Друже, да беше Рајкард добар немаше да заврши во Галатасарај. Да беше Липи доволно добар ќе имаше работа во некој италијански клуб, ни неговите веќе не го сакаат.
Проблемот е што треба малку повеќе да се поработи на мотивацијата и да се каже јавно што всушност да очекуваме од Арсенал, бидејќи тоа 3-4 место не е доволно, не одговара на тимот.
Веќе некое време размислувам и се плашам, предимно да си признаам самиот себе, (претпоставувам дека и некои од вас ја имаат истата дилема) а потоа и отворено да кажам дека можеби е време да се пушти Фабрегас во Барселна. Почнува да станува очигледно дека не игра со истиот жар како предходните сезони, посебно сезонава, ако се каже дека летово беше многу блиску до трансфер, неговиот ум не е повеќе во Арсенал, му стана и него јасно зашто седи на клупа за репрезентација, колумнава на Дарен Луис е можеби првото навестување на потребата да се откажеме од Фабрегас, во интерес на напредокот на тимот. За проблемите со дисциплината може и да се очекува такво нешто од голем клуб со толкав фонд на играчи, некој што седи на клупа нормално е да е незадоволен, порано кога беа повеќето повредени здравите беа претежно резервисти кои беа желни да се докажуваат, сега кога тимот е претежно здрав, па и со новите играчи во одбраната, тие се далеку од стартери, а првиот тим нема некоја посебна желба да се бори за статус кога им е сигурен. Можеби ова е причината што порано игравме подобро. Сега можеби и играчите не се поднесуваат меѓусебе затоашто немаат повеќе вистински лидер во тимот, Фабрегас е на друго место со паметот, Ван Перси е во болница повеќето време, голманите ни се катрастрофа а и никој од другите играчи нема доволно силен карактер и конзистентност во играта за да ја преземе капитенската лента.
Повеќе незнам што да правме, менаџерот ги крие овие работи (што претпоставувам и би требало) а ние незнаеме што прави за да ги спречи, проблемот е и кај него и кај играчите што направија да мислиме дека немаат желба за натпреварување. Таа супериорна генерација на Арсенал што ќе ја владее Англија и Европа веќе предолго ја чекаме и нешто мора да се менува веднаш.
Не е ништо изгубено, сеуште, главните конкуренти се покатастрофа и од нас, можеме да ги стигнеме, можеме да ги поминеме, само Венгер треба да ги седне играчите и да се разберат сите заедно, кој сака да игра, кој сака трофеи, кој сака да си оди итн. и да ги консолидира и да тргнеме во напад на Титулата поново, посигурни, посилни и позрели.