Вонреден технички преглед...шерифување на полицијата!

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
ај не претерувајте сега и вие.. колку трае еден технички нецели 3 минути !!! за 3 минути да не закасниш некаде да не нема да те примат на колоквиум и слично?
3 минути ако си во објектот за технички преглед.
Десетина минути до најблиската станица, толку за назад и уште десетина минути убедување со нив на технички... минимум 30тина минути.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Секаде во Европа е така, полиција може да те однесе на вонреден технички преглед, може да провери гуми (ако се стари следи казна, море еден другар го казнија зошто имал 2 различни големини на гуми во Италија, ама тоа е друга приказна :) ).

Камион можат исто така да го однесат на мерење за тежина да видат дали се согласува со пишаната за турата...

Не е само кај нас, така е секаде во развиените земји. Море, построго е. Многу построго. Кај нас уште е рашибозук. Знаете дека професионалните шофери во Европа имаат уреди кои дигитално го следат секое возење брзина и одмор...И мора да се чуваат до 1 година и подложни се за проверка, ако има мало движење со зголемена брзина или непрописно направен одмор следи казна.

Реално кај нас дотраените возила (лади, фиќовци и слично) се одамна дотраени и огромен дел од нив претставуваат опасност на патиштата. Не можам да кажам дека сум против вакви акции кога се за безбедност во сообраќајот.
Грешка си друже.
Еве на пример во Англија те застануваат и ако приметат дека возилото не ти е исправно (на пр. имаш џумка на гумата,ти изгорел фар или штоп) ти викаат не смееш да го возиш возилото викни си влечна служба - правец сервис.Исто и ако те однесат на технички ако проценат дека не смееш да го возиш возилото - влечна служба и на мајстор.Ова само кај нас го има незнам можда и во ИРАН.Еве зашто законот е апсурден:
Возам накај работа околу 14:30 ме застануваат џандари не ми работел едниот фар.Предходната вечер возев (нормално со светла) и све беше ок.Другиов ден влагам во кола палам кола па палам светла.Како да приметам дека не ми работи фар преку ден?Уствари можеби изгорел по пат накај работа.И полиција СТОП - неисправен систем за осветлување - казна 300 евра??? LOL .Му викам аман бе мајсторе фарот по пат сега ми игорел еве имам сијалица одма ќе ја сменам.Вика од кај да знам може една недела ти е изгорена.Телефонот - врски ваму таму добро ме пушти ама што еве утре може пак ќе ми се деси.И што треба да платам 300 евра зошто во секој момент може да изгори фарот.А дека стариве возила биле опасност на патиштата треба да провериш статистики на сообраќајки во МК да видиш само колку грешиш.Во 90% од случаевите виновниците се со нови коли.Овој закон како и многу други е направен за да се полни буџетот додека народот го дотераа до просјачки стап.
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
ајде бе кој ке искочимне ајде собери 100 души шо ке искочат ке имаш преголем успех !!!

П.С овој закон е од дамна донесен и го спроведуваат постојано.. мене ме сопреа пред влез на свети николе и ме натераа технички да праам и тоа со стокец бев среќа шо се си беше исправно.

ја лично го одобрувам законов али 300 евра за ситници и слично ептен е глупост..
верувајте луѓе има секакви будали кај македонскиве возачи.. искачаат на пат без гориво без или со слаби кочници со голема луфта на волан и такви слични работи што можат да предизвикаат стварно некоја незгода..

П.С знаете ли дека во германија полицијата има право да ве запре и ако влабнатината на гумите ви помалце од 2,5мм да ве исклучи од сообраќај башка казна да платите..
Остај ти Европа , европа се изживува на тој начин врз луѓето за да ги држи под контрола. Ние немаме таков сообраќај ниту толку длабок џеб. Законите кога се донесуваат се зема во предвид и економијата и населението .

Туку да отворам тема да зберуваме?

Кој е за ?
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Toa e muabetot ova e samo eden golem grabez, punenje na budzet za pajo patorot da se vozi u audi a8. Mislam deka sekoja merka ja pominaa
 
Член од
24 јули 2010
Мислења
212
Поени од реакции
12
Според мене овде не станува збор за -шерифување на полицијата туку за слаба немоќна држава за да ги згрижи и обезбеди своите граѓани.

