тешко ќе може да се справи со двајца играчи на таа позиција особено против силните екипи. Доколку се врати во форма, а лично не верувам, ќе го сменам мислењето. Засега не е ништо освен добра замена според мене.

И имам нешто приметено оваа сезона. Исто како минатата сезона, кога ни фалеше премногу Фабрегас за да биде многу подобра играта на екипата, сега ни фали Насри. Немојте да ме сфатите сега дека сакам Цеск да си замине, баш напротив сакам тука и кариерата да ја заврши, само сакам да кажам дека Насри ни вреди исто колку и Цеск.
 
1 болд. Истото и јас го гледам. Што дека ќе има добра статистика некој кога пак нема резулатат екипата. Сепак тука се работи за статистика на тим не на поединиец. Исто и јас не го напаѓав во првите лоши изданија, можеби не го бранев али не го ни напаѓав. Али сега како што велиш моментално ако не се врати во негова форма како што би можел само е релативно "добра" замена.

2 болд. И за тоа ако сте приметиле кога игра Насри лево крило јас не сум видел Клиши да прави глупи киксеви кој влијаат на резултатот......
 
Член од
13 август 2010
Мислења
236
Поени од реакции
5
Еве го можниот состав за утре, а богами и овој ни е најдобриот засега
80.jpg
 
Kajgana Shop

На врв Bottom