43 е мајку и шајку се по ред... видов и јас.... ок... алтернативите се тука, на унион гас сеуште е 36,5 за литар, пред некој саат наполнив, незнам за железара како е и која цена е, ама знам дека они во принцип поскапуваат кога ке ја потрошат залихата што ја имаат во цистерните а цистерните им се 3 комада по 20 тона... па користи народ и таксистиве нај више... како и да е има поевтино и од макпетрол, макоил и лукоил.
баш седнав прееска и ги правев математиките. со бензин и плин. ми излага дека ако возам на плин со сегашнава цена од 43 денари ми излага дека ми требаат 688 денари за 100 километри, наспроти 828 денари за бензин за иста километража. тоа значи плус-минус околу 150 денари разлика. за мене тоа е разлика во секои 2 дена. значи пак месечно тоа е околу 30-35 евра на месечно ниво. што и не е за фрлање. мегутоа таа кола се вози доста и затоа ја има таа разлика...
ајде да израчунаме за некој кој секојдневно вози да речеме 15 километри во просек, ако се израчуна идење и враќање од работа плус викенди шетање бла бла, да речеме 20 километри на ден. ако е тоа автомобил кој троши 8 литри бензин на градска, значи би трошел 9-10 литри плин. на градска вожња потрошњата на бензин би била 552 денари, а на плин би било 430 денари. значи разлика од 122 денари ако вози на плин од големите компании или минус 5 денари во просек ако точи на помалите компании тоа би било 380 денари значи разлика од точни 172 денари на секои 5 дена. односно околу 1000 денари месечно. и тоа не е за фрлање. плус додади дека возењето на плин го продолжува векот на траење на моторот, и тука ке добиеш позитивна математика, а и еколошко е возењето на плин.
се у свему сепак е исплатливо да се вози на плин... сеуште... а незнам за каков данок станува збор, ама ако нешто драстично се качи цената на плинот, тогаш ке се приближат разликите и тогаш ке остане само моментот дека си екологист и моторот ке ти трае подолго. тоа е тоа... сега за сега е и исплатливо да се вози на плин, со тоа што разликата од 40% заштеда падна на 25% заштеда.
бреееееееј.. ме бива за математики а