Ако ние државата јака и имаме просечна плата од 1000 евра секој возач редовно по одредена помината километража ќе ги заменува гуртните на своето возило независно на марката и годините на возилото ,не поради големите казни туку заради сопствена безбедност.
Но кај нас самите возачи за да заштедат некој денар ги заменуваат гуртните тогаш кога ќе се чуе звук на стружење на железо со железо при притискање на кочница , притоа не се свесни дека си го загрозуват својот живот а камоли дека стануват потенцијални добитници на казна од 300 евра ако бидат сопрени од сообраќајната полиција и проверени на технички преглед.




--- надополнето ---

Грешка си друже.
Еве на пример во Англија те застануваат и ако приметат дека возилото не ти е исправно (на пр. имаш џумка на гумата,ти изгорел фар или штоп) ти викаат не смееш да го возиш возилото викни си влечна служба - правец сервис.Исто и ако те однесат на технички ако проценат дека не смееш да го возиш возилото - влечна служба и на мајстор.Ова само кај нас го има незнам можда и во ИРАН.Еве зашто законот е апсурден:
.
Друже не напиша колку ќе те кошта влечната служба .Во европа сигурно 300-400 евра

--- надополнето ---

Грешка си друже.
Еве на пример во Англија те застануваат и ако приметат дека возилото не ти е исправно (на пр. имаш џумка на гумата,ти изгорел фар или штоп) ти викаат не смееш да го возиш возилото викни си влечна служба - правец сервис.Исто и ако те однесат на технички ако проценат дека не смееш да го возиш возилото - влечна служба и на мајстор.Ова само кај нас го има незнам можда и во ИРАН.Еве зашто законот е апсурден:
.
Друже не напиша колку ќе те кошта влечната служба .Во европа сигурно 300-400 евра
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Љубовта и грижата на власта кон сопствените робови чини...многу пари...

 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Нека ме однесат... ако не ми е исправна колата ќе платам 300 евра казна. Ама ако ми е 100% исправна, ќе ми платат 300 евра за денгубата и трошокот за гориво?
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Нека ме однесат... ако не ми е исправна колата ќе платам 300 евра казна. Ама ако ми е 100% исправна, ќе ми платат 300 евра за денгубата и трошокот за гориво?
Аха..биди поздравен :smir:
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
1.272
Поени од реакции
229
ајде бе кој ке искочимне ајде собери 100 души шо ке искочат ке имаш преголем успех !!!
Епа ја баш за тоа правам муабет. Се буниме, се силиме, а уствари ништо не правиме. Глупа нација, јебеш га.
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Нека ме однесат... ако не ми е исправна колата ќе платам 300 евра казна. Ама ако ми е 100% исправна, ќе ми платат 300 евра за денгубата и трошокот за гориво?
Баце глеј да не те фатат..од коа ќе те фатат рачунај вака или онака ти си у загуба...
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Баце глеј да не те фатат..од коа ќе те фатат рачунај вака или онака ти си у загуба...
Абе кога дошла до таму работата... јас тргам од Скопје за Битола (или од точка А до точка Б) со некаква цел и некаков план на движење кој ми е зацртан. Ако некој курајбер сака да ми ги наруши плановите оти денес станал на лева нога, му се запирале црвени коли (јас таква имам) и сака да ме носи на технички без никаква причина, а возилото ми е исправно, тогаш братче треба да си надокнади... мене времето ми е скапоцено за разлика од него шо кур го боли, на први платата доаѓа вака или онака, наместо да се возам по технички прегледи ќе си завршам работата за која сум тргнал. Па ако сум во право, штетата да ми ја надомести... ако сум неисправен, нека ме казни.
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Епа ја баш за тоа правам муабет. Се буниме, се силиме, а уствари ништо не правиме. Глупа нација, јебеш га.
А јас викам тема да отвориме па да видиме може? читаат околу 2000 луѓе на ден ...

--- надополнето ---

Епа ја баш за тоа правам муабет. Се буниме, се силиме, а уствари ништо не правиме. Глупа нација, јебеш га.
А јас викам тема да отвориме па да видиме може? читаат околу 2000 луѓе на ден ...
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Не знам дали сте запознаени, но македонската (и тоа ова го потенцирам македонска) полиција има право да ве застане на пат и да ве однесе на технички преглед. Доколку на технички преглед возилото не помине за најмал детал се плаќа 300 еур казна!

Доколку е возилото на компанија 300 еур за возачот, 500 евра за шефот на транспорт и 2000 евра за компанијата!

Ова правило го има само во Македонија.

Зошто не е логично?

Доколку јас тргнам на пат од Скопје, возилото потполно ми е исправно, кога би стигнал до Охрид може некој елемент на возилото да се расипи (да речеме да не кочи задното лево тркало). Задните тркала немаат некое големо значење во кочењето (не колку предните тркала), па така не се од круцијално значење за безбедноста.

Ако полицијата на технички открие дека не ви работи кочницата на задното тркало плаќате 300 евра казна без пардон.

Цел на полицијата: Старите возила и стари камиони (пред се Застава, Лада,...).
прво и основно овој закон гоима и во европа. не е смислен од нашиве, немаат они толкава психо меморија. они се способни и имаат доволно бендвит само да копираат вакви закони кои се наменети за штанцање пари. само во европа, да речеме германија, техничкиот преглед не е во техничка станица туку буквално на автопат стои шлепер кој е подвична техничка станица...

ме сега... овој закон и не е воопшто нов кај нас. јас кога возев такси пред околу 15 години постоеше. како и тогаш, така и сега, тој закон е првично наменет за да се делкаат таксистите со неисправни и стари коли. јас незнам за некој што го зауставиле и го однеле на вонреден технички а е цивилна кола, поготово набројаните, лада, застава фичко бла бла бла... тогаш во тоа време а и сега во ова време доага пандур на таски станица, собира сообракајните од сите и кажува во која станица да се иде на преглед... така правеа пред 15 години така прават сеуште... и ако на таксиста му најдат нешто неисправно тогаш тој и си заслужува да биде казнет со 300 евра... за плинот не дискутирам, нон сенс е да возиш без атест нели?
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
1) Во Европа (од прва рака знаам) не ти пишуваат казна! Во Германија те застануваат. Проверуваат. Ако не ти е исправна, те праќаат на сервис ADAC. Се знае, поправката си ја плаќаш ти.
Истото важи и за други земји. Барем за повеќето за кои важат исти европски закони.

2) Кај нас Застави/Лади и на нив се силат да пишуваат 300 евра казна! Мислам, пола кола казна? И што кога ќе отвори багажник, а...еве плин имаш...500 евра казна. 800 еееј!
Некој ќе рече, па не е фер за тој што платил нов систем и а-тест. Да ама тој нема да купи кола од 300 евра и да стави систем од 300 евра нели?!

3) Груевски некни излегува на ТВ и као демек се правда за високите казни. Народот се бунел зошто имало високи казни. Демек ко немало се бунеле зошто немало, а сеа кога имало зошто имало.

Тоа е точно дека треба високи казни, ама не за народот кој едвај врзува ден за ден. Социјална држава, ти да плаќаш 300 евра казна зошто не ми работела како што треба задната гуртна, или зошто левиот амортизер не ми бил како што треба, а возиш 101/Југо/Фиќо....па треба да се ненормални некој дека ќе им плати казна.

Или поубаво, во НИТУ една ЕУ земја не се плаќа 3000 евра казна, зошто фарот не работел или зошто гуртната не фаќала. највисока казна е во В.Британија за возење под дејство на алкохол (7000 фунти), што треба да биди и повеќе според мене. Другите казни се од 50 до 500 фунти. Тие земаат 2000-3000 фунти плата.

Се надевам дека некои од партиските војничиња и џандарчиња го читаат ова. А, од каде знаеме, можда и Груевски?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Абе ако прајме муабет за такси возилата, тогаш е друга прикаска... бидејќи секаде во светот има ригорозни норми за возилата што се користат како такси. Да имаат клима, АБС, воздушни перници, тинтири минтири... не овде кај нас клале табла такси на ПеЗе или Лада кое е мистерија како стои на сите тркала бидејќи изгубило 50% од тежината од корозија и се дерат ко ненормални ајде по 15 болница... уште две места... (бар така е во битола).

Се надевам дека некои од партиските војничиња и џандарчиња го читаат ова. А, од каде знаеме, можда и Груевски?
Не го гибај, зафатен е со разумниот компромис бла бла бла бла бла....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